Контакт

Македонија

Пендаровски на средба со Ердоган во Турција

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Турција по повод учеството на самитот на претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Анталија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот ќе има средба и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.

В петок, 18 јуни, претседателот Пендаровски ќе учествува на дипломатскиот форум во Анталија, кој се одржува првпат со мотото: „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“. На форумот претседателот Пендаровски ќе говори на претседателската панел-дискусија на тема: „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во пресрет на научените лекции“.

В сабота, 19 јуни, Пендаровски во Истанбул ќе оствари средба со неговата сесветост Вартоломеј, архиепископ цариградски – нов Рим и вселенски патријарх.

Македонија

31 проценти од населението над 18 години во државата примило прва доза на вакцина

Објавено пред

Заклучно со 1 август, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 31% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 50 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 50,6%, кај лицата над 60 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 61,2%, додека кај лицата над 70 години изнесува 64,9%.

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани, по главниот град Скопје – 159.514, има во Битола – 35.067 со примена прва доза и во Тетово вкупно 31.007 граѓани. Куманово, Прилеп и Охрид имаат помеѓу 20.000-25.000 вакцинирани граѓани со прва доза, а помеѓу 15.000-20.000 граѓани се вакцинирани досега во градовите Велес, Кавадарци, Струмица, Гостивар и Штип, додека пак во Кочани и Струга вакцинирани се нешто повеќе од 10.000 граѓани. Во Демир Хисар, Кичево, Ресен, Неготино, Св. Николе, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, К.Паланка, Кратово, Дебар, Крушево, М.Брод, Валандово, Пробиштип и Радовиш вакцинирани се под 10.000 граѓани во секој од градовите, соопшти Министерството за здравство.

Од оваа институција нагласуваат дека вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава.

Посочуваат дека во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место и населба.

„Процесот на вакцинација со домашна посета се одвива непречено и навремено според заинтересираноста на граѓаните за оваа услуга. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите кои сакаат да се вакцинираат. Апелираме на што поголема заинтересираност и во периодот што следува. Вакцинацијата е единствен начин да го победиме вирусот и да спречиме понатамошно ширење на истиот во есенските денови, односно во деновите во кои во светски рамки е прогнозиран иден нов бран на делта сојот“, потенцираат од министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жителите на Кочани кои побараа лекарска помош се пуштени дома

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот, се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома.

„Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија. Во пожарот нема поврдени со изгореници“ велат од министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Објавено пред

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина на селото Тркање од рано изутринава сѐ уште се забележува чад од огнот што зафати шумски појас и нискостеблеста вегетација во пречник од десетина километри.

„По обиколката што утрово ја направивме на локациите што беа зафатени со пожарот околу Кочани и Тркање констатиравме дека нема опасност од негово повторно ширење, но на терен и понатаму ќе останат противпожарните единици за да ја контролираат ситуацијата. Сега приоритет ќе дадеме на гаснењето на огнената стихија во атарот на планинските села Костин Дол и Новоселани, каде гори дабова и букова шума на неколку десетици хектари. Без воздушна поддршка таму е невозможно да се интервенира, поради што на терен веќе излегоа хеликоптерите на Армијата. Сакам да упатам благодарност до сите граѓани, особено младите од Кочани, кои синоќа беа солидарни и масовно помогнаа да се спречи катастрофа околу градот, изјави градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Околу 500 припадници на противпожарните единици од повеќе градови во државата, од Армијата и месно население ноќеска учествуваа во гаснењето на пожарот. Кочанчани синоќа очајно се бореа со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите од теренот десетина граѓани побарале помош, откако вдишале чад додека се обидувале да ги спасат куќите и земјоделската механизација.

Според најавите од надлежните во текот на денот ќе почне увидот на состојбата со куќите и другите објекти што беа зафатени од пожарот кај Кочани, за да може општинската комисија за проценка на штетите да изготви записник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Жителите на Кочани кои побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување на чад, како последица...

Свет2 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа2 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Околу 28 проценти од Европејците не можат да си дозволат една седмица одмор надвор од нивното место на живеење, а...

Македонија3 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија3 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија12 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија13 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија13 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија15 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија15 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт18 часа

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија20 часа

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ22 часа

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет23 часа

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Свет1 ден

(Видео) Еден починат и 600 уапсени на протестот во Берлин против корона-мерките

Полицијата во Берлин објави дека 49-годишен маж починал откако полицијата го уапсила за време на протестот против мерките во борбата...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес е почувствуван вечерва во Скопје. „Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути,...

Спорт2 дена

Надал: Ѓоковиќ може до гренд слемот оваа година

Рафаел Надал се подготвува за својот прв настап на Сити опен во Вашингтон, каде што ќе стави крај на подолгата...

Македонија2 дена

Заев: Очекувам на „Отворен Балкан“ наскоро да се приклучат и Приштина, Сараево и Подгорица

Балканот повеќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан” создава многу можности за подобар...

Досие