Контакт

Македонија

Пендаровски-Помпео: Продлабочување на стратешкото партнерство со САД

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Пендаровски рече дека посетата на Помпео, во исклучително важен период за нашата земја, е потврда за пријателството меѓу САД и Северна Македонија, засновано на заедничките вредности за мир, слобода и демократија.

„САД е нашиот стратешки партнер уште од нашата независност, а американската поддршка беше клучна во одбранбените реформи и трансформацијата на нашата Армија со цел исполнување на критериумите за членство во НАТО. Преку програмите за развој САД ни помогнаа во зајакнувањето на институциите, владеењето на правото, реформите на судството, зајакнувањето на граѓанскиот сектор и медиумите, како и поддршка на поволна бизнис-клима за трговска размена меѓу двете земји“, истакна претседателот.

Тој се заблагодари за постојаната поддршка од САД и во периодите кога земјата ги решаваше тешките прашања за внатрешната стабилност, како и постигнувањето компромис за деценискиот спор за прашањето за името, во духот на добрососедството и регионалната соработка.

„Северна Македонија ќе продолжи со тесната соработка со САД. Сметам дека е неопходна зголемена американска поддршка во претстојниот период во кој Северна Македонија треба да стане 30-та членка на НАТО и да ги почне пристапните преговори за членство во Европската Унија“, рече претседателот Пендаровски.

Секретарот Помпео се заблагодари за топлото добредојде во Северна Македонија, која ја посетува во рамките на посетата на Италија, Црна Гора и Грција. Тој потврди дека американската поддршка во продлабочувањето на пријателството меѓу двете земји ќе продолжи и во иднина, што е значајно не само за Република Северна Македонија туку и за стабилноста и безбедноста на целиот регион.

Македонија

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Објавено пред

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен без измени на 9 октомври од страна на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили, по извештајот на сенаторката, Жоел Гаријо Мајлам.

Останува договорот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање, по што тој дефинитивно ќе биде ратификуван од Франција.

Досега 24 земји-членки целосно го завршија процесот на ратификација. Вчера тоа го сторија Италија и Велика Британија.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз со писмо до Макрон: Со добивање датум сите реформски процеси ќе се одвиваат со многу поголем оптимизам

Објавено пред

Демократскиот сојуз во отворено писмо до францускиот претседател Емануел Макрон порача дека македонскиот народ и сите граѓани во изминатите 30 години направија многу компромиси и отстапки на патот кон ЕУ.

„Се откажавме од многу вредности и идентитетски прашања, ги менуваме уставот, знамето и, на крајот, името на државата, со надеж дека тие се пречки на нашиот пат кон ЕУ. Европерспективите се движечката сила на реформите и имплементацијата на преку 400 закони усогласени со евростандардите.

Постои граѓански и политички консензус за прифаќање на европските демократски вредности.

Свесни сме дека имаме уште многу работа на планот на реформите за достигнување на европските стандарди. Искрено се надеваме дека со добивање датум за почеток на преговорите, сите реформски процеси ќе се одвиваат со многу поголем оптимизам и позитивна енергија. Ќе се влијае на внатрешната и пошироката стабилност, за младите ќе се отворат нови перспективи во нашата држава и ќе се подобри економската ситуација.

Поради овие, како и поради илјада други причини, дајте ѝ шанса на Македонија да се движи напред. Се работи за преговарачки процес кој долго трае и во кој сме подготвени да ја оствариме крајната цел.

Вашиот позитивен став ќе има огромно влијание во Македонија и ќе остане врежан во колективната свест на граѓаните на Македонија.

Искрена благодарност!“ стои во писмото до Макрон.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Објавено пред

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени и девојчиња од сиромашни семејства. Наташа Дуковска од невладината организација „Новинари за човекови права“, која ја организираше акцијата, ја повика бизнис-заедницата да помогне со тоа што секој месец ќе одвојува 1% од својот профит за хигиенски влошки за социјално загрозените девојчиња чии родители не можат да си дозволат да им купат средства за менструална хигиена.

„Загрижувачки е фактот дека овие жени и девојчиња наместо влошки, користат стари весници или стари крпи. Не можеме да си дозволиме во 21 век да постои ваква појава. Преку денешната акција и преку проектот сакаме да ја подигнеме свеста не само кај граѓаните туку и кај бизнисмените да донираат не во пари, туку во хигиенски влошки за социјално загрозените жени. Идејата е овој проект да биде одржлив и секој месец  до 2023 да им се донираат пакети на девојчињата кои се во образовниот процес, да го поминат менструалниот период достоинствено и без проблеми“, рече Дуковска.

 

Според истражувањата на оваа организација, дури 90% од девојчињата од руралните средини за време на менструалниот период не одат на училиште, затоа што немаат средства за одржување хигиена.

 

„Едукацијата е иднината на сите наши деца и не би требало во 21 век девојчињата да отсуствуваат од училиште поради хигиенски потреби. Среќни сме што сме дел од овој проект кој ќе помогне децата да не се срамат и достоинствено да одат во училиште“, рече амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, која даде поддршка за проектот за едукација и донација на средства за менструална хигиена.

 

Акцијата, како што вели кординаторката на проектот, Наташа Дуковска, следи по истражувањето кое покажало дека 15% од 400 илјади жени во репродуктивниот период немаат пари да си купат влошки.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет39 минути

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион2 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија2 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија4 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија4 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ5 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија5 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ6 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија6 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа6 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија7 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа8 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион9 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет9 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа10 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија20 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија22 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија24 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа1 ден

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Досие