Контакт

Македонија

(Видео) Пендаровски: Разочаран сум од Катица Јанева

Објавено пред

,,Од она што досега го слушнавме за Катица Јанева, како човек, разорачан сум”, изјави претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата за случајот „Рекет“.

Тој рече дека со Боки 13 се сретнал двапати – на интервју во 1ТВ и претходно во 2015 година на протестите на СДСМ.

Пендаровски побара ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“,  со почитување на пресумпцијата на невиност.На денешната прес-конференција Пендаровски рече дека е разочаран од она што го слуша и повика на брза и темелна истрага.

 

 

 

Македонија

„Праскијада“ во Градски парк со цел да се обезбедат 20.000 оброци за гладните

Објавено пред

Во Градскиот парк во Скопје на 31. август (сабота) со почеток во 10 часот, платформата за донација на вишок храна „Сите сити“ ќе ја организира првата хуманитарна „Праскијада 2019“, настан чија цел е да се обезбедат 20.000 оброци за социјално загрозените граѓани.

Организаторите велат дека ова ќе биде прв ваков настан и се надеваат дека истиот ќе прерасне во традиција.

„На настанот преку музика, забава за најмладите и добра храна ќе се собираат средства. Угостителските објекти ќе подготват џемови, торти, салати, сокови, во кои главна состојка ќе биде праската. Секој од посетителите ќе може да купи нешто и на тој начин да придонесе за собирање на потребните средства, а за возврат секој од нив ќе добие картичка за благодарност за направеното хумано дело“, објаснуваат од „Сите сити“.

Од таму истакнуваат дека во 2018 година започнале да го развиваат системот кој ја спасува добрата храна, па наместо истата да се фрла, се пренасочува кон оние на кои им е најпотребна.

„Големи количини на квалитетна храна со возило се презема од различни бизниси и се носи во центри за бездомници, народни кујни, и слично. Ова го правиме во соработка со повеќе од 20 големи компании од индустријата за храна и над 30 партнерски граѓански организации“, се наведува во соопштението.

Целта на организацијата е да се намали бројот на гладни граѓани, кои не може да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, а добрата храна да не се фрла залудно.

Настанот на 31. август ќе се организира со поддршка на проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алтернативата за „Рекет“: Да не дозволиме од успешна приказна да се претвориме во септичка јама

Објавено пред

„Очекуваме да се изнајде некој во оваа држава кој ќе има државна свест и совест и кој ќе посакува Северна Македонија да не се претвори од успешна приказна, која се одвиваше овие две години, во септичка јама, во која ќе цутат организираниот криминал и корупцијата“. Ваков е ставот на политичката партија Алтернатива на Африм Гаши, од каде што денеска се осврнаа на случувањата со аферата „Рекет“.

Независно од нивната моментна политичка позиција, нагласуваат од Алтернативата, тие остануваат на ставот дека селективната правда е уривање на државата.

„Почитувајќи ја пресумцијата на невиност, не си даваме право да присвоиме улога на судија, но затоа го повикуваме Основното јавно обвинителство за случајот ‘Рекет’ да има најголема посветеност и притоа никој да не биде амнестиран, кој и да е тој и каква и да има функција. Криминалците и рекетарите имаат само еден заеднички идентитет на криминал и рекет“, нагласуваат од партијата на Гаши.

Алтернативата ја потврди поддршката за Законот за Јавното обвинителство, со што се предвидува и СЈО да стане дел од Основното јавно обвинителство и нагласи дека остануваат на ставот оти со новото Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција треба да раководи Албанец.

Прикажи повеќе...

Македонија

За изземање на Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“ ќе одлучува Јанева

Објавено пред

Судијката Марија Клетничка даде нова пауза до 14 часот, во која шефицата на СЈО, во оставка, Катица Јанева, треба да одлучи дали ќе ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во предметот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал.

Предлогот на адвокатот на Исмет Гури, Еленко Миланов, за изземање и на шефицата на СЈО, Катица Јанева, судијката го отфрли како неоснован.

Предлозите за изземање на обвинителите до судот утрово ги поднесе Миланов по што беше дадена пауза.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ – Ејуп Аљими и Исмет Гури, заменик-директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, Аљими и Гури влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.

Предметот е пред завршни зборови и пресуда.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

За изземање на Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“ ќе одлучува Јанева

Судијката Марија Клетничка даде нова пауза до 14 часот, во која шефицата на СЈО, во оставка, Катица Јанева, треба да...

Македонија3 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ3 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија3 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Свет4 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија4 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа4 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет5 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија16 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет17 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет18 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија18 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет19 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт21 час

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Досие