Контакт

Македонија

Пендаровски: Руската агресија врз Украина ја загрозува и самата Европа

Објавено пред

„Употреба на Вооружените сили во справувањето со најновите предизвици во национален и регионален контекст (најдобри практики)“, е главната тема на Петнаесеттата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји, која денес се одржува во Охрид.

dobivaj vesti na viber

По отворањето на Конференцијата од страна на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како домаќин на конференцијата свое обраќање имаше претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски и заменикот на министерот за одбрана, Башким Хасани.

Пендаровски во своето обраќање пред началниците на Генералштабовите истакна: „Вие самите најдобро знаете дека руската агресија врз Украина ја загрозува посредно и непосредно и самата Европа. Руската инвазија предизвика и енергетска криза, висока инфлација, прехранбена криза и забавување на пост-пандемиското опоравување на националните економии. Уверен сум, дека Балканот во Европската Унија ќе ја направи и Европа, постабилна и посигурна, а НАТО и ЕУ се двата гаранти за безбедна и просперитетна иднина на континентот.“

Заменикот на министерот за одбрана, Хасани обраќајќи се пред присутните истакна дека Конференцијата покажува дека интересот на сите балкански земји е еден, а тоа е зачувување на безбедноста и мирот и создавање на еден силен и развиен Регион, пример за соработка. „Сите ние имаме една цел, да им овозможиме на генерациите што доаѓаат стабилна и безбедна иднина, иднина која ќе ја создаваат и тие на овие простори. Тоа можеме и мораме да го направиме, затоа што овој Регион има што да понуди.“ кажа Хасани.

Генералот Ѓурчиновски ги истакна важноста и придобивките од досегашните донесени одлуки кои сите овие години се од големо значење и придонесуваа за се поуспешна меѓусебна соработка, што на крајот резултира со подобра безбедносна средина за сите земји во регионот. Затоа оваа иницијатива е од големо значење и за Република Северна Македонија.

„ Ветивме дека ќе соработуваме во развојот на воените односи за да ја подобриме и унапредиме воената соработка во регионот на сите нивоа и да придонесеме за соодветен одговор на потенцијалните асиметрични и хибридни закани.“, истакна генералот Ѓурчиновски во воведното излагање.

На Конференцијата, покрај разгледување на главната тема во тек се разговори за зајакнување на начините на воената соработка на балканските држави, како и начините на спротивставување на сите безбедносни предизвици, ризици и закани во регионот. Ова првенствено е поврзано со реализација на заеднички видови обука, како и со проценка на асиметрични закани на Балканот.

Началниците на Генералштабовите на балканските земји на крајот од Конференцијата ќе потпишат заедничка изјава со која ќе биде потврдена цврстата заложба за проширување и зајакнување на воената соработка.

Фокусот на Петнаесеттата конференција е насочен кон зајакнување на воената соработка на балканските држави, преку изнаоѓање начини на спротивставување на сите безбедносни предизвици, ризици и закани во регионот, како и продолжување на започнатите процеси за взаемно справување со современите безбедносни предизвици, иницирани на претходните конференции.

Повеќето активности кои ги иницира Конференцијата се состојат од обука и едукација, со кои се достигнува потребното ниво на интероперабилност, што овозможува заеднички активности во различни ситуации. Ова првенствено е поврзано со реализација на заеднички вежбовни активности, како и со проценка на асиметрични закани на Балканот.

На Конференцијата, покрај началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски како домаќин, учествуваа и НГШ на ВС на Босна и Херцеговина генерал-полковник Сенад Машович, НГШ на ВС на Бугарија, адмирал Емил Ефтимов, НГШ на Националната одбрана на Грција, генерал Костантинос Флорос, НГШ на ВС на Романија, генерал Даниел Петреску, НГШ на Војската на Србија, генерал Милан Мојсилович, НГШ на ВС на Турција, генерал Јашар Ѓулер, ЗНГШ на Војската на Црна Гора, полковник Радуловиќ и претставник од Вооружените сили (ВС) на Албанија

Како набљудувачи на Конференцијата присуствуваат и НГШ на ВС на Хрватска, адмирал Роберт Храњ, како и претставници од: Воениот комитет на ЕУ, генерал-мајор Јохан Френк, Врховната команда на Сојузничките сили во Европа генерал-потполковник Брајс Хјудит, Здружената команда на НАТО од Неапол и од Командата на Армијата на САД за Европа и Африка, генерал-потполковник, Џон Колашевски.

Форумот на началниците на балканските земји има девет членки (Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора). Основан е со иницијатива на Грција и Турција во 2006 година, која официјално е воспоставена со од страна на началниците на Генералштабовите на балканските земји на 10 мај 2007 година во Брисел.

Конференцијата на началниците на Генералштабовите на балканските земји се реализира еднаш годишно по принцип на ротација, а досега се одржани четиринаесет конференции.

Македонија

МВР: Kривична пријава против лицето што фрлаше со „молотови коктели“

Објавено пред

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Ј.С.(18), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

„Имено, на 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Ј.С. започнал да подготвува молотови коктели и да фрла со нив кон полициските службеници и објектот на Собранието на РСМ.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, Ј.С. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него во координација со ОЈО Скопје и лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка“, информираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Францускиот предлог стигна во Собранието, седница не е планирана за вечерва

Објавено пред

Владата до Собранието ја достави информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од страна на претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Од Собранието информираат дека во согласност со процедурите материјалот ќе се достави до пратениците и за понатамошно постапување, соодветно и навремено јавноста ќе биде информирана.

„Имајќи ги предвид шпекулациите, ве информираме дека за вечерва не е планирана седница. Во моментот кога претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информирани“, велат од Собранието.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Приведен демонстрант кој повреди полицаец

Објавено пред

Приведен е демонстрант кој повредил полицаец за време на вчерашниот протест и против него поднесена кривична пријава, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

„Денеска (7.7.2022), од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишен е од слобода Г. К. (22) од Скопје. Имено, на 6.7.2022, околу 20.35 часот, за време на одржувањето јавен собир на граѓани, организиран преку социјалните мрежи, Г. К. почнал да фрла со тврди предмети кон полициските службеници што вршеле службени дејства за обезбедување на собирот нанесувајќи му повреда на еден од нив.

Во координација со ОЈО Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело по член 385 од Кривичниот законик и лицето е изведено пред судија на претходна постапка“, велат од полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Францускиот предлог стигна во Собранието, седница не е планирана за вечерва

Владата до Собранието ја достави информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија,...

Македонија2 часа

(Интервју) Марјан Ѓорчев: Францускиот предлог нè фрла во амбис и води кон сeриозни проблеми

Македонија е внедрена во погрешна рамка закачена на погрешен ѕид, тој ѕид нè оддалечува од европската перспектива и не се...

Македонија4 часа

Ковачевски: Најостро го осудувам насилството на протестите

Премиерот Димитар Ковачевски на „Фејсбук“ остро ги осуди немилите настани на вчерашните протести, апелирајќи до граѓаните да го изразат својот...

Свет5 часа

(Видео) Борис Џонсон поднесе оставка

Премиерот Борис Џонсон ѝ се обрати на британската јавност и ја разреши дилемата дали поднесува оставка или не. Пред Даунинг...

Економија5 часа

Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е...

Македонија5 часа

Макрон: Се отвора историска можност, изборот е ваш

„Повторно Северна Македонија се наоѓа пред клучен момент од својата историја. Седумнаесет години по добивањето кандидатски статус, штотуку се отвора...

Македонија6 часа

Нови 355 заразени со ковид и двајца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.129 тестови,...

Македонија7 часа

Чулев: Оставки на Спасовски и Османи затоа што тргнаа против својот народ

„На вчерашниот протест Оливер Спасовски и неговите партиски пулени, исклучиво раководејќи се од партиски интереси и желба за зачувување на...

Македонија8 часа

Приведен 18-годишник кој фрли молотов коктел кон Собранието

Во текот на вчерашното деноноќие приведено е 18-годишно момче кое фрли молотов коктел кон зградата на Собранието, соопшти МВР. Станува...

Македонија9 часа

Вечерва нов протест во Скопје – „Ултиматум – НЕ благодарам“

„Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред Влада, преку...

Македонија9 часа

Пендаровски: Неприфатливо е користење и поттикнување насилство во политички цели

Претседателот Стево Пендаровски се огласи по вчерашниот инцидент за време на протестите против францускиот предлог. „Неприфатливо е користење насилство и...

Економија10 часа

Лајен: Европа мора да се подготви за целосно прекинување на испораките на руски гас

Европската Унија мора да се подготви за потенцијално целосно суспендирање на испораките на руски гас, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет10 часа

Војната во Украина во фокусот на самитот на Г20 во Индонезија

Министрите за надворешни работи на Групата 20 (Г20) денеска доаѓаат на Бали, Индонезија, на разговори во кои ќе доминира конфликтот...

Македонија20 часа

Мицкоски: Подолго време добивам информации за моја елиминација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека на денешниот протест при инцидентите кај „Мавровка“ имало намера да се изгуби човечки...

Македонија22 часа

Демонстрантите нападнати со камења и шишиња кај „Мавровка“

Демонстрантите што протестираа против францускиот предлог беа нападнати со стаклени шишиња и камења од група луѓе кај плоштадот Скендербег по...

Спорт23 часа

Ексклузивно интервју со Калин Ивановски: Верувам дека в недела можам да го освојам Вимблдон

Од Лондон, Ненад Живановски Калин Ивановски, осумнаесетгодишниот русокос скопјанец, веќе втора година по ред како единствен ја претставува Македонија на...

Македонија1 ден

Маричиќ: Би можеле да ги завршиме преговорите до крајот на оваа деценија, шансата е сега

Вицепремиерот Бојан Маричиќ е убеден дека Македонија може да влезе во ЕУ ако го прифати францускиот предлог и ги почне...

Регион1 ден

Генчовска: Имаме џентлменски договор со Османи дека протоколите се прецизирани, нема да ги отвораме текстовите

Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза што деновиве се случува Македонија, како што секогаш правиме, изјави бугарската министерката...

Македонија1 ден

(Видео) Митрески: Ќе дадеме наши предлог-заклучоци кои ќе се однесуваат на стратешките определби за членството во ЕУ

„Зборуваме за заклучоци коишто би се донеле евентуално по информацијата што ќе ја достави Владата до Собранието по која ние...

Македонија1 ден

(Видео) Порака со среден прст за францускиот предлог

Маж изведе перформанс пред Клубот на пратеници, испраќајќи порака до политичарите со среден прст. Тој со кацига на главата во...