Контакт

Македонија

Пендаровски се сретна со Туск

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

На средбата биле разменети мислења за севкупните состојби во Република Северна Македонија и во регионот, како и за аспирациите на државата за членство во Европската Унија.

„Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија во изминатите две години донесе тешки одлуки за многу чувствителни прашања вклучувајќи ја преспанската спогодба со Република Грција и договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и спроведе суштински и темелни реформи во многу клучни области, со што ја потврди својата посветеност на евроинтегративниот процес. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека Европскиот совет во октомври ќе ги валоризира напорите на државата и ќе ја верификува 10. препорака на Европската комисија преку одредување датум за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Почетокот на пристапните преговори, според претседателот Пендаровски, ќе биде силен импулс за натамошно реализирање на суштинските реформи во државата до нејзиното идно членство во Унијата, што ќе придонесе за севкупната стабилност и просперитет на државата и на регионот.

Македонија

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус.

Станува збор за 52-годишен пациент од Куманово, пациентка од Лабуништа, Струга на возрасто од 65 години, 62-годишна пациентка од Челопек, Тетово и една пациентка од Штип на возраст од 81.

Во Куманово во својот дом починал уште еден пациент потврден на вирусот, на возраст од 53 години.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на инфицирани со коронавирус се регистрирани во:

Скопје – 254
Куманово – 128
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –34
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола –6
Охрид –3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 17

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче ја посети болницата во Куманово каде 18 вработени се заразија со коронавирус

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите, откако 18 вработени во оваа установа се заразија со коронавирус.

На состанокот со менаџментот министерот оценил дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра.

„Откако 18 вработени се дијагностицирани со Ковид-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови во поддршка на вработените на инфективното оделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени“, информираат од ресорното министерство.

Во кумановската болница има вкупно 700 вработени и покрај оние кои се заболени од коронавирус нема друг персонал кој е во самоизолација.

Директорката на болницата го информираше министерот дека располага со сосема доволен број на заштитна опрема и истата се надополнува постојано.

Министерството за здравство продолжува интензивно да ја следи состојбата во Куманово и доколку има потреба од дополнителна поддршка во однос на ресурси итно ќе реагира.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Инспекциите во здравствените установи не забележале неправилности при користењето на заштитната опрема

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека согласно заклучоците на Владата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 30 март до до 5 април извршил вкупно 91 инспекциски надзор од кои 79 во Јавни здравствени установи (ЈЗУ) и 12 во Приватни здравствени установи (ПЗУ).

При надзорот направен бил увид по однос на опременост на здравствените установи со лична заштитна опрема, како и користење на истата за време на работењето со пациенти.

„Сите се опремени со доволни количини на заштитни маски и ракавици за еднократна употреба, капи, мантили за еднократна употреба, визири, каљачи. Здравствените установи за болничко лекување имат обезбедено и скафандери за еднократна употреба. Обезбедени се и се користат средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенси за раце“, информираат од ресорното министерство во однос на резултатите од надзорот.

Од таму додаваат и дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал неправилности по однос на користење на личната заштитна опрема од страна на медицинскиот персонал.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Свет34 минути

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти...

Македонија2 часа

Долги редови пред банките во Куманово, се чека и по два часа

Метеж во сообраќајот, долги редици пред банките, маркетите и аптеките, оваа е сликата во Куманово веќе втор ден, по полицискиот...

Топ3 часа

Штипјанец загина при работа во каменолом

Педесет и двегодишен маж од Штип загинал, откако паднал при работа во каменолом. Тој бил донесен во Клиничката болница Штип,...

Македонија3 часа

Апаратите за вода и кафематите можен преносител на коронавирус

Трудовиот инспекторат забранил за употреба 215 кафемати на бензински пумпи и повеќе други локации по градовите, соопшти претседателка на инспекциски...

Македонија3 часа

Бухова: Докторите професионално ги следат сите протоколи, граѓаните да им веруваат

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, апелира до сите граѓани да им веруваат на медицинските лица. Според...

Топ4 часа

Полицискиот час синоќа го прекршиле 41 лице

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, 41 лице го прекршиле полицискиот час, односно забраната за движење, при...

Европа5 часа

Објавени детали за здравствената состојба на британскиот премиер

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ја мина ноќта во одделение за интензивна нега во лондонската болница „Свети Томас“ и неговата состојба...

Свет6 часа

Трамп нуди помош вознемирен поради веста за состојбата на Џонсон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е многу вознемирен од веста за британскиот премиер, Борис Џонсон, кој е заразен со...

Свет6 часа

Во Кина за првпат од јануари нема регистрирани смртни случаи од корона

За првпат од јануари, Кина забележа ден без смртни случаи од коронавирус. Во последните 24 часа во земјата има регистрирано...

Македонија16 часа

Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, од кои едниот полициски службеник. Како што соопшти на прес-конференција министерот за...

Свет19 часа

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Македонија19 часа

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни уредбата

Неискористените годишни одмори од 2019 година, како и првиот дел од одморот за 2020 година, задолжително треба да ги користат...

Македонија22 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет24 часа

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија24 часа

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ1 ден

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија1 ден

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија1 ден

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија1 ден

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Досие