Контакт

Македонија

Петмина починати и 159 нови случаи на коронавирус во Македонија

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на Ковид-19.

Најголем број нови случаи има во Скопје – 45 и во Куманово-26. Потоа во Дебар-9, Штип-10, Прилеп-12, Тетово-5, Струга-4, Велес-4, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-3, Струмица-4, Крива Паланка-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1.

Починати се пет лица, пациентка од Скопје (61г), двајца пациенти од Дебар (43 и 86г), пациент од Кичево (62г) и пациент од Демир Хисар (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 212 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-42, Штип-49, Прилеп-3, Тетово-10, Струга-2, Битола-4, Охрид-1, Гостивар-45, Струмица-2, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-6, Македонски Брод -3, Свети Николе-1, Кичево-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.163, бројката на оздравени пациенти е 10.933, на починати е 590, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.640.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 41, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 108, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 117
• Гази Баба – 102
• Аеродром – 105
• Карпош – 86
• Центар – 85
• Кисела Вода – 100
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 65
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 20
• Сарај – 26
• Арачиново – 16
• Илинден – 12
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 10
• Зелениково – 3
• Странец – 5
• Нераспределен – 4

Македонија

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше Наќе Чулев.

Оваа одлука е донесена по спроведената дисциплинска постапка против него откако на денот на предвремените парламентарни избори, во јули беше снимен како го пцуе и се обидува физички да го нападне командирот од Тетово, Зоран Талев.

Дисциплинската комисија утврдила дека на 15 јули (ден кога се одржаа парламентарните избори) околу 15:30 часот во Тетово, државниот советник З. Ѓ. отишол на местото каде што се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот З.Т. и уште двајца полициски службеници, и на дрзок начин со навреди и пцости  се нафрлил врз З.Т. и се обидел физички да го нападне. Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т.. и со таквото однесување го нарушил угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници.

Во врска со настанот било постапено од страна на одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што бил изготвен извештај од 20.7.2020, согласно кој е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за ГОКК.

Овој акт е уште еден показател на цврстата определба на МВР да има нулта толеранција за однесување спротивно на правилата и прописите на Министерството, а насилничкото однесување и предизвикување неред да бидат најостро санкционирани. Полицијата е чувар на јавниот ред и мир, па оттаму МВР нема да дозволи полициски службеник да биде иницијатор и главен актер во негово нарушување. Напротив, полициските службеници треба да бидат пример со своето однесување. Заврши времето на неказнивост на луѓе на високи позиции само затоа што се дел од одредена политичка елита. Законите важат еднакво за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Рудникот САСА ќе почне со чистење на речното корито

Објавено пред

Рудникот САСА соопшти дека итно е почната санација на последиците од краткотрајно истекување на јаловишен материјал во локалниот речен тек, што се случи на 14 септември.

„Во договор со надлежните институции на локално и државно ниво и по добивањето неопходните одобренија, во најкраток можен рок рудникот САСА ќе зпочне со чистење на речното корито. Во првата фаза од чистењето ќе бидат опфатени приоритетните зони посочени од надлежните институции, а во втората фаза ќе се пристапи и кон чистење на преостанатиот дел од речното корито, за што компанијата подготвува план и соодветна документација. Целата операција ќе се одвива во соработка и координација со локалната заедница и општината Македонска Каменица“, соопштија од САСА.

Дополнително, како што велат, рудникот САСА ќе изврши темелна анализа, врз основа на што компанијата ќе ги преземе сите неопходни дополнителни активности кои треба да обезбедат долгорочна заштита на животната средина, биодиверзитетот и здравјето на луѓето.

Паралелно со ова, Рудникот САСА, раководејќи се според најдобрите достапни светски технологии и стандарди во оваа област, ќе ги направи сите потребни инженерски прилагодувања со цел да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори. За таа цел веќе се ангажирани и глобалните консултанти од компанијата „Најт Пиезолд“ кои исто така ќе помогнат во овој процес.

Во реализација на сите овие мерки и активности, рудникот САСА и понатаму интензивно ќе соработува со сите надлежни институции на локално и државно ниво, како и со претставници од академската, научната заедница и граѓанскиот сектор, со цел да се обезбеди натамошен одржлив развој на рудникот во согласност со највисоките стандарди.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ја достави до Собранието листата со предлози за заменик-министри

Објавено пред

Владата во име на премиерот Зоран Заев  ја достави до Собранието листата со предлози за заменик-министри.

За заменик-министри по одделни ресори се предлагаат:

– Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана;

– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;

– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда;

– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;

– Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;

– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии;

– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;

– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;

– Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;

– Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика;

– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;

– Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;

– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;

– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски;

– Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со предлог-листата за заменик-министри се доставени и биографиите на кандидатите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет6 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија8 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ9 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија10 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија11 час

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија12 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија12 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија13 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион14 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет15 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија15 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион15 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија15 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет16 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет16 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија16 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ17 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа17 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет17 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Досие