Македонија
Петровска: Во Пржино урбаната мафија измислила иновација за изградба на загради

Кандидатката за градоначалник, Ана Петровска, посочи дека заедно со граѓанската иницијатива за Пржино се борат против бетонски чудовишта, а за еколошка населба.
„Во Пржино урбаната мафија измислила иновација: како на место за индивидуални станбени куќи да никнат станбени згради. Се ситни градежната парцела и на секоја се прави по една куќа. Во стварност добиваме бетонски чудовишта! Само кога ќе се почитува правото за хумано живеење, само тогаш Скопје ќе може да дише! Скопје мора да биде зелен хуман град!“ категорична е Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сали по најавите дека ќе го сменат: Ќе ме видите уште најмалку петпати

По една година министерување во здравство, Беким Сали на чекор да ја предаде функцијата на кадар од Алијанса за Албанците. Тој денеска имаше презентација на опрема во тетовската болница. На новинарите им посочи дека не го гледаат за последен пат, а откако тие му посочија дека матичната партија се откажува од него и го предава министерсвото на друга партија.
„Ова не ми е последен јавен настап, не е, затоа што оваа недела ќе ги промовираме сите центри кои добија соработката со Светска банка, така што најмалку уште пет пати ќе се гледаме, за понатаму ќе видиме. И да сте десет години министер никогаш нема да стигнете до крај да ги решите проблемите во здравството, многу е важно тоа што ќе го кажете во јавноста, да го исполните“, рече министерот Сали.
Инаку, Сали дојде како министер за здравство кога неговата партија Алтернатива влезе во Владата, во јануари минатата година. Во тек се преговорите на владејачката СДСМ со Алијанса за Албанците, каде неофицијално се бара овој ресор, за да партијата даде поддршка за владините политики.
Македонија
Унгарската претседателка без коментар за азилот на Груевски: Се радувам што се развиваат односите меѓу нашите држави

Унгарската претседателка Каталин Новак се огради од дадениот азил на експремиерот на Македонија, Никола Груевски. Прашана од „Макфакс“ како може Унгарија, земја членка на ЕУ, да даде азил на лице кое што е на црната листа на САД и ексфункционер, кој се гони за криминал и корупција – таа немаше конкретен одговор.
Посочи само дека се радува што Груевски не ги нарушил односите меѓу Македонија и Унгарија.
„Првиот дел во однос на Груевски, би сакала да кажам дека тоа е во надлежност на нашето правосудство и јас за тоа многу се радувам дека во рамките на мојата посета се уверив во тоа дека нашата меѓусебна соработка на ниво на држава се развива успешно и дека имаме добра основа и понатаму да се гради и развива и дека односите меѓу унгарските и македонските граѓаните се на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања и на никакви криминални односи“, одговори Новак на прашањето од „Макфакс“.
Експремиерот Никола Груевски во 2018 година избега од Македонија во Унгарија, каде што експресно доби политички азил. Македонија бараше екстрадиција поради судските постапки што се водат против него, но барањето беше одбиено. Пет години, никој не сноси одговорност за неговото бегство, кое се случи непосредно пред да влезе во затвор за случајот „Тенк“, односно набавката на луксузниот „мерцедес“.
Македонија
Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за помош на Турција, порача Петровска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска со изрази за сочувство до Турција и турскиот народ по силниот земјотрес.
„Изразувам длабоко сочувство до турскиот народ и нашите сојузници од Турција, но и подготвеност за помош во овие тешки моменти за нашите пријатели“, пишува Петровска на нејзиниот фејсбук профил.
„Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување на колку може повеќе човечки животи“, додава Петровска.
Нашиот народ, вели таа, знае што значи солидарност и подадена рака во тешки моменти кога ни е најпотребна.