Македонија
Петровска – Купер: Тактизирањето со бугарското вето е сериозен безбедносен ризик за Балканот

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер, во интервју за „Гласот на Америка“, реализирано при посетата на македонската делегација на САД, говореле за потребата од брз и неодложен почеток на пристапните преговори, за континуираната американска поддршка на овој процес, како и за заедничките напори за развој на одбраната и на отпорноста против хибридните закани. Токму договорениот американски грант од 40 милиони долари при оваа посета е наменет, покрај за модернизација на Армијата, и за справувањето со хибридните закани, велат од кабинетот на Петровска.
„Предолгото тактизирање или одлагање на почетокот на преговорите поради ветото што го имаме од нашиот сосед може да предизвика сериозен безбедносен проблем на Балканот поради тоа што веќе се чувствува на некој начин фрустрацијата од предолгото чекање во овој процес и тоа е нешто што дополнително ја обесхрабрува и администрацијата и општеството во целина. Тоа тактизирање, особено во условите што ги имаме сега на европската почва, а тоа е воената агресија врз Украина, остава простор за влијанија на трети држави, кои не секогаш, односно најчесто, не се добро наклонети кон состојбите. Поголема акција, поголема вклученост од сите страни, ќе биде од бенефит за сите“, изјавила министерката Петровска и изразила благодарност за континуираната и недвосмислена американска поддршка.
Во контекст на хибридните закани министерката Петровска порачала дека е видливо нивно засилување, особено по почетокот на руската агресија врз Украина.
„Хибридните закани беа присутни во Северна Македонија и претходно, но се разбира дека со почнувањето на руската инвазија врз Украина и поради ставовите што Владата на Северна Македонија ги има кон ова прашање, а тоа е јасна осуда и недвосмислена поддршка на Украина во оваа борба, се засилија кон Северна Македонија, кон институциите и, се разбира, кон одредени министри, политичари или, пак, јавни личности, кои го изразуваат тој свој став“, изјавила Петровска.
Заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер, рекла дека постои итност за придвижување на интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, пренесе „Гласот на Америка“.
Министерката Петровска во Вашингтон минатата недела учествуваше на стратешкиот дијалог помеѓу двете земји, а оствари и низа средби во Стејт департментот, во Пентагон и во Пенсилванија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изменет режим на повеќе линии на ЈСП, поради блокада на крстосницата во Автокоманда

Утрово од 7 до 10 часот, поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
По изменети траси ќе сообраќаат:
Линии 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68
Во насока на Дом на печат, Клинички центар и Транспортен центар, во Автокоманда преку булевар „Александар Македонски“ ќе се исклучуваат на клучката Дијамант, па по булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортен центар, преку Југодрво и Рекорд, ќе продолжуваат до крајните постојки на Дом на печат и Клинички центар.
Во обратна насока, ќе сообраќаат по истиот изменет режим.
Линија 54
Од кај Бриколаж, од улица „Перо Наков“, ќе врти лево по булевар „Киро Глигоров“, па по булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајната постојка на Транспортен центар.
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 16
Од Пржино према Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит пазар, Чаир, Железара).
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линиите 13 и 42
Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај Фершпед ќе вртат лево на улица „808“, ќе поминат пред дирекција на ЈСП се до постојката кај „Алкалоид“ која ќе биде почетна/крајна постојка
Лините 2 и 2А
Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај Континентал, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај Светлост.
Македонија
Утре изменет режим на повеќе линии на ЈСП, поради блокада на крстосницата во Автокоманда

Утре од 7 до 10 часот, поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
По изменети траси ќе сообраќаат:
Линии 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68
Во насока на Дом на печат, Клинички центар и Транспортен центар, во Автокоманда преку булевар „Александар Македонски“ ќе се исклучуваат на клучката Дијамант, па по булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортен центар, преку Југодрво и Рекорд, ќе продолжуваат до крајните постојки на Дом на печат и Клинички центар.
Во обратна насока, ќе сообраќаат по истиот изменет режим.
Линија 54
Од кај Бриколаж, од улица „Перо Наков“, ќе врти лево по булевар „Киро Глигоров“, па по булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајната постојка на Транспортен центар.
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 16
Од Пржино према Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит пазар, Чаир, Железара).
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линиите 13 и 42
Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај Фершпед ќе вртат лево на улица „808“, ќе поминат пред дирекција на ЈСП се до постојката кај „Алкалоид“ која ќе биде почетна/крајна постојка
Лините 2 и 2А
Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај Континентал, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај Светлост.
Македонија
Утре топло време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.