Контакт

Македонија

Пецаков: Со чесна и транспарентна работа промените во Охрид се гледаат

Објавено пред

Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и туристички потецијали е многу значаен центар на Македонија и затоа заслужува да сјае како вистински бисер на развојот, во секоја сфера од живеењето. Со големо задоволство, можам да кажам дека како посветена локална власт, во изминатите три години гордо чекориме по зацртаниот пат за напредок и обезбедување подобри услови во сите урбани и рурални средини. Од десетте приоритетни проекти кои ги ветивме на почетокот на мандатот, девет проекти се финализирани или се во напредна фаза на реализација. Ова претставува исклучителен успех кој ја потврдува мојата доследност и големата ангажираност на тимот со кој работам, вели Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид.

dobivaj vesti na viber

-Како прво и најважно, би сакал да потсетам дека Општина Охрид беше најзадолжена општина во државата, но со голем труд и финансиска дисциплина, успеавме да го завршиме процесот на раздолжување и да ја одблокираме сметката. Сега општината може да гради буџет на здрава основа и е подготвена за капитални инвестиции, големи проекти и користење на средствата од меѓународни фондови.

Реализиравме низа проекти за изградба и реконструкција на комуналната и сообраќајната инфраструктура. Дваесетина градски улици и голем број локални патишта добија нова функционалност, симболизирајќи ја обновата на Охрид како урбана и модерна заедница. Современ лик добија улиците „Македонски Просветители“ и „7-ми Ноември, а улицата „Гоце Делчев“ е во завршна фаза од реконструкцијата. Поставивме асфалт на педесетина локации во сите рурални средини, изградивме потпорни ѕидови, поставивме нови водоводни линии и системи за отпадни води. Го ставивме под контрола урбанистичкото планирање и завршивме илјадници предмети за легализација кои беа заглавени со години.

Особено внимание посветивме на образовните институции, знаејќи дека се тие камен-темелник за иднината. Тука се голем број проекти за реконструкција на објектите од средното образование, економското училиште и гимназијата, каде што се инвестирани значителни средства. Исто така, го решивме проблемот со ООУ „Кочо Рацин“ кое наскоро ќе биде дислоцирано во нови современи простории во Охридската касарна. Градиме нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец и извршивме комплетна реконструкција на ООУ „Свети Наум Охридски“ во Пештани, потенцира Пецаков и додава:

„Во насока на обезбедување на подобри услови за спортскиот развој на децата, изградивме нови спортски и детски игралишта и комплетно ги реконструиравме постоечките. Отворањето на првиот Младински центар во Охрид ја покажува вистинската грижа која ја имаме за младите. Со овој проект нашата општина стана лидер и пример за креирање на младински политики во Македонија.

Бевме исклучително посветени на културната дејност и развојот на спортот и поддржавме низа важни манифестации и настани. Тука би сакал да ги издвојам Фестивалот на вино, Ohrid Water Festival и Охридскиот џез фестивал, како нови содржини кои ја збогатија туристичката понуда на Охрид, надвор од шпицот на летната сезона.

Со знаење, чесна и транспарентна работа, промените, проектите и победите јасно се гледаат во Охрид. Изразувам длабока благодарност на сите граѓани за довербата, соработката и за поддршката која секојдневно ни ја даваат. Пред нас стојат нови предизвици и со заеднички сили, продолжуваме да работиме за подобра иднина на Охрид, за нашите семејства и за сите генерации што доаѓаат“.

Македонија

Јанкулоска: Борбата за правда продолжува, се надевам дека ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето

Објавено пред

Задоволна сум од денешната одлука, но борбата за правда ќе продолжи, вели Гордана Јанкулоска поранешната министерка за внатрешни работи, во врска со пресудата на Основниот кривичен суд во случајот „Тврдина“.

dobivaj vesti na viber

Таа во објава на социјалните мрежи додава дека борбата за правда продолжува и изрази надеж дека граѓанската постапка ќе донесе разрешница за масовното прислушување.

„Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години.
Задоволна сум од денешната одлука на судот кој ги уважи нашите аргументи. Без оглед што во кривичната постапка не се утврди виновникот за масовното прислушкување, што мене како една од најголемите жртви на овој монструозен чин и на моето семејство од корен ни ги промени животите и ни нанесе ненадоместлива штета, борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето“, пишува Јанкулоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Забрани за тешки моторни возила на неколку патни правци, врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава.

dobivaj vesti na viber

Од 11:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка, воведена е забрана за движење на тешки моторни возила и автобуси.

Активни забрани за тешки товарни возила има на патните правци:

Гостивар – Маврово – Дебар; Гостивар – Стража – Кичево; Струмица – Берово; Пресека; Ѓавато; Плетвар; Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)

AМСМ информира за дека се укинати забраните за тешки товарни возила на патните правци:

· Делчево – Г.П. Делчево

· Струга – Г.П. Ќафасан

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Вреди“: Срамот и деградацијата не се во нашиот двор, туку кај ДУИ, каде што манипулацијата и клеветата станаа политичка доктрина

Објавено пред

Следејќи ја вообичаената пропаганда, ДУИ уште еднаш докажа дека е мајстор за манипулации и ниски клевети, во очајнички обид да го оттргне вниманието од сопствените неуспеси, велат од коалицијата „Вреди“.

dobivaj vesti na viber

Додаваат дека остануваат силно на страната на албанските национални интереси, секогаш бранејќи го правото на Република Косово како независна и суверена држава.

„Обидите на „Вреди“ да му се припишат непостоечки ставови се залудни и неосновани. Вреди не негира дека Иван Стоилковиќ е претставник на Србите, тој е нивен претставник и ние не се обидуваме да го претвориме во Албанец, а уште помалку да го натераме да размислува како Албанец, но разликата меѓу нас и ДУИ е дека тие самоинициатевен остана дел од Отворен Балкан, иницијатива која никогаш не ја призна Република Косово. Потсетуваме дека првата средба на премиерот Христијан Мицкоски беше со премиерот Албин Курти. За оние кои не знаат, но треба да знаат: „Вреди“ не прифаќа, ниту пак користи терминологија што го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово“, посочуваат во реакцијата од страна на оваа коалиција.

Според нив, наместо да ги клевети другите, би било добро ДУИ да се погледне себеси во огледало и да ја разгледа нивната сомнителна позиционираност во однос на националните интереси.

„Вреди“ како што велат, останува верен на своите принципи и е посветен на искрена и чесна меѓуалбанска соработка, отфрлајќи секаква форма на компромис на штета на албанскиот народ. Албанците се свесни кој достоинствено ги застапува и кој им служи на личните и партиските интереси.
„Срамот и деградацијата не се во дворот на „Вреди“, туку таму каде манипулациите и клеветите станаа политичка доктрина“, се додава во напишаното.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Јанкулоска: Борбата за правда продолжува, се надевам дека ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето

Задоволна сум од денешната одлука, но борбата за правда ќе продолжи, вели Гордана Јанкулоска поранешната министерка за внатрешни работи, во...

Македонија13 часа

Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска ослободена

Ексразузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот...

Македонија13 часа

Постаро лице заглавено во својот дом во Кочани поради снегот, спасувачките екипи се координираат

Спасувачките екипи се координираат за извлекување постаро лице, кое е заглавено во својот дом од снежните наноси во селото Полаки,...

Свет13 часа

Белешките на мртвите севернокорејски војници откриваат ужасна тактика: „Човечката мамка треба да биде на 7 метри од дронот“

Рачно напишаните белешки пронајдени покрај телата на загинатите севернокорејски војници убиени на бојното поле во областа Курск во Русија откриваат...

Топ14 часа

Велешанец со „опел“ удрил во столб од наплатна станица, двајца повредени

Денеска во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко...

Македонија15 часа

Се излизга машина за чистење снег, во целосен прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Машина за чистење снег се излизга на патот Гевлегија-Богданци. Од АМСМ објавија дека сообраќајот е во прекин во двата правци....

Македонија15 часа

„Големата измама на ‘Влен’ за’ Отворен Балкан’: од антинационален проект до стратешко партнерство на Скопје со Белград“, велат од ДУИ

„Додека беа во опозиција, партиите од коалицијата Влен дадоа големо ветување: Првиот ден на власт, ќе ја повлечат Северна Македонија...

Европа16 часа

Зеленски: Добро е што Фицо, конечно, се врати од одморот во луксузен хотел во Виетнам

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Украина му понудила помош на словачкиот народ за време на периодот на прилагодување на...

Македонија17 часа

Филипче со честитка до Милановиќ: неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до Зоран Милановиќ за неговата убедлива победа во вториот круг од претседателските избори...

Македонија17 часа

Повеќе од половина метар снег на Попова Шапка и Маврово, минусни температури во речиси целата држава

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени целзиусови, -8 било во Маврови Анови и Крушево,...

Европа18 часа

(Видео) Зеленски објави снимка од заробени Севернокорејци, му постави услов на Ким Џонг-ун

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг-ун доколку...

Свет19 часа

(Видео) Зголемен бројот на загинати во Лос Анџелес: „Многу делови од градот изгледаат како да се бомбардирани“

Бројот на загинати во пожарите што беснеат низ Лос Анџелес се искачи на 24, соопштија утрово властите. Канцеларијата на судски...

Европа19 часа

(Видео) Лавина уби тројца скијачи во Италија, ги влечела стотици метри надолу

Лавина вчера погоди група од пет скијачи во северниот италијански регион Пиемонт, при што загинаа тројца од нив, соопштија спасувачите....

Македонија19 часа

Врнежи од снег во целата држава, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Македонија1 ден

Еуроњуз: Македонија има најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Најпогодена држава од загадувањето на воздухот е Македонија, а по неа следи Србија, објави „Еуроњуз“ повикувајќи се на извештај на...

Свет1 ден

(Видео) Грабежи низ Лос Анџелес: крадци се облекуваат како пожарникари за да упаднат во напуштени домови

Полицијата уапси голем број разбојници облечени како пожарникари кои упаднаа во напуштени домови во Лос Анџелес, каде околу 35.000 домови...

Топ1 ден

Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка

Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата се откриени по интервенција на противпожарните служби. „Во 08:57 часот добиена е...

Македонија1 ден

(Фото) Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата

Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: СДС премолчувале за криминалните активности на Груби

СДС додека беа на власт се правеа слепи при очи и глуви при уши. Едноставно најмногу им одговарало да глумат...

Економија2 дена

(Видео) Димковски: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Неспособноста на Цветан Трипуновски создаде криза со откупот на оризот и оризовата арпа, кажа денеска на прес конференција, Трајан Димковски...