Македонија
Платформата за родова еднаквост: Бараме итни мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“

Платформата за родова еднаквост упати барања до Министерството за внатрешни работи за конечно разрешување на случајот „Јавна соба“ и доследна заштита на жените жртви на родово насилство.
„Со жалење заклучуваме дека иако сте министер за внатрешни работи веќе втор мандат, ние во практика не гледаме никакво унапредување во однос на постапувањето на полицијата во ваквите случаи. Дури и најдобрите закони во областа нема да имаат ефект доколку полицијата продолжи со непрофесионално постапување, засновано на лични и произволни ставови засновани на родови стереотипи и предрасуди“, изјави Бојана Јовановска.
Од Платформата за родова еднаквост велат дека жените не ѝ веруваат на полицијата и сметаат дека пријавувањето е залудно поради практиките на непостапување, неверување и релативизирање на искуства на жртвите.
Здруженијата истакнаа дека во полицијата постои непотизам, корупција и култура на прикривање пропусти меѓу полициските службеници поради кои, како што велат, насилниците поминуваат несанкционирано, а жртвите губат верба во системот.
Сметаат дека отсуството на санкции за полициски службеници, кои се сторители на насилство кон жени, особено кон
маргинализирани групи на жени, како Ромки, сексуални работнички, бездомнички и други, е уште еден показател дека наместо да владее правото, владее моќта на посилниот.
„Искуствата на жените на кои со години им обезбедуваме бесплатна правна помош и други услуги и во чие име застапуваме промени во законската рамка и навремен и професионален однос на службите што постојат за да обезбедат нивна заштита, покажуваат дека случаите во кои полицијата соодветно постапува се исклучок, а не правило.
Секторот за внатрешна контрола во своето постапување нема волја соодветно да ги истражи случаите и бара жртвите да докажуваат несоодветно постапување, а сите доказни средства се во рацете на полицијата“, дополнува
Јовановска.
Тие побараа итна испорака на конкретни резултати со рок до 8 март, кои ќе покажат дека конечно се преземаат мерки за унапредување на состојбите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го посетија Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства во Визбегово, каде што во тек е пописот на лицата сместени во него, како дел од процесот на претпопишување на одделни категории на лица, процес кој започна на 1 март, а ќе трае до 15 март.
„Пописот претставува многу важна, најмасовна и сеопфатна статистичка операција, која што е од особено значење за нас како држава, но и како Влада и Министерство за труд и социјална политика, затоа што врз основа на податоците добиени од него ќе се креираат политики, кои ќе ги адресираат барањата и потребите на граѓаните“ истакна министерката Шахпаска.
Таа посочи дека Министерство за труд и социјална политика како ресор ги регрутира прашањата кои се однесуваат на пензионерите, работниците, ранливите категории на граѓани, децата.
„Согласно податоците добиени од пописот за старосната структура на населението, ќе се креираат политиките за изградба на старски домови, детски градинки, за стапката на невработеност согласно која ќе се креираат мерки и политики за нивно активно вклучување на пазарот на труд, но и за лицата од ранливите категории“, потенцираше Шахпаска.
Симовски информираше за започнатиот процес на претпотпишување кој ги вклучува казнено –поправните установи, бездомните лица, лицата ангажирани во Армијата на Северна Македонија, дипломатско- конзуларни претставништа и претставници во меѓународните институции, но и самопопишувањето на лицата кои претсојуваат во странство.
„Пописот треба да собере и даде потребни информации за креирање на развојни политики за сите граѓани“ истакна Симовски.
Тој апелираше до сите граѓани да земат активно учество во пописот, со цел негово успешно реализирање.
Македонија
Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што доаѓаат од сите африкански земји.
Оттаму додаваат дека до овој момент во земјата сè уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.
Во текот на утрешниот ден МАНУ ќе изврши анализа на брисеви од двајца пациенти ковид-позитивни, кои се вратиле од патување од Занзибар. Пациентите се хоспитализирани веднаш по пројавувањето на првите симптоми на вирусот СарсКОв2.
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести во согласност со актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување понатамошно ширење на коронавирусот. Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на рацете и држење дистанца.
Македонија
Царовска: Обновената спомен-соба на Мисирков значајна за целата држава

Според министерката за образование и наука, Мила Царовска, отворањето на обновената спомен-соба на Крсте Мисирков претставува значаен настан не само за Институтот за македонски јазик, чиј патрон е Мисирков, туку за целата држава.
„На овој начин се покажува и почитување кон неговото дело, но исто така и вложување во грижата и негувањето на македонскиот јазик и сите оние што придонеле за денешницата“, рече Царовска на промоцијата на музејската поставка за животот и делото на Мисирков, основоположникот на првата стандардизација на македонскиот јазик.
Министерството за образование и наука финансиски ја поддржа иницијативата на Институтот за македонски јазик за реставрирање и подновување на спомен-собата на Мисирков, а кон идејата се приклучи и Град Скопје.
„Дополнително, за да ја зголемиме грижата за македонскиот јазик и за наставниците што ќе го предаваат македонскиот јазик и ќе го истражуваат и проучуваат, годинава првпат обезбедивме и 15 стипендии за студенти што студираат на Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. МОН продолжува со политиките кои се во насока на негување и изучување на македонскиот јазик“, нагласи Царовска.
Директорката на Инстититутот, Елена Јованова-Грујовска, потсети дека ова е година во која се одбележуваат 95 години од смртта на Крсте Мисирков, 100 години од раѓањето на Благоја Корубин, еден од основачите на Институтот, и година на чествување на Блаже Конески.
„Мисирков во книгата ‘За македонцките работи’ ги постави основите на правата и стандардизација на македонскиот јазик, Конески ги реализира идеите за современа македонска азбука, правопис и институционална кодификација на македонскиот јазик“, рече Јованова-Грујовска.
Спомен-собата на Мисирков содржи документи и фотографии, дел во електронска форма, кои сведочат за животот и образовната, научната, дипломатската и револуционерната активност на првиот кодификатор на македонскиот јазик. Посебно место во поставката зазема книгата „За македонцките работи“, објавена 1903 година.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер