Македонија
Повеќе од половина од новите доктори ќе работат со пациентите со Ковид-19

Министерот за здравство и заменик-министерот Арменд Арслани се сретнаа со докторите на медицина кои месецов го положија стручниот испит и добија лиценца за работа од Лекарската комора.
Станува збор за вкупно 66 новолиценцирани доктори на медицина, од кои повеќе од половина изразиле желба да работат со пациенти со Ковид-19.
„На средбата младите доктори ја поздравија измената на Законот за здравствена заштита од јануари, минатата година, со која се овозможи секој дипломиран доктор кој се стекнал со лиценца веднаш да почне со шестмесечна пракса, за која првпат добиваат надомест од 30.000 денари месечно“, соопштија од Министерството за здравство.
Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.
Од МЗ велат дека овие мерки се поттик за младите лекари да ја продолжат дејноста во државата, имајќи предвид дека тие се иднината на нашето здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф-300мм на улицата Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:55 часот до санирање на дефектот.
Дефектот ќе се работи на 17.07.2025 од 09:00 часот.
Македонија
Делови од Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Аеродром без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06.30 до 12.30 часот, корисниците од булеварот Киро Глигоров, општина Гази Баба;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Козле од бр.143 до бр. 157, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улица Бистра, од улица Живко Фирфов до улица Гутенбергова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисницитеод улица Гутенбергова, од улица Бистра до улица Волтерова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улица Иван Цанкар (парни броеви), улица Франце Прешерн (непарни броеви) и улица Вангел Дину, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улица Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улица Ѓорѓи Капчев, општина Аеродром.
Македонија
Муртезани во Брисел на форум за проширувањето

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денес ќе учествува на форум на високо ниво за проширувањето со наслов „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“, кој ќе се одржи во Брисел, во организација на Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК).
Муртезани ќе учествува на воведната сесија на форумот на ВИП-тркалезната маса заедно со претседателот на ЕЕСК, Оливер Ропке, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ, и државниот секретар за Европската Унија на Шпанија, Фернандо Сампедро.
Форумот има цел да ја истакне важноста на социјалниот дијалог и на ангажманот на граѓанските организации и младите во процесот на проширување на Европската Унија како основа за градење поправедно и посолидарно европско општество.