Контакт

Македонија

Повлечени од употреба кремови за готвење и бази за сладоледи, не се безбедни порача Агенцијата за храна

Објавено пред

Агенцијата за храна и вeтеринарство информираше дека од употреба се повлечени креми за готвење и бази за сладоледи поради како што велат од таму присуство на етилен оксид.

Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство постапи по добиената нотификација со број 2021.3720 за увоз на небезбедни производи во земјава и спроведе инспекциска контрола кај двајца увозници на кремови за готвење и бази за сладоледи од Струга и Струмица, соопшти Агенцијата.

„При инспекциската контрола кај опереатиорот со храна Гајрет ДООЕЛ од село Лабуништа, утврдено е дека увезениот производ од Италија, (крем за готвење) BRAVO CREAM CUSIMA MK L 0,2X24, со лот број 21089, посочен во РАССФ нотификацијата, не е безбеден за консумација поради утврдено присуство на етилен оксид. Во магацинот на увозникот затекната е количина од 1 440 парчиња од овој производ со лот 21169 со рок на употреба 13.06.2022 година, а не е пронајден истиот производ со лот број 21089 наведен во нотификацијата. На овој оператор со храна наложено му е да изврши отповикување/повлекување од пазарот на посочените производи“, стои во соопштението од оваа институција.

Агенцијата апелира до потрошувачите доколку го набавиле небезбедниот производ со наведениот сериски број/лот и рок на употреба, истиот да не го консумираат, односно да го вратат од таму од каде што го купиле или нештетно да го отстранат.

„Врз основа на истата РАССФ нотификација, инспекциска контрола спроведена е и кај операторот со храна ДПТУ Агрома од Струмица кому поради утврдено присуство на етилен оксид во неколку производи увезени од Италија, наредено му е да изврши отпповикување/повлекување на производите наведени во нотификацијата. Со контролата утврдено е дека производите биле делумно продадени на познати оператори, а делумно се складирани во магацин во Скопје (AI7YOS ГОЛД 50- млечна база за сладолед -120 килограми и AI70XE АИМАРА ТУТО КАКО – база за сладолед 63 килограми)“, соопшти Агенцијата.

Според нив, отповикувањето/повлекувањето за овој оператор се однесува на следниве производи:

1.AI7YOS ГОЛД 50- млечна база за сладолед; Сериски број/лот 21140; Датум на производство 20.05.2021; Датум на употреба 04.05.2024

2. AI70XE АИМАРА ТУТО КАКО – база за сладолед; Сериски број/лот 21088; Датум на производство 29.03.2021; Датум на употреба 13.03.2024

3. AV23AA МАСТЕР ГОУРМЕТ ГОЛД – растителен крем; Сериски број/лот 21070; Датум на производство 11.03.2021; Датум на употреба 06.03.2022

4. AV20IQ МАСТЕР ГОУРМЕТ-ШЕФ; Сериски број/лот 21084 и 21089; Сериски број/лот 21084; Датум на производство 25.03.2021; Датум на употреба 20.03.2022; Сериски број/лот 21089: Датум на производство 30.03.2021; Датум на употреба 25.03.2022

Македонија

Заев-Џаферовиќ: Северна Македонија и БиХ имаат заедничко минато и определба за заедничка иднина

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими делегацијата на Претседателството на Босна и Херцеговина којашто во еднодневна работна посета на нашата земја ја предводи членот на претседателството Шефик Џаферовиќ.

Премиерот Заев на средбата истакна дека посетата на членот на Претседателството на оваа земја Шефик Џаферовиќ е резултат на континуитетот и на исклучително позитивните и традиционално блиски односи на двете земји.

Заев и Џаферовиќ на средбата истакнаа дека двете земји ги поврзуваат и заедничките интереси и вредности како што се членството во НАТО и ЕУ, и во таа насока премиерот Заев нагласи дека Северна Македонија е подготвена да го сподели со Босна и Херцеговина искуството од пристапниот процес до полноправно членство во Северно-атлантската алијанса.

Премиерот Заев истакна дека е од посебно значење што оваа посета се остварува на денешен ден, на Меѓународниот ден на Бошњаците и го информираше членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Џаферовиќ дека доаѓа од увидот од последната фаза на изградбата на мостот „Цвет на Сребреница“ кој и симболички и реално поврзува две населени места во нашата земја во кои доминантно живеат нашите сонародници од бошњачката заедница заедно со припадници на други заедници од македонската, албанската и други заедници.

На средбата беше потенцирано дека и двете земји препознаваат силни потенцијали за унапредување на економската соработка и изразија подготвеност да продолжат подготовките за воспоставување на авионска линија меѓу Сараево и Скопје кои беа прекинати заради пандемијата и од која се очекува да ја поттикне комуникацијата меѓу двете земји.

Заев и Џаферовиќ на средбата се согласија дека Северна Македонија и Босна и Херцеговина имаат многу блиски врски од минатото и дека имаат заеднички определби и за заедничка иднина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски и Џаферовиќ разговараа за воведување директна авиолинија Скопје – Сараево

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба се сретна со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, кој престојува во посета на земјава.

Двајцата оценија дека двете држави имаат пријателски билатерални односи, без отворени прашања. Изразувајќи подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, претседателот Пендаровски и Џаферовиќ разговараа за можноста за воспоставување директна авионска линија помеѓу Скопје и Сараево, како и за можноста за отворање катедра за изучување на босанскиот јазик во Северна Македонија.

Истовремено, претседателот Пендаровски посочи на интересот на Република Северна Македонија за интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена со Босна и Херцеговина, која, како што беше посочено на средбата, заостанува зад добрите политички односи.

На средбата соговорниците разменија мислења во однос на европските аспирации на двете држави. Претседателот Пендаровски ја реафирмира поддршката од нашата држава за европските аспирации на БиХ. Исто така, претседателот Пендаровски изрази и подготвеност за споделување искуства во однос на НАТО-интегративниот процес. Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните состојби во регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

Објавено пред

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а втора доза примиле 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани.

Со последните бројки, 55 % од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 32 % од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите во државата. Децата од 12- до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Животот во Сиднеј за невакцинираните станува сѐ потежок – може да им се забрани влез и во продавници

Граѓаните на Сиднеј, кои не се вакцинирани против коронавирусот, ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности. Според планот за...

Македонија2 часа

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Македонија3 часа

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 % од населението над 18-годишна возраст, соопшти...

Свет4 часа

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион4 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија4 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјата до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 стана. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија5 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија18 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија21 час

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа24 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија24 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија1 ден

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија1 ден

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Досие