Македонија
Подготовка на терен за поставување на модуларен ковид центар во Битола

Со цел интервентно да се одговори на потребите за здравствени капацитети и да се овозможи организација на просторот, во рамки на парцелата на Клиничката болница во Битола се работи на подготовка за поставување на модуларен Ковид центар. Овој проект се реализира од страна на Министерството за здравство и Општина Битола.
Општина Битола максимално е вклучена во реализацијата на Проектот за поставување на модуларен Ковид центар во дворот на Клиничката болница во Битола. По изготвувањето на планската документација од страна на општинските служби, се вклучи и во расчистување на теренот со учество на механизација на јавните претпријатија и е целосно подготвена за изведба на рамнење на теренот.
Целта на Ковид центарот ќе биде обезбедување на дополнителни капацитети за прием и тријажа на ковид пациенти и проширување на моменталните капацитети на Клиничката болница во Битола.
Истиот се состои од 3 модуларни градби, од кои две модуларни градби што содржат интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.
Овие модуларни градби, се монтажно-демонтажни градби со едно ниво (приземје), со приближна површина околу 1000м2, се поставуваат на бетонска подлога, во рамки на дворно место на јавни здравствени установи, со приближен капацитет на стационар од 90 кревети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Усвоен предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Владата на денешната седница го утврди текстот на предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – национален парк, заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес“, соопшти Владата.
Македонија
Владата го усвои здравствениот протокол за спроведување на пописот

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска го усвои Протоколот за превентивни мерки при спроведување на пописот.
„Протоколот ќе предвидува мерки во сите три фази на пописот, односно во фазата на тестирање, фазата на обука и во фазата на спроведување на пописот на терен со посебен Протокол за попишување на лицата кои во периодот на спроведување на пописот се позитивни на Ковид-19“, соопшти Владата.
Пописот ќе се одржи во април.
Македонија
Побаран притвор за тројца учесници во протестите за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе до Основниот кривичен суд Скопје предлози за определување мерка притвор за трoјца учесници во протестот за пресудата за случајот „Монструм“ што се одржа во петокот, а на кој беа повредени 11 полицајци.
„Осомничените, од кои двајца на возраст од 29 години и еден 22-годишник, на 26 февруари учествувале на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот ‘Монструм’. Притоа тие биле дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон-плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници“, соопшти Обвинителството.
Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да избегаат или да го повторат делото, јавен обвинител достави предлог до Судот за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Претходно за истиот настан Основното јавно обвинителство Скопје веќе поведе постапка за двајца други учесници во протестите.
Сите се осомничени за учество во толпа која ќе изврши кривично дело.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер