Македонија
Поддршка за малите херои – компанијата Mozzart целосно го опреми кабинетот за физикална терапија на Одделот за цистична фиброза

Со искрено срце и грижа кон најмладите, компанијата Mozzart уште еднаш покажа дека хуманоста е нејзино најсилно обележје. По многубројните добротворни акции кои веќе ја дефинираат како лидер во несебична поддршка, овојпат донацијата има особено длабоко значење — целосно опремен кабинет за физикална терапија во Одделот за цистична фиброза, при Детската клиника во Скопје.
„Физикалната терапија е многу важна за пациентите со цистична фиброза и мора да биде дел од нивната секојдневна нега. Благодарение на Mozzart, сега децата ќе можат да ја добиваат оваа терапија во современ кабинет со најнови апарати и помагала“, изјави Доц.д-р Валентина Чолаковска, Раководител на Одделот за цистична фиброза.
Кабинетот не е само просторија со современи апарати, туку е нов почеток — надеж за подобрување на здравјето и квалитетот на живот на децата кои секојдневно се борат со оваа ретка болест. Благодарение на Mozzart, терапијата станува достапна, дел од нивното лекување, дел од нивната иднина.
„Голема благодарност до компанијата Mozzart. Оваа донација ќе помогне во подобрување на квалитетот на животот на пациентите”, изјави Реџеп Мемеди, в.д. Директор на Клиниката за детски болести.
Оваа приказна не е само за една донација. Таа зборува за човечност, за одговорност и за вистинска желба да се направи светот подобар, особено за оние на кои им е најпотребно.
„Големо е задоволството кога околу вас гледате насмеани и среќни лица благодарение на помошта која сте ја пружиле. Во очите на овие деца гледаме сила. Гордост ни е што можеме да бидеме дел од нивната борба“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Мozzart.
Овој хуманитарен гест е дел од кампањата „ Повеќе од гол”, која е една од најголемите хуманитарни акции на компанијата. За секој погодок на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во јануари,Mozzart донираше по 5.000 денари. Со постигнати 181 погодок, беа собрани вкупно 905.000 денари. Амбасадорот на кампањата, капитенот Филип Кузмановски, не само што ги водеше со пример, туку и ја насочи добрината кон оние кои најмногу ја заслужуваат.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ѓорчев: Во Неготино разговаравме за сите теми од лозарство до животниот стандард, Македонија оди напред

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска од Неготино порача дека партијата е активно присутна на терен, ги објаснуваат владините политики и ги слушаат проблемите на граѓаните. Како што истакна, посетуваат населби и села низ цела држава.
„Ја подготвуваме нашата програма за локалните избори, затоа што имаме сериозна, сериозна намера да победиме и во Неготино, и во целата Тиквешија, но и во цела Македонија. Разговараме за темите поврзани со земјоделието, од тутунот преку лозарството и грозјето, до сите оние други теми поврзани со живеачката, со платите, со животниот стандард, инфраструктурата, растот на пензиите којшто се случува“, кажа Ѓорчев.
Македонија
ЦУК: Поради силниот ветер повторно се разгорени пожарите кај Велес и Македонски брод

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот, денеска се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор низ територијата на државата. Од нив, 6 се сè уште активни, 1 е ставен под контрола, додека 18 се успешно изгаснати.
Од ЦУК посочуваат дека поради силен ветер повторно се разгоре пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (Општина Велес). Гори мешана нискостеблеста деградирана шума, а пламените јазици се прошируваат во неколку правци.
Ветерот, исто така, повторно го активирал и пожарот помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (Општина Македонски Брод), каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Покрај овие, активни пожари се регистрирани и на следните локации:
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Желино – шумски пожар
Според последните информации, под контрола е ставен пожарот во с. Фалише, Општина Тетово, каде што гори ниска вегетација.
Македонија
ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под контрола

Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше во правец на Еребино во моментов е ставен под контрола, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
„Состојбата и понатаму се следи внимателно, а екипите остануваат на терен сè додека не се елиминира целосно ризикот од повторно активирање“, кажа тој.
Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, во изјава за медимуите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени биле запалени гуми од возила.
Пламените јазици зафатија десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација.