Контакт

Македонија

ПОДЕМ: Законот за јазици не смее да ја сопира европската перспектива

Објавено пред

Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ  повикува на транспарентност и отвореност во однос на најважните национални прашања како што е Законот за јазици и односите со соседите, односно спорот со името.

„Очигледно е дека Законот за јазици ја ниша владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ. Да не дозволиме тоа нишање да ја разниша и стабилноста и перспективата на Република Македонија. Доста е со уцени! Да не дозволиме теснопартиски интереси и уцени да ја одредуваат судбината на граѓаните на Македонија. Затоа ПОДЕМ ги повикува и СДСМ и ДУИ со отвореност и транспарентност да стават крај на тензиите. Секакви уцени ќе се пресечат во корен ако јавно и јасно се каже што се договарало, ако отворено се каже што може, а што не може да биде производ на коалицирањето“, велат од партијата.

Во однос на спорот со името, ПОДЕМ обвинува дека таблите на аеродромот и автопатот требало да се променат по решавање на спорот за името. Политичката партија изрази загриженост дека по отстапките од наша страна, Грција не нѐ сфаќа сериозно.

„Денеска Грција ни порача дека не било доволно што Македонија ги смени таблите со имињата на аеродомот и автопатот. Отворено слушнавме дека со тоа нема да се реши проблемот со името. Каменос дури ни порача и дека Заев давал хумористични изјави.  Во Грција веќе не нѐ сфаќаат сериозно, а и како ќе нѐ сфаќаат по толку отстапки?Како да не можеше таблите да се сменат откако ќе се реши името. Сега бараат надуставен договор, доаѓаат со дополнет нацрт, и што ли уште ќе им текне до следната недела кога Коѕијас ќе дојде во Македонија за да ги врачи новите уцени.
Сите досега направени отстапки им даваат залет и на Грција и на ДУИ“, смета ПОДЕМ.

Додаваат дека македонскиот народ има право да знае што им е ветено на Грција и на ДУИ и, според нив, веројатно е време да се размисли за национална коалиција, односно  СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да седнат на иста маса и да направат коалиција по примерот на Германија и заеднички да ги одредат приоритетите за националните прашања.

„Приоритет за Македонија е влезот во Европа, а не донесување закони кои не подлежат на европско знаме, но се наметнуваат и ја блокираат работата на Собранието кое треба да ги донесе вистинските европски закони.  Таа коалиција, на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, треба да е отворена и за албанските партии, но тие треба да покажат дека ѝ мислат добро на Македонија, а не секое коалицирање да го користат за остварување цели што не се во заеднички интерес на сите граѓани на Република Македонија, без оглед на која етничка група припаѓаат“, велат од ПОДЕМ и заклучуваат дека  Законот за јазици и не е закон за јазици, туку е Закон за албанскиот јазик и не ги става во рамноправна положба сите етнички заедници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Објавено пред

Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која ѝ беше изречена на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Со донесувањето на пресудата, Јанкулоска ќе треба да се упати на издржување на затворската казна.

Исто така, Врховниот суд ги потврди и пресудите за експремиерот Никола Груевски и помошникот во МВР, Ѓоко Поповски.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска. Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје“, велат од Врховниот суд.

Ексминистерката Јанкулоска беше осудена на шест години затвор, а пак, Апелациониот суд ѝ ја намали казната на четири години.

На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост. Случајот „Тенк“ на СЈО е за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај е осуден на две години затворска казна, а помошникот во министерството за внатрешни работи Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор во скопска Апелација.

Јанкулоска во завршните зборови на судењето побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Објавено пред

Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два наврати.

„Oд утринава, на терен, интензивно се работи со соодветна тешка механизација, а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината. Исто така, од 16 часот, на овој дел ќе дежураат двајца комунални редари на локалната самоуправа“, велат од Општината.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се обратил и до СВР Скопје, со барање за зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот на викендот и претстојните денови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казнети 533 лица за неносење маска

Објавено пред

Полицијата вчера казнила 533 лица за неносење заштитна маска, што е законска обврска од 1 мај.

„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија во однос на мерката за неносење лична заштита на лицето регистрирани се 533 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион38 минути

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа „Јанис“, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 час

Национален парк во Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови во Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија1 час

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која ѝ беше изречена на...

Македонија2 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два...

Свет2 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет3 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија3 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ3 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа4 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет4 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион4 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија15 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ16 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет16 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија17 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ17 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ19 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура20 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија21 час

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Македонија22 часа

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста,...

Досие