Македонија
Поднесено обвинение за убиството на Денис Тот: По повеќе удари паднал во кома

Првоосомничениот за убиството на Тот, Анџело Ѓорѓиевски од Волково, второосомничената Клементина Лефковска од Драчево и третоосомничениот Андреј Костовски се гонат за убиството на ракометарот Денис Тот.
Обвинителството поднесе обвинение до кривичниот суд, по затворање на истражната постапка.
„Обвинетите на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, велат од Обвинителството.
Побарано е продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети.
„Сè уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата“, велат од Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло време, попладне и вечер дожд и грмежи

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ=8.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.
Македонија
Без струја делови на Ѓорче Петров

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Александар Македонски, Кадињача и Андреја Папарадишки. (Oпштина Ѓорче Петров)
Македонија
Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, соопшти Центарот за управување со кризи.
Се работи за карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен. На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки.