Контакт

Македонија

Директорката на Детската клиника поднесе оставка

Објавено пред

Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на изборната кампања.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека деновиве ќе ја разгледаат оставката на директорката.

„Ќе разговараме да видам за што станува збор, дали ќе остане на таа идеја да се повлече или ќе сака и понатаму да продолжи да раководи со Клиниката. Доколку остане на идејата да се повлече, ќе разговараме со друг кандидат за директор“, најави министерот.

Ставриќ беше назначена за директорка на Детската клиника во август 2017 година.

Македонија

(Видео) Заев: Со реконструкција на „Пластичарска“ граѓаните ќе добијат модерно и ефикасно сообраќајно решение

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, изврши увид во градежните работи за реконструкција на една од најпознатите сообраќајници во Скопје – булеварот Никола Карев, познат како Пластичарска улица, која поврзува четири општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош.

Премиерот истакна дека продолжуваат интензивните градежни работи за реконструкција на голем број булевари, улици и главни градски сообраќајници во сите десет скопски општини и додаде дека примерот на Град Скопје е поттик и за другите општини во државата целосно да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните за изградба и за одржување на модерни сообраќајни решенија за одржлива урбана мобилност, и за поголема ефикасност на градскиот сообраќај.

„Овој булевар дневно го користат десетици илјади возила, а овој потег особено е значаен поради огромниот број стопански субјекти со огромна фреквенција на граѓани како потрошувачи или како деловни соработници и добавувачи на компаниите што тука имаат продажни и други објекти. Со реконструкцијата ќе бидат опфатени 1.400 метри, на потегот од клучката кај Бит-пазар до касарната Илинден“, рече премиерот Заев.

Тој дополни дека булеварот Никола Карев“истовремено е врската на источната и западната порта на Скопје. Тоа, како што рече Заев, ја прави уште позначајна оваа градска сообраќајница од посебен интерес на граѓаните на главниот град, како и на граѓаните од Републиката кои во огромен број го користат овој булевар.

„Кога ќе биде завршена реконструкцијата, булеварот ќе добие 4 коловозни ленти со полна функционалност, велосипедски патеки во двете насоки и тротоари за пешаци. Проектирана е и нова атмосферска канализациска и водоводна инфраструктура, како и ново осветлување и значајното зеленило“, истакна премиерот Заев.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, истакна дека првата фаза од проширување на булеварот Никола Карев го опфаќа делот од клучката кај Бит-пазар до касарна Илинден и целосно ќе биде изведена непостоечка атмосферска канализација, реконструкција на подземните инсталации, со што ќе се добие современа сообраќајница и апелираше до граѓаните за трпение додека траат градежните работи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорчев во работна посета на Вашингтон

Објавено пред

Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, е во работна посета на Вашингтон, каде што имаше свое обраќање во Сенатот на САД на парламентарниот форум за безбедност на кој учествуваат над 200 сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји од светот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ѓорчев посочи дека ова е одлична можност да се зборува за Македонија и македонските позиции истакнувајќи дека земјата ја гради својата надворешна и одбранбена политика врз македонските интереси, заедно со нашите сојузници во НАТО и билатералните односи со САД и затоа сите заедно мораме да ги зголемиме нашите одбранбени капацитети.

Тој потенцираше дека нашето сојузништво во НАТО ги зголемува нашите колективни капацитети, воедно додаде дека Македонија во април 2020 година ја очекуваат парламентарни избори и според сите анкети може да се очекуваат промени и нова влада, бидејќи сега македонската економија стагнира, инвестициите се ниски, а младите масовно заминуваат.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека на Македонија ѝ треба Влада која ќе донесе силен економски развој и инвестиции, а сето тоа ќе овозможи Македонија повеќе да вложува во одбраната и безбедноста.

Ѓорчев констатираше дека ќе продолжат да се развиваат билатералните односи меѓу Македонија и САД во делот на економијата, инвестициите, одбраната, дипломатијата и сите други области, при што се заблагодари за можноста да се обрати и да даде поглед на работите од македонска перспектива“, соопшти партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски на средби со високи претставници во Париз

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денескa во Париз, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК, Игор Николов, имаа две билатерални средби. На првата средба се сретнаа со директорот за Европа во француското Министерство за Европа и надворешни работи, Фредерик Мондолини, и раководителот на одделот за Западен Балкан од Министерството за надворешни работи и Европа Томас Бертин. Втората билатерална средба беше со заменик-директорот на француското Министерство за надворешни работи и Европа, Жан Клод Трибулет, и раководителот на одделот за Европска Унија и надворешни односи, Дамиен Кристофари.

На средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека стратешки приоритет претставува членството во Европската Унија и напредокот кој зависи од спроведените реформи и чекори кои ќе придонесат за унапредување на стандардот.

Мицкоски посочи дека мора да се спроведат брзи чекори кои ќе ја сменат реалноста во Македонија во однос на растечкиот криминал, корупција во највисоките ешалони и нереформираниот правосуден систем кој денес го попречува нормалното функционирање на македонското општество.
Мицкоски посочи дека новата Влада по изборите на 12 април ќе има за задача да спроведе обнова која ќе опфати реформи, промени и борба против корупцијата, како и економски напредок.

„Неопходни се реформи кои ќе ја стимулираат економијата и унапредат стандардот, а воедно ќе се спроведе дигитализација во државната управа која ќе овозможи транспарентност и унапредување на квалитетот. Наместо премиерот да биде пречка за правдата, тој треба да биде промотор на правната држава“, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ19 минути

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија1 час

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ2 часа

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија4 часа

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија6 часа

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија7 часа

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет8 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет9 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет9 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија20 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет20 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет21 час

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа21 час

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет22 часа

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт22 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија1 ден

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа1 ден

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија1 ден

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија1 ден

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија1 ден

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Досие