Контакт

Македонија

Покренато обвинение против ексградоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, за несовесно работење во службата во врска со поставувањето на директорка на Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“.

Според обвинителниот предлог, Ристески по објавената одлука од страна на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ од Прилеп и распишаниот јавен конкурс во кој како посебен услов било предвидено работно искуство од 4 години по дипломирањето, донел решение со кое за директор избрал кандидатка која во времето на изборот имала работно искуство од 2 години и 6 месеци по дипломирањето и не го исполнувала посебниот услов предвиден во конкурсот.

Во истиот предмет, за избраната кандидатка е отфрлена кривичната пријава за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. „Имено, во конкретниот случај не произлезе дека осомничената на некаков начин ја искористила својата службена положба или овластување, дека ги пречекорила границите на своето службено овластување, па со тоа за себе или за друг да предизвикала некаква корист или на друг да му предизвикала некаква штета, ниту, пак, ова кривично дело е сторено при вршење јавни набавки или  на штета на буџетот на РМ“, соопшти Обвинителството.

Од таму додаваат дека надлежниот јавен обвинител утврдил дека незаконските дејствија со изборот на осомничената за директорка, иако таа не го исполнувала посебниот услов наведен во јавниот конкурс, ги сторил оној кој го извршил изборот.

Најново

Свет8 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет9 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава10 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...

Забава10 часа

Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето...

Спорт10 часа

Барселона незапирлива: oсум победи на осум натпревари, Хетафе испратен со три гола

Фудбалерите на Барселона ја продолжија совршената серија во шпанското првенство, совладувајќи го Хетафе со 3:0 на „Камп Ноу“ во осмото...

Забава11 часа

Грабеж на векот во Тоскана: украдени 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра

Најмалку седум маскирани крадци украле околу 30.000 шишиња вино, вредни пет милиони евра, од престижната винарија „Маркизи Антинори“ во Тоскана,...

Свет11 часа

(Видео) Авион заглави под мост во близина на Букурешт

Необична сцена е забележана на патиштата во Романија, каде што патнички авион што повеќе не е во употреба се заглавил...

Забава11 часа

Чарли Шин не можел да стои на нозе ниту да ги запомни репликите на последното снимање: креаторот на „Два и пол мажи“ откри детали

Креаторот на популарната серија „Два и пол мажи“, Чак Лор, откри дека актерот Чарли Шин бил во толку лоша состојба...

Спорт12 часа

Неверојатна грешка на Нојер: Баерн прими гол по само осум секунди и едвај извлече реми

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска одиграа нерешено 2:2 на гостувањето кај Аугсбург, во петтото коло од германската Бундеслига, а натпреварот...