Македонија
Полицискиот час викендов да почнува од 19 часот, Владата ќе го разгледува предлогот
За време на викендот полицискиот час да трае од 19 часот до 5 часот наутро, предлага Комисијата за заразни болести по денешниот состанок на кој денеска бил вклучен и Централниот штаб на Владата.
Овој предлог ќе се разгледува попладнево на денешната седница на Владата.
„Во однос на олабувањето на мерките останува да ја следиме состојбата во текот на денешниот ден, а потоа ќе излеземе со соодветни предлог-мерки кои ќе бидат доставени до Централниот штаб и до Владата“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
