Контакт

Македонија

Полскиот амбасадор на проштална средба со Џафери

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прими на проштална посета досегашниот амбасадор на Република Полска во земјата, Јацек Мултановски.

Како што информираат од Собранието, Џафери ја поздравил континуираната поддршка на Полска за евро-атлантската интеграција на Република Македонија и притоа му се заблагодарил на амбасадорот за ангажманот во текот на неговиот мандат за развој на пријателските односи меѓу двете држави.

Тој исто така рекол дека имајќи ја предвид поддршката од страна на Полска за Република Македонија и нејзината важна улога во регионот, е задоволен што Полска е вклучена во берлинскиот процес, особено со фактот што следниот самит во 2019 година ќе се одржи во Варшава.

Амбасадорот Мултановски ја потврдил поддршката на Полска и нејзината подготвеност да ги пренесе своите искуства во нашата држава и ја искористил пригодата во име на неговата земја да го поздрави постигнатиот договор со Република Грција, при што истакнал дека тоа е договор со кој се надмина долгогодишниот спор и се отвораат вратите за влез во НАТО и ЕУ.

Македонија

Претседавачот на ОБСЕ во посета на Северна Македонија

Објавено пред

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак, престојува во посета на Северна Македонија.

Лајчак ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик премиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој ќе се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседавачот на ОБСЕ ќе се сретне со претставници на граѓанскиот сектор од Северна Македонија и ќе го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, каде што ќе има прилика да разговара со децата кои учествуваа во проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, „Градиме мостови“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне сончево, од пладне пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град, информира УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 25 до 33 степени. УВ- индексот ќе биде 8.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.

До утре во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

В петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи. В понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

МТСП: Со Младинската гаранција ја намалуваме невработеноста кај младите

Објавено пред

Делегација од Министерството за труд и социјална политика, синдикатите и работодавачите од Северна Македонија, присуствуваат на Меѓународната конференција на трудот во Палатата на нациите во Женева, Швајцарија, на која истовремено се одбележува и 100 годишнината на Меѓународната организација на трудот. Во името на делегацијата на сесијата на која што присуствуваат преставници од над 180 земји се обрати Мирјана Алексевска, раководител на сектор за политики од областа на трудови право и политики за вработување.

Алексевска истакна дека овој јубилеј треба да не потсети на досегашните достигнувања во областа на трудот, но и да ја искористиме 100 годишнината како мотив за гледање нанапред во разрешувањето на динамичните односи кои ги носи современиот развој и технологијата.

,,За да ја намалиме невработеноста на младите во Северна Македонија втора година по ред ја имплементираме Гаранција за млади. Младинската гаранција е дел од Европските носечки иницијативи и има за цел да им обезбеди на младите лица, во период од четири месеци од пријавувањето во Агенцијата за вработување квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука, или практикантство. Во оваа прилика би сакала да информирам дека поставената цел е надмината и рализацијата Гаранцијата на млади во 2018 година која се пилотираше во три општини изнесуваше 41,7% што не охрабри и годинава да ја спроведуваме” рече Алексевска.

Гаранцијата за млади се спроведува со техничка помош на Меѓународната организација на трудот и Република Северна Македонија е прва земја во регионот која ја имплементира.

,,Во насока на нашата посветеност за побрзо вклучување на младите лица на пазарот на трудот донесовме и посебен Закон за практиканство, со кој се дава можност на млади невработени лица одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови и за тоа да им биде платено. Со тоа ја зголемуваме нивната вработливост “, рече Алексевска.

Владата и понатаму останува на патот на унапредување на работните услови, намалување на родовиот јаз и нееднаквоста во пазарот на трудот, свесна за значењето на социјалниот дијалог и заедничката борба на сите чинители за пристојна работа, во услови на слобода, еднаквост, сигурност и човечко достоинство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија13 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет13 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ15 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија16 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа18 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија20 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија20 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет20 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион21 час

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија22 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт23 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет23 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет24 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија24 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија1 ден

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток2 дена

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија2 дена

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Досие