Контакт

Македонија

Помпео на европска турнеја – по Италија и Црна Гора, ќе ја посети и земјава

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, до 6 октомври ќе биде на турнеја во Европа, во чии рамки ќе ги посети Италија, Ватикан, Црна Гора, Република Северна Македонија и Грција. Во делегацијата на Помпео е и заменикот на помошник-државниот секретар задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер, соопшти Стејт департментот.

Помпео, кој синоќа се сретна со италијанскиот премиер Џузепе Конте, ќе го посети Ватикан, каде што ќе се сретне со папата Франциско и кардиналот Пјетро Паролин, а во Рим ќе има средба и со претседателот Серџо Матарела, како и со министерот за надворешни работи, Луиџи ди Маја.

Американскиот државен секретар в петок ќе престојува во Црна Гора, каде што се планирани одвоени средби со претседателот Мило Ѓукановиќ, со премиерот Душко Марковиќ, како и со министерот за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ.

Потоа, Помпео се очекува да допатува во Република Северна Македонија, каде што ќе разговара со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и други владини претставници, а за време на обиколката на Охридското Езеро, предвидена е и посета на манастирскиот комплекс „Перивлептос“. Помпео ја завршува својата европска турнеја во Грција, каде што треба да се сретне со премиерот Кирјакос Мицотакис и министрите за надворешни работи и одбрана.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Тимчо Муцунски ќе учествува на собранието на Европската народна партија

Објавено пред

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на 14 и 15 октомври ќе присуствува на Политичкото собрание на Европската народна партија. Во текот на Собранието ќе се разгледаат повеќе клучни прашања и тоа: подготовка за престојниот Конгрес во Загреб каде ќе се избира нов претседател на ЕНП, статутарни промени во ЕНП, како и усвојување на заеднички буџет.

Во текот на Собранието се очекува да се отворат актуелни прашања од значење за Европската Унија како што се Брегзит, потребите од внатрешна реформа, и секако статусот на проширувањето.Покрај редовните средби со претставниците на сестринските партии во Политичкото собрание, Муцунски ќе оствари средби и со повеќе европарламентарци како и претставници на Европската комисија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Објавено пред

Општина Аеродром во соработка со Центарот за јавно здравје го почна спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата територија на Општината. Акцијата почна минатата недела и ќе трае во наредните три недели.

При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во Општината.

Од општината појаснуваат дека есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Објавено пред

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, ќе претседава премиерот Зоран Заев, и на неа ќе присуствуваат сите министри во Владата, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар.

На оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на овие општини. За таа цел, во текот на денот, на седницата ќе ѝ претходат повеќе теренски активности.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Прилеп-Тополчани-Битола, по што ќе следуваат изјави за медиумите. Настанот е предвидено да се одржи во 11:00 часот на влезот во Битола (клучка кај Могила).

Во 12 часот увид во напредокот на изградба на пречистителна станица за отпадни води во подпелистерските села Трново и Магарево ќе извршат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули придружуван од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Здравствениот дом во Битола, кадешто пред 1 месец се пушти во употреба реновираната Служба за итна медицинска помош. Во 13:15 часот, следат изјави за медиумите на министерот Венко Филипче и директорката на јавно-здравствената установа Весна Спирковска и градоначалничката Наташа Петровска за досега сработеното во овој здравствен дом.

Во рамките на агендата на министрите по повод одржувањето на седницата на Владата на Северна Македонија во Битола, во посета на РЕК Битола, ќе биде заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, кои ќе ја промовираат и мерката за инвертер клими, во присуство градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, како општина опфатена во првата фаза со оваа мерка. Посетата во РЕК Битола, и изјавите на владините претставници и градоначалничката е предвидено да се оствари во 15:00 часот.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со градоначалничката на Битола Наташа Петровска ќе посети неколку мали групни домови во општината. Оваа обиколка на малите групни домови е предвидено да започне во 17:00 часот, вклучително со изјавите на медиумите. Локацијата на малите групни домови е на адреса: ул. Леринска бр. 47.

Непосредно пред почетокот на 159-тата редовна седница на Владата на Република Северна Македонија која ќе се одржи во Битола, е предвидена и изјава на премиерот Зоран Заев, пред зградата на Општина Битола во 17:50 часот.

Оваа седница, како прва во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, со учество на градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар, ќе започне во 18:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Битола. Отворениот дел на седницата ќе биде од 18:00 – 18:15 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа1 час

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа2 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт11 час

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија16 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ18 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион19 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура19 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија22 часа

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија22 часа

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа23 часа

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија1 ден

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 ден

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија2 дена

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Спорт2 дена

Македонија подготвена за полската „стапица“ (галерија)

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови арената“ во Варшава, каде што утре од 20.45 часот не...

Македонија2 дена

Соботка: Блокирањето на преговорите штети на кредибилтетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој...

Македонија2 дена

Европската народна партија повика на започнување разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија

Следната недела, земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ќе се соочат со стратешки избор во врска со започнувањето на пристапните преговори...

Досие