Македонија
Пониски утрински температури во земјата, најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -8 степени, -4 било во Крушево и Маврови Анови, -1 во Берово, 0 во Крива Паланка, Прилеп, Охрид, Битола, Тетово, Куманово и Претор, 1 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Штип, Виница, Велес и Струмица, 3 во Скопје-Петровец, 4 во Кавадарци, 5 во Демир Капија, 6 во Гевгелија.
Наврнат воден талог во изминатите 24 часа (во l/m2)
9 Охрид, Маврови Анови, 6 Крушево, 5 Крива Паланка, Берово, Пожаране, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 3 Битола, Штип, Попова Шапка, 2 Прилеп, Виница, Претор, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Пожар.
Висина на снежна покривка во 07 часот (во сm)
6 Крушево, 1 Охрид.
Времето денеска
Променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.