Македонија
Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија
По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни претпријатија започнаа со интервенции за санирање на состојбата.
Најкритична е состојбата кај стариот објект „Прогрес“, каде што се излеа каналот од реката Курделес. Поради тоа, сообраќајот е отежнат на улицата „Македонска фаланга“ (поранешна „Иво Лола Рибар“) на потегот кон Железничката станица, соопшти Општина Битола.

Интервенции се вршат и на улицата „Солунска“ во населбата „Боримечка“, на Лавчански пат, како и во населбата „Стрчин“.
Екипите продолжуваат со работа на терен и ќе останат мобилизирани поради најавите за продолжување на врнежите.
Во акциите се вклучени екипи од „Битолско поле“, „Водовод“ и „Стрежево“, а најавени се интервенции и во селата Кравари, Канино, Лера, Горно Српци, како и долж реката Црна, во потесното и поширокото градско подрачје на општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Гореше приколка од камион на регионалниот пат Струмица-Валандово: интервенираа струмичките пожарникари
Денес, во 14.20 часот, на регионалниот пат Струмица-Валандово, ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена приколка од камион.
Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место, извести ТППЕ Струмица.
Македонија
(Фото) 335 ученици од основни училишта учествуваа на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.
Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови.

Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата.
„Највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот каде опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце одговарав на низа прашања врзани за детството и училишните денови, професорската работа и претседателските обврски.
Потсетувајќи се на првите учители кои ми ја всадија љубовта кон книгите, на учениците им порачав: да го негуваат другарството, да се почитуваат, да поставуваат прашања и да не се плашат да размислуваат поинаку, оти токму љубопитноста е почеток на секое учење, а знаењето останува најсигурниот сопатник низ животот“, вели претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова.
Македонија
Времето утре: променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
