Контакт

Македонија

Попладнево ќе дува силен северозападен ветер, ноќеска слаби врнежи од дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста проследено со слаби врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, локално со брзина и над 100 километри на час, што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени, а максималните од 15 до 23 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува силен северозападен ветер. Преку ноќта ќе има слаби врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 5 до 21 степен.

В четврток сè уште ќе дува засилен северен ветер и ќе биде студено, но сончево. В петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.

Македонија

Продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193

Објавено пред

На почетокот на есента и речиси еден месец пред почетокот на грејната сезона Градот Скопје ја продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Оваа кампања која игра сериозна улога во намалувањето на аерозагадувањето во Скопје се спроведува четврта година по ред и дава одлични резултати.

„ Знаеме дека палењето огнови на отворено најчесто е последица на несовесноста на одредени граѓани, но тоа често е и единствен начин за затоплување во студените зимски денови на нашите сограѓани кои немаат соодветно сместување. Она што претставува дополнителен проблем е што во ваквите случаи овие луѓе најчесто горат пластика, гуми, неквалитетни дрва и друго кои многу придонесуваат за загадување на воздухот. Четврта година по ред одговорно му пристапуваме на овој проблем. Подаваме рака на сите сограѓани. Сите заедно можеме да го спречиме палењето огнови на отворено, а со тоа да го намалиме загадувањето на воздухот. Но, истовремено водиме грижа и да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Град Скопје преку сопствениот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Само во текот на оваа година на телефонскиот број 193 досега се пријавени 49 огнови на отворено. Минатата 2019 година биле пријавени 162 огнови на отворено, во 2018 година – 251, а во 2017 година кога почна оваа кампања, за неполн месец биле пријавени 54 огнови на отворено.

„ Од тие причини уште еднаш ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193. Тука сакам да нагласам дека телефонското пријавување преку 193 е најбрзиот и најефикасниот начин на пријавување. Тоа е бројот на противпожарната единица која е единствената служба која има брз и проверен систем за реакција и ги покренува сите потребни служби со цел мешаните тимови навреме да излезат на терен. Дежурните екипи ќе ги процесираат сите пријави, односно огновите ќе бидат изгаснати, а нашите сограѓани кои ги палат огновите заради затоплување ќе бидат упатени во еден од згрижувачките центри. Затоа, наместо објавување на Фејсбук или на другите социјални мрежи ги повикувам граѓаните да пријавуваат исклучиво на 193. Природата на оваа работа е таква што тимовите можат да работат ефикасно само доколку се реагира брзо на единствениот проверен начин, а тоа е телефонскиот повик на 193. Се друго е непотребно губење време – нагласи Шилегов.

Оваа кампања, заедно со кампањата за спречување на палењето стрништа, односно остатоците од берба и субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата се едни од најважните кампањи на Градот Скопје за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Објавено пред

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот на СОНК, Јаким Неделков, денеска го посетија основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“, каде што разговараа со наставниците за подготовките за почетокот на училишната година.

Министерската Царовска нагласи дека оваа училишна година почнува во услови на пандемија, со многу предизвици, но она што е важно е сите заедно да покажеме грижа кон децата и нивниот развој и затоа наставата мора да почне.

„Помина обуката на националните тренери, секој од нив обучи по 40 наставници, што значи околу 1.600 наставници, коишто сега ја спуштаат обуката во самите училишта. Од денеска  лозинките за пристапување на учениците ќе се доставуваат до директорите и тие треба да ги спуштат на ниво на одделенија, за да може да влеземе во тестирање на платформата и нејзино оптоварување, со цел да ги видиме перформансите. Целиот процес е динамичен, го водиме транспарентно“, изјави министерката Царовска.

Учебната 2020/2021 носи многу предизвици, а министерката ја посочи подготвеноста за прилагодувања во од, согласно промените на епидемиолошката состојба.

„За да овој процес биде успешен и да имаме добра учебна 2020/2021 година, навистина ни се потребни сите наставници, сите директори, синдикатот, родителите и учениците за да може да се прилагодуваме согласно настанатите услови. Ковид е состојба која мораме со заеднички сили да ја надминеме најдобро што можеме, секако да се грижиме за здравјето на наставниците и учениците, но и да се погрижиме образованието да тече со квалитет што ќе може да се обезбеди во една ваква пандемија“, укажа Царовска.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Темелковски, рече дека ова е една од редовните координации со МОН за одвивањето на подготовките и постапувањето по протоколите за почеток на наставата.

„Општина Кисела Вода целосно ги почитува сите препораки. Дополнително како општина, со ребаланс на буџетот, за сите општински училишта ќе обезбедиме дополнителни средства за обезбедување технички помагала, така што сите училишта ќе бидат целосно подготвени за да можат да отпочнат со онлајн настава. Само преку координација и соработка меѓу сите министерства и институции може полесно да ја поминеме оваа состојба и да обезбедиме квалитетна едукација за најмладите, а тоа е основна цел на секое училиште“, изјави Темелковски.

За синдикатот, важно е што сите чинители на воспитно-образовниот процес заеднички соработуваат, зашто само така може, во период на пандемија, навреме и успешно да почне новата учебна година.

„Во духот на коректниот социјален дијалог и партнерство денеска сме овде повеќе социјални партнери на повеќе нивоа, коишто директно сме инволвирани во подготовка и реализација на образовниот процес. Ние како синдикат, организација којашто се грижи за обезбедување на правата на нашите членови, на вработените, денес може да констатираме во однос на подготовката на ова основно училиште, се разбира и на другите основни и средни училишта на национално ниво, до каде се подготовките во однос на обезбедување на мерките од протоколите, подготовките за обезбедување техничка поддршка за онлајн настава, до каде се препораките за обезбедување здрава работна средина на вработените во период на пандемија, како ќе се организира физичката настава, како ќе се делат групи, како ќе функционира онлајн наставата. Ова е добар пример на заедничка соработка на сите чинители на воспитно-образовниот проце. Ние како синдикат сме тука за да помогнеме на актуелните власти кои ја имаат најголемата одговорност за обезбедување коректни услови за отпочнување на учебната година. Тука сме за да бидеме коректори, да бидеме гласни, да укажуваме за сè она што не е направено, а мора да се направи за да сите заеднички, безбедно и успешно ја почнеме и завршиме оваа учебна година“, изјави Неделков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кузеска: Со изборот на Мизрахи во Извршниот комитет, Мицкоски ја потврди антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ,

Објавено пред

Со изборот на Рашела Мизрахи за член на Извршниот комитет се потврдува дека ВМРО ДПМНЕ е против интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, изјави на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа вели дека составот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, скроен по желба на Христијан Мицкоски, има единствена цел да му ја спаси лидерската фотелја во белата палата.

„Мицкоски ја избра токму Рашела Мизрахи да го брани пред своите, пред членовите на ВМРО ДПМНЕ, истата која како министерка во техничката Влада ги спроведуваше деструктивните политики на Мицкоски, за што го прекрши Уставот и постоеше опасност да го загрози евроинтегративниот процес на земјата. Наместо да работи на обезбедување услови за фер и демократски избори, што е и главната е единствена функција на техничката Влада, Мизрахи спроведуваше евтин популизам, водена од партиските интереси и интересите на Мицкоски, за што и беше разрешена од Собранието на Република Северна Македонија“, рече Кузеска.

Додаде дека главната цел на Мицкоски, којашто се обидувал да ја реализира преку Мизрахи, била да се поткопа успехот на државата и да се загрози процесот за влез во Европската Унија.

СДСМ обвинува дека Мицкоски и неговиот Извршен комитет немаат намера да делуваат конструктивно, ниту сакаат државата да ја видат во ЕУ, туку единствена цел им е спас на Христијан Мицкоски и спроведување  наредби од Никола Груевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Регион2 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Македонија2 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија2 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Европа3 часа

Германија ја шири „црната“ листа

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус...

Македонија4 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа4 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија5 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа5 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет6 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет16 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет17 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет19 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет20 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија20 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија20 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија22 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија22 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион22 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Досие