Контакт

Македонија

Попладне пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во ноќните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено во крајните северни планински делови.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ=7

Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 25 до 32 степени.

Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температура 16/29 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени. В сабота кон крајот на денот и в недела ќе има зголемување на облачноста, која ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи.

Македонија

МАН: Осуда за насилството врз новинарката Мирјана Мирчевска

Објавено пред

МАН остро го осудува инцидентот за време на денешната манифестација по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, во кој беше повредена новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија.

„Очекуваме од агенцијата „Никоб“ најпрво сами да го расчистат насилството и да ги пријават насилниците во полиција.
МВР мора што побрзо да го расчисти случајот, а виновниците да бидат санкционирани.

Правниот тим на Македонската асоцијација на новинари ѝ стои на располагање на новинарката Мирјана Мирчевска“ се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

ССНМ ги осуди нападите врз новинари и фоторепортери од страна на обезбедувачите на МПЦ

Објавено пред

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) најостро ги осудува денешните физички напади врз новинари и фоторепортери од страна на обезбедувањето ангажирано од Македонската православна црква (МПЦ) за манифестацијата фрлање на крстот во Скопје по повод верскиот празник Водици, соопшти ССНМ.

„Според изјавите од напднатите колеги, како и од наши членови очевидци на инцидентот, обезбедувачите од агенцијата „НИКОБ“, грубо физички се однесувале кон новинарката на Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, кон фоторепортерката од МИА, Ивана Батев и кон фоторепортерот од Република, Александар Ивановски. Новинарката на Канал 5 притоа има здобиено повреди на раката и вратот, поради што ѝ била укажана лекарска помош во Универзитетската хируршка болница „Св. Наум Охридски“.

ССНМ бара од полицијата и Основното јавно обвинителство темелно да го истражат инцидентот и соодветно да ги казнат напаѓачите, со што ќе пратат порака дека нема толеранција за каков било напад врз новинари или врз медиумски работници, а особено не за физичко насилство при вршење на основната дејност – информирање на јавноста.

Ова дотолку повеќе го бараме затоа што ова не е прв инцидент со обезбедувачи на МПЦ за време на Водици, поради што за одговорна ја сметаме и МПЦ и второ, затоа што со практика на неажурност на надлежните дополнително се придонесува кон охрабрување на напади врз новинари и медиумски работници.

Прикажи повеќе...

Македонија

СЕММ го осуди физичкиот напад врз новинарката на Канал 5

Објавено пред

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува денешниот случај на физички напад врз новинарката на Канал 5 Телевизија Мирјана Мирчевска – Јовановиќ која известувала од манифестацијата за одбележување на Водици во Скопје.

„Инцидентот кој бил предизвикан кога новинарката била нападната од вработени во агенцијата за обезбедување „Никоб“ ангажирана од МПЦ, претставува напад врз безбедноста на новинарите при професионалното извршување на нивната работа“ се вели во соопштението.

За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од закани и притисоци.

Државата, како што велат од СЕММ, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија10 часа

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет11 час

Трамп најави важна објава

Американскиот претседател Доналд Трамп најави важна објава во врска со блокадата на работата на федералната влада. Неговата најава следи во...

Свет12 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговиот закон за прекувремени часови, кој досега неколкупати...

Свет13 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија14 часа

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ15 часа

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион17 часа

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија17 часа

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија19 часа

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија20 часа

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија20 часа

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Свет1 ден

Втората средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи кон крајот на февруари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа...

Регион1 ден

(Видео) Објавена снимка од свечениот ручек во Белград: Дачиќ пее, а Путин ракоплеска

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на...

Истражувања2 дена

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија2 дена

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија2 дена

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ2 дена

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија2 дена

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија2 дена

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Досие