Македонија
Владата со 50 милиони денари ќе ги помага весниците

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, одржа прес-конференција на која ја соопшти одлуката на владата за Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми.
Според оваа одлука, за печатените медиуми во тековната година од буџетот на Република Македонија се издвоени 50 милиони денари за покривање на трошоците за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2017, и тоа во висина до 50 проценти за печатените медиуми на македонски јазик, и во висина од најмалку 50 отсто, но не повеќе од 70 проценти за печатените изданија на јазиците на другите етнички заедници.
Овие средства, нагласи министерот Поповски, ќе бидат распределени на печатените медиуми исклучиво доколку тие ги исполнат сите предвидени критериуми содржани во програмата, кои беа целосно подготвени од страна на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми, чиј претседател Лирим Дулови и членови на асоцијацијата, беа денеска присутни на прес-конференцијата во Владата на Република Македонија.
Поповски нагласи дека оваа програма на Владата е целосно спроведена според принципите за учество и инклузивност на засегнатите страни, овој пат претставниците на печатените медиуми.
„Критериумите за добивање на помошта се во целост усогласени со меѓународните стандарди, што е уште еден принципи според кој се раководеше Владата, прифаќајќи ги најдобрите практики на Европската Унија за поддршка на печатените медиуми кои во секое демократско општество се столбот, фундаментот на објективното, независното и професионално новинарство“, потенцираше министерот Поповски.
Програмата за поддршка за печатените медиуми е во согласност со препораките нотирани во извештаите на Рајнхард Прибе, и на високата група на експерти за реформи во медиумите, потсети Поповски и додаде дека програмата ја добила максималната поддршка од ОБСЕ, и од сите останати меѓународни организации, како база на професионалното новинарство ќе помогне во справувањето со лажните вести и зголемувањето на медиумската писменост.
На прес-конференцијата во Владата на Република Македонија, претседателот на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми, Лирим Дулови, како и другите членови на оваа асоцијација ја поздравија реализацијата на оваа владина програма како мерка што ќе го помогне професионалното и одговорно новинарство и која ја враќа надежта меѓу новинарите од печатените медиуми за поддршка на нивните напори да бидат учесници во справувањето со лажните вести и за зголемувањето на медиумската писменост.
Министерот Поповски на новинарските прашања за оваа мерка потенцираше дека Владата на РМ останува и понатаму отворена за соработка и за секоја добра иницијатива која ќе значи усовршување на мерката во интерес на новинарите и на јавноста која очекува објективно и одговорно новинарство
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Чаир е на Ахмети и на ДУИ, порача Груби

Демократската унија за интеграција со митинг во Чаир.
На митингот присуствуваат лидерот на партијата Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери и министри од редовите на ДУИ.
Вицепремиерот Артан Груби пред почетокот кажа дека митингот е продолжение на собирите што ги имаше ДУИ во Тетово, Гостивар, Желино, Врапчиште и други општини, и најави продолжение и по другите ограноци на партијата.
Тој демантираше дека луѓето на митингот се дојдени под притисок. Напротив, според него собирот се одржува во убава атмосфера, спектакуларно и ќе бидат испратени убави пораки.
„Чаир е на Али Ахмети и на ДУИ, порача Груби, негирајќи дека станува збор за реваншизам кон Изет Меџити од „огнената група“.
Додаде дека Меџити, бил поканет, но, како што наведе, „на крајот на краиштата никој не се кани во својот дом“.
Македонија
(Видео) Ахмети прави спектакл во сала, улиците претворени во паркинг

Засилено полициско присуство на дел од улиците во Чаир, а колони од автомобили се паркирани на улицата Христијан Тодоровски Карпош во оваа општина. Очевидци коментираат дека ДУИ запоседна дел од улиците за свои паркинзи.
Причината е најавуваниот митинг од страна на ДУИ.
Во Чаир пристигна лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од неговите партиски колеги, Талат Џафери и владините министри.
„Синиот океан Чаир му припаѓа само на Али Ахмети! Те сакам многу“, напиша на социјалните мрежи Артан Груби пред почетокот на настанот.
Македонија
Македонците се најнесреќни на Балканот, според светскиот извештај за среќа

Граѓаните на Северна Македонија се најнесреќни во регионот, покажува најновиот Светски извештај за среќа за 2023 година.
Спoред медиумите во регионот, Северна Македонија е на 87 место меѓу 137 земји, на последно место на Балканот и меѓу најнесреќните земји во Европа.
Во регионот Словенија е најсреќна и се наоѓа на 22 место, Косово е на 34 место, Србија на 45, Хрватска на 48, Грција на 58 место, Црна Гора на 67, Босна и Херцеговина на 71, Бугарија на 77 и Албанија на 83 место на светскиот извештај за среќа.
Само Грузија (90 место), Украина (92) и Турција (106) се рангирани пониско од Северна Македонија, е наведено во извештајот.
Авганистан и Либан се најнесреќните земји во светот, Финците се најсреќни, а во првите пет се и Данска, Исланд, Израел и Холандија.
Ова е 11-та година од објавувањето на извештајот за 20 март – Меѓународниот ден на среќата, кој беше прогласен од Генералното собрание на Обединетите нации во 2012 година.
Извештајот секоја година го составуваат научници од Соединетите Американски Држави врз основа на анкети на Институтот Галуп, кој опфаќа 137 земји.