Контакт

Македонија

Поради брзо возење, казнети над 60 возачи викендов во Скопје

Објавено пред

Во текот на изминатите три дена во Скопје биле преземени мерки и активности и било констатирано дека 64 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од МВР велат дека од сообраќај биле исклучени 77 возачи од кои: 71 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 52 возила бидејќи 50 биле нерегистрирани и две возила поради претовар. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 16 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување  моторно возило и 37 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се четири пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 201 мандатен платен налог и 145 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Македонија

(Видео) Пешевска: Мерната станица во Гази Баба не е во функција од сомнителни причини

Објавено пред

Изминатиов период бележиме алармантни статистички податоци кои ги добиваме од светските организации, но и огромен број на реакции од граѓаните во однос на енормно загадениот воздух во градовите ширум републиката, изјави на прес-конференција, Жаклина Пешевска пратеник на пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како пратеник кој доаѓа од Општина Гази Баба, морам да напоменам дека како и во неколку други општини во град Скопје, така и во оваа, мерната станица, од сомнителни и неразбирливи причини не е во функција веќе извесен период. Но и без тоа граѓаните чувствуваат дека воздухот во Општина Гази Баба е загаден. Пред само неколку дена, се појавија шокантни податоци за присуство на ПМ 10 честичките во воздухот во Општина Гази Баба за потоа да слушнеме дека мерната станица не била исправна, а податоците не биле релевантни“, рече Пешевска.

Таа додаде дека заменик министерот за животна средина и Владата се обидуваат да го релативизираат проблемот со загадениот воздух во Македонија, велејќи дека дури 90 проценти од населението во Европа диши загаден воздух.

„Оваа теза ја промовира истиот тој заменик министер за животна средина кој два дена се криеше од јавноста и избегнуваше да даде одговори за хаваријата која што се случи пред неколку денови во фабриката „Охис“. Ова е крајно лицемерно и неодговорно однесување на власта во однос на ова прашање, бидејќи токму СДСМ во предизборието на големо ветуваше живот за сите, чист воздух за сите и се обврза да го намали загадувањето на воздухот до 2020 година во: Скопје до 50%, а во другите градови од 30 до 50%. Како и за сите останати работи и од ова произлезе уште една голема лага и предизборна манипулација која СДСМ ја пласираше пред граѓаните со цел да ја добие нивната доверба, но за жал тие останаа измамени“, заклучи Пешевска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Еврокомесарот Аврамопулос: Продолжете кон остварување на членството во ЕУ

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше билатерална средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции на Европската комисија, Димитрис Аврамопулос кој утре ќе учествува и во работниот дел од Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од регионот.

На средбата со еврокомесарот Аврамопулос, министерот Спасовски, меѓу другото, пренесувајќи ја благодарноста за укажаната доверба нашата земја да биде домаќин на овој значаен собир, ги нотираше низата активности што Владата на Република Северна Македонија ги реализираше изминативе две и пол години, за придвижување на европската агенда на земјата, односно за враќање на земјата на патот на ЕУ.

Притоа Спасовски потенцираше дека се решени непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија, и благодарение на силно изразената политичка волја и мотивираност пред нашата држава и граѓаните повторно стои извесната европска перспектива за полноправно наше асоцирање во ЕУ. Покрај ова министерот Спасовски ја нагласи и важната поддршка од пријателите, членки на Европската Унија во процесот на евроинтегрирање.

Иако недобивањето на датум за преговори за членство во ЕУ на последниот Европски Совет, објективно претставуваше големо разочарување, сепак од страна на еврокомесарот Аврамопулос уште еднаш беше изразена силната поддршка и охрабрување да продолжиме кон остварување на полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна тема беше нон пејперот подготвен од страна на Франција, a во кој се содржани иницијативите на француската држава и претседателот Макрон за реформа на методологијата и начинот на кој би се одвивале преговорите за проширување на Европската Унија во иднина.

„Самата содржина на иницијативата, но и брзината со која Франција излезе со оваа иницијатива, на само еден месец од октомвриските самити, покажува дека процесот на европско интегрирање на целиот регион, а со тоа и на земјава, не е запрен, туку тече со солидна динамика“, истакна Османи потенцирајќи притоа дека иницијативата е веќе испратена до земјите членки, кои веќе работат на неа, што укажува на фактот дека процесот се движи, изразувајќи притоа и надеж дека набргу може да се очекува нова методологија, која ќе овозможи почеток на преговорите со ЕУ.

За време на средбата, вицепремиерот Османи изрази благодарност до Франција и амбасадорот Тимоние за инклузивноста со која се гради овој процес вклучувајќи ги и земјите што преговараат и очекуваат да го почнат овој процес, како и за прецизноста со која се потврдува поддршката од страна на Франција за европските перспективи на целиот регион.

„Веројатно, најважната компонента на овој документ претставува јасната и недвосмислена потврда дека главната цел на преговроите претставува полноправно членство во Унијата, со што се затвораат сите шпекулации за разни алтернативни и асоцијативни членства и што го враќа процесот на европско интегрирање на земјите од Западен Балкан во негова целосна ширина“, истакна Османи.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија6 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија6 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија7 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија7 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет9 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет10 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија10 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија11 час

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија21 час

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет22 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа23 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет1 ден

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија1 ден

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет1 ден

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет1 ден

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Досие