Македонија
Поради врнежи од снег, забрана за камиони на патот Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево

Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за движење на камиони на патот од Маврово кон Дебар, како и на патот од Гостивар кон Кичево.
„Поради врнежи од снег, во 18.20 часот од превентивни причини се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и патен правец Гостивар – Стража – Кичево“, соопшти АМСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Карпош ќе додели еднократна финансиска помош на лицата со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Карпош со одлука на Советот на локалната самоуправа ќе додели околу 500.000 денари еднократна финансиска помош за своите сограѓани, кои спаѓаат во оваа категорија на лица.
Членовите на Советот, исто така, на денешната седница одобрија 100.000 денари финансиски средства за набавка на еколошки и дидактички материјали и играчки за децата од предучилишните установи, додека на Пливачкиот клуб „ АКВА ПРО АКАДЕМИЈА Мартин Стефановски“ за организација на новогодишен пливачки натпревар „ Аква Про- Дедо Мраз“ ќе бидат доделени 100.000 денари парична поддршка.
Македонија
Марш на сексуалните работници на 17 декември во Скопје

Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР на 17 декември во Скопје ќе го одржи традиционалниот Марш на црвениот чадор, во рамките на кампањата за одбележување Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
Дванаесеттиот марш ќе започне во 12 часот пред платото на спомен-куќата на Мајка Тереза на улица Македонија.
Оваа година кампањата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници е посветена на борбата против родово-базираното насилство.
„Искуствата и статистиките во светот и кај нас покажуваат дека жените и трансродовите сексуални работници се најмногу изложени на насилство во секоја форма. Голем е бројот на сексуални работници кои секојдневно трпат физичко и психичко насилство, но малкумина од нив се охрабрени истото да го пријават во полиција. Насилството, нападите, злоупотребувањата и нееднаквиот третман врз сексуалните работници мора да се елиминираат, а тоа ќе го постигнеме само ако сексуалните работници се третираат еднакво пред законите и се почитуваат нивните човекови права и слободниот избор“, велат од СТАР-СТАР.
Македонија
Шекеринска: Северна Македонија донесе пресврт и дома и на Западен Балкан

Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денес во Брисел учествуваше на состанокот на лидери на партии на Партијата на европски социјалисти.
,,И Владата и Европската комисија го споделуваат истото мислење – Северна Македонија донесе пресврт и дома и на Западен Балкан, направи круцијални, историски чекори напред и заслужи да ги почне преговорите за членство”, рече Шекеринска.
Таа истакна дека крајната цел за сите граѓани е земјата да функционира европски, да биде вистинска современа демократија и дека тој процес ќе биде брз и ефикасен единствено преку отворање и затворање на европските поглавја.
„Членството во Унијата е една од двете главни надворешно-политички цели на државата со децении. Државата припаѓа на обединета Европа, и културно и географски и според вредностите кои се втемелени во македонското општество. За нас нема друга опција освен полноправното членство во ЕУ и затоа сме фокусирани на тој пат“, рече Шекеринска.
На состанокот присуствуваа и новата финска премиерка Сана Марин, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Јозеп Борел, претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, шведскиот премиер Стефан Лофвен, шпанскиот премиер и мандатар Педро Санчез, поранешните премиери на Грција Алексис Ципрас и на Бугарија, Сергеј Станишев.
Во кусиот разговор Шекеринска му честиташе на Борел за новата функција и рече дека очекува продолжување на соработката со нашата земја и почеток на преговори за членство. Во разговорот со премиерот и мандатар на Шпанија Санчез заменичката на претседателот на СДСМ ја истакна важноста од брзата ратификација на протоколот за НАТО од страна на неговата земја, на што премиерот и мандатар одговори дека Шпанија ќе стори сè да го заокружи навреме ратификацискиот процес.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми