Контакт

Македонија

Поради градежни зафати пренасочен сообраќајот кај клучката Градско

Објавено пред

Поради изведување на градежни работи на експресниот пат од Градско до Дреново, поточно кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 ќе се одвива со девијации, односно пренасочување.

Пренасочувањето на сообраќајот е предвидено да трае во наредните 4 (четири) дена, почнувајќи од 29.10.2021 година, соопшти АМСМ.

Од таму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија

Словенечкиот вицепремиер Здравко Почивалшек утре во официјална посета на Македонија

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за економски развој и технологија на Република Словенија, Здравко Почивалшек утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Почивалшек ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши по што ќе биде реализирана билатерална средба на двајцата министри.

Двајцата соговорници ќе разговараат за унапредување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји.

Почивалшек и делегацијата од Словенија ќе пристигне во Министерството за економија во 11 часот, а по средбата се предвидени изјави.

Прикажи повеќе...

Македонија

15 починати и 355 новозаразени со Ковид-19

Објавено пред

Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 217.025.

Оздравени се 2.308 пациенти – пријавени се 15 починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.042 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14, Радовиш – 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 4, Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 2.308 оздравени пациенти од: Скопје – 1.153, Велес – 141, Охрид – 106, Прилеп – 105, Битола – 99, Кавадарци – 79, Куманово – 62, Струмица – 52, Тетово и Штип – по 45, Гевгелија и Крива Паланка – по 39, Кичево и Кочани – по 38, Македонска Каменица – 33, Свети Николе – 30, Ресен – 28, Струга – 25, Делчево – 23, Радовиш – 18, Гостивар, Виница и Демир Хисар – по 16, Неготино и Валандово – по 14, Берово – 12, Богданци – 6, Крушево – 4, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Дојран – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Направени се 3.042 тестови преку: ИЈЗ-319, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-74, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–134, Жан Митрев (Филип Втори)-41, Авицена-138, Биотек-183, Систина-70, лабораторија Лаор-155, Синлаб-15, Ремедика-16, Плодност–32, Генеа-11, Никоб лаб-553, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-54, Ројал Медика–21, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 989.

Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео)Петровска: ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од режимската матрица

Објавено пред

“Во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема никаква промена. Таму е присутна истата режимска матрица на Никола Груевски. Последен доказ за тоа е и враќањето на висока партиска функција на кумот на Груевски и поранешен министер за финансии Зоран Ставрески.” изјави пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска,на денешната прес конференција.

“Тоа е истиот Ставрески кој во 2012 на црниот понеделник даде налог на собраниското обезбедување насилно да ги исфрли прво новинарите, а потоа и пратениците од собраниската сала.
Ставрески кој како министер за финансии ја презадолжи државата за да се финансира проектот Скопје 2014. Ставревски кој беше десна рака на Никола Груевски во водењето погубни економски политики за што тој самиот кажа „Трошиме за чоколадо а немаме ни за леб“Денес, тој ист Зоран Ставрески ќе ја контролира работата и ќе им наредува на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.” изјави Петровска

Според владачката партија, се појасно станува брзањето на Мицковски да ја превземете власта. Под притисок на бегалецот од Будимпешта, правите план за негово враќање. По негова насока ги враќате на пртиски позиции неговите најблиски соработници.

“На Република Северна Македонија и е потребна интеграција со светските демократски текови, а не враќање во минатото.” додава Петровска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Путин и Бајден во вторник ќе разговараат за Украина

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат во вторник на 7 декември, соопшти Кремљ....

Свет3 часа

(Видео) Инциденти и апсења на протестите во Австрија – полицијата употреби бибер спреј

Во центарот на Виена попладнево се одржуваат бројни протести на противниците на ковид-мерките и задолжителната вакцинација, поради што многу улици...

Свет4 часа

Русија е можно во јануари да ја нападне Украина, тврди украинскиот министер за одбрана

Американскиот државен секретар Ентони Блинкинен го предупреди својот руски колега дека Москва ќе плати „висока цена“ доколку ја нападне Украина....

Македонија4 часа

15 починати и 355 новозаразени со Ковид-19

Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19...

Македонија7 часа

Владата ги замрзна цените на основните артикли

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на...

Регион8 часа

Омикрон се поблиску до нас – Потврден прв случај во Хрватска

Новиот сој на корона вирусот, кој Светската здравствена организација (СЗО) го нарече омикрон, официјално е регистриран во Хрватска. Оваа информација,...

Топ8 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Маџари, загина велосипедист

Велосипедист го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во 01.30 часот после полной во Маџари. Според инфорациите...

Свет9 часа

Уапсени родителите на тинејџерот кој изврши масакр во училиште во Мичиген

Џејмс и Џенифер Крамбли, родители на 15-годишниот Итан кој уби четворица ученици и рани седум други во масовно пукање во...

Европа10 часа

Тензично во Виена – Протестите против ковид мерките ќе го блокираат градот

Центарот на Виена попладнево ќе биде целосно блокиран поради бројните протести на противниците на мерките за Ковид и задолжителната вакцинација....

Свет11 час

Бајден подготвува план за руско-украинската криза

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот изјави дека развива обемни иницијативи за да му ја отежне инвазијата на рускиот претседател...

Свет1 ден

СЗО: Омикрон-варијантата е присутна во 38 земји

Омикрон-сојот на коронавирусот досега е потврден во 38 земји во светот, изјави денеска Марија ван Керхове, експерт од Светската здравствена...

Македонија1 ден

Од 10 декември почнува украсувањето на Скопје за Нова година

Од Град Скопје соопштија дека новогодишното украсување на Скопје ќе почне на 10 декември. „На повикот на градоначалничката на Скопје,...

Македонија1 ден

342 нови случаи на Ковид-19 и седум починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на...

Македонија1 ден

Димитров: Токму европската интеграција е процес во кој гледам шанса за обединување

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции при Собранието,...

Македонија1 ден

(Видео) Со највисоки државни почести преземени телата на загинатите – семејствата во тага и неверување

Со највисоки државни почести беа преземени телата на 45 македонски државјани кои трагично го загубија својот живот во автобуската несреќа...

Забава1 ден

Алек Болдвин навестува крај на кариерата по фаталното пукање

Алек Болдвин откри дека неговата актерска кариера најверојатно е завршена по фаталниот инцидент во кој загина снимателката Халина Хачинс на...

Свет1 ден

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Австрискиот министер за финансии, Гернот Блимел, најави оставка. Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан...

Свет1 ден

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица. САД воведоа ограничувања за...

Свет2 дена

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа2 дена

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Досие