Контакт

Македонија

Поради минирање, планинскиот премин Пресека – Врбјане утре ќе биде затворен

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.

Поради минирање, патниот правец, планинскиот премин Пресека – с. Врбјане, утре од 12 до 15 часот, во времетраење од 30 минути, ќе биде затворен за сообраќај, соопшти АМСМ.

Оттаму препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

763 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјата, слободни кревети има

Објавено пред

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 763 и има околу 350 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и суспектни на вирусот. Во Скопје тој број е 306, а во текот на последното деноноќие имало 24 нови приеми.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 72 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 78, во ковид-центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 6, Кавадарци 50, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во ковид-центрите низ Скопје утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во текот на денот да се ослободат и дополнителни легла.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бектеши: Oпозицијата да не го блокира заемот од Светската банка, кој е во интерес на граѓаните

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска побара од пратениците што побргу да го усвојат законот за задолжување во Светската банка и ја повика опозицијата да не ги кочи законите, кои, како што рече, значат поддршка за компаниите и за граѓаните.

„Сакам да ги повикам сите пратеници да го усвојат заемот од Светската банка, кој е пратен до Собранието, каде што ќе овозможи да се имплементираат проекти од страна на здравствените установи, кои се многу важни од страна на општините, но истовремено таму е предвидена и техничка помош за одредени институции во државата. Законот е блокиран од страна на опозицијата, поточно од ВМРО-ДПМНЕ неколку месеци“, рече министерот во однос на законот за задолжување во Светската банка за реализација на проекти за енергетска ефикасност.

Министерот побара и побргу да се донесат законите за реализација на мерките од петтиот сет.

„Што се однесува до законите што произлегуваат од петтиот сет мерки, јас сум убеден дека ќе бидат поддржани од страна на сите пратеници бидејќи тие се насочени и кон компаниите и кон зачувување на работните места во приватниот сектор и има мерки што директно влијаат врз загрозените граѓани во нашата држава“, посочи Бектеши.

Прикажи повеќе...

Македонија

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела.

„Еве, јас знам кога ќе пристигнат вакцините, но како да кажам ако не стигнат тогаш, ајде сепак ќе ви кажам“, колебајќи се ја сподели информацијата.

Досега единствените вакцини со кои располага Македонија се вакцините од „Фајзер“, кои ги добивме како донација од Србија и служат единствено за имунизација на здравствените работници од ковид-центрите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија1 час

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Македонија2 часа

Засилени инспекции во Маврово: голем број хотели директно ги испуштаат отпадните води во езерото

По претставка на граѓани, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖЗС) врши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот...

Топ3 часа

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ3 часа

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион4 часа

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа4 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет4 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија4 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион4 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет5 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа6 часа

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет6 часа

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет18 часа

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија18 часа

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет20 часа

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет22 часа

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Македонија1 ден

Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

„Фајзер-Бионтек“ ќе ни достави вкупно 800.280 вакцини, овој месец ќе пристигнат првите 21.000

Компанијата „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини, а испораката ќе се одвива во...

Македонија1 ден

МВР: Внимателно на социјалните мрежи, на „Тик-ток“ се шират повици опасни за малолетниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната...

Досие