Македонија
Поради одмазда за срушеното СЈО инволвирани сме во обвинителен акт, реагираат од „Орка холдинг“

Паричните средства со кои „Орка холдинг“ АД Скопје го купува уделот на „Сирах лимитед Белизе“ се обезбедени од сопствени средства на друштвото, односно компанијата и коресподентски банки не побарале дополнителна анализа на овие трансакции бидејќи се работи за редовни трансакции на средства кои потекнуваат од законски извори – утврди стручниот наод на судскиот вештак кој се образложуваше на денешното рочиште ,,Плацови на Водно’’, велат од „Орка холдинг“.
„Со образложението на судските вештаци ангажирани од страна на одбраната на Јордан Камчев се потврдува неоснованоста на обвинителниот акт, а со тоа и на целото дејствие кое им се наметнува на обвинетите. Стручниот наод на судските вештаци од областа на економијата и градежништвото е образложен и од истиот се утврдува дека активностите се целосно основани и не постои никаков спорен момент во истите или нешто кое на каков било начин посочува на незаконски активности, финансиски криминал или друго незаконско финансиско дејствие со кое би можело да биде извршена штета на буџетот на РСМ“, стои во нивното соопштение.
Во напишаното уште се наведува дека текот на активностите, продажбите на сите удели, како и добивките од истите секогаш се уредно прокнижени и вклучени во даночните основици на компаниите за данок на добивка за соодветната година и на истите се пресметани и платени даноци согласно законски пропишани стапки.
„Деловниот интерес за спорното земјиште е целосно опфатен во Физибилити студија во врска со инвестициски проект кој било планирано да се реализира.
Откако не се добива дозвола за градба, иако земјиштето при купување се води како градежно, неизградено земјиште, се врши продажба на истото, а остварената добивка исто така е соодветно прокнижена и за истото е пресметано и платено данок на добивка. Последниот договор помеѓу ‘Лајф кеар сентер’ и ‘Сепертрејд’, во 2018 година каде ‘Лајф кеар сентер’ се јавува во својство на продавач, а ‘Супертрејд’во својство на купувач врз основ на кој е издадена и платена фактура, данокот на додадена вредност од фактурата е пријавен во Управата за јавни приходи во законски предвиден рок со даночна пријава за ДДВ за конкретниот период, а на деловните односи кои се утврдени со тој договор извршена е и надворешна контрола од страна на Управата за јавни приходи РД Скопје за што е составен записник во кој е констатирано правилно и законито пресметан ДДВ, уредно пријавен во УЈП , во законски рок. Со овие стручни наоди на вештаците, исто како и на вчерашното рочиште се потврдува неоснованоста на Обвинителниот акт, а повеќе од јасна станува и причината зошто обвинителот, застапник на случајот Лиле Стефанова, која покренува обвинение под сомнение за финансиски криминал, односно незаконито финансиско дејствие – перење пари, досега нема нарачано финансиско вештање за да го докаже истото“, стои во писмената реакција.
Прашуваат дали некој ќе ја сноси одговорноста за покренувањето на овој неоснован обвинителен акт, за кој, како што велат, во друг правосуден систем би било срамно да постои без докази, а со тоа и одговорноста за сите судски ,,манифестации’’ кои нарачано ги спроведуваше обвинителката, велат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според информациите на „Макфакс“ од терен, на асфалтот има траги од крв, а возачот на моторциклот со Брза помош е однесен во болница. На улицата е растечено и масло од моторциклот.
Неофицијално, до несреќата дошло кога автомобилот му го пресекол патот на моторциклот, а тој удрил во левата страна од „фолксвагенот“.
По сообраќајката, на помош притрчале минувачи, кои се обиделе да му помогнат на возачот на моторциклот. Се обиделе да му го спречат крварењето, а го потурале и со вода.
На терен е излезена и полицијата. „Макфакс“ се обрати за детали, кои се најавени за подоцна. Во тек е увид.
Македонија
СДСМ: По сите скандали на Милошоски тој треба да си даде оставка, нема образ да зборува за македонските интереси

Македонија
Спасовски: Заврши времето на двојните стандарди, битката против криминалот не трпи селективност

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги коментираше обвинувањата од опозицијата во врска со наводни повластени криминални структури, категоризирајќи ги како комплетни дезинформации кои никако не соодветствуваат со реалноста.
Наведувајќи дека располага со информации за средби на дел од овие криминални структури токму со највисоките претставници на опозицијата, најверојатно поттикнати дека на тој начин ќе може да се помогне во некој друг аспект, тој порача дека овие активности не смеат да бидат со цел да се даде некаква политичка поддршка на било кој криминалец во државата.
Покрај ова, Спасовски истакна дека најголемиот дел од криминалните групи коишто опозицијата ги посочува во своите дезинформации, веќе се наоѓаат на издржување казна затвор и дека станува збор за достапни и лесно проверливи информации, додека за сите други криминални групи кои се занимаваат со рекет, уцени и други криминални активности, борбата интензивно продолжува.
„Не можете во исто време да имате борба против криминалните структури и да заштитувате некого. За тоа сведочат граѓаните, за тоа сведочат и сопствениците на угостителските објекти и оние кои ги посетуваат. Нема никаква селективност, бидејќи битката против криминалот не може да подразбира селективност. Заврши времето на наши и ваши, на заштитени и привилегирани, наспроти сите останати. Заврши времето во кое вие како политичар ќе преговарате за да амнестирате некои свои, кои што имаат криминални активности, визави т.н. „уставобранители“ коишто се во затвор, а за нив нема да гласате во Собранието. Знаете, тие двојни стандарди веќе не поминуваат“, потенцираше министерот Спасовски. Одговарајќи на прашањето до каде е истрагата за неодамнешното убиство на членови на криминални структури во угостителски објект под Кале, министерот Спасовски посочи дека има сериозен напредок во истрагата, со обезбедени добар дел аргументи, факти и докази коишто одат во прилог на целосна разврска на овој случај. „Мотивите се пресметки помеѓу криминални групи или внатре во криминална група и тоа на крај истрагата ќе го покаже и ќе го докаже. И токму тука сме насочени со акцијата ‘Безбеден град’ – да се оневозможи такви криминални структури да ги загрозуваат мирот, стабилноста и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа ќе бидеме уште пожестоки и поинтензивни, а оваа акција во следниот период ќе ја прошириме и по другите градови, бидејќи не сакаме да оставиме простор такви криминални структури да бидат формирани во било кој град во државата“, беше категоричен Спасовски.