Македонија
Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ.
Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од Владата бидејќи е дел од владиниот кабинет, но смета дека ова ќе биде борба во натпревар на умови.
„Не гледам дека оваа моја кандидатура нема да резултира со сериозен резултат кој ќе значи и сериозен импaкт во понатамошните партиски одлучувања“, кажа Ременски.
„Согласно правилникот, роковите и одлуките на Централниот одбор на СДСМ и Изборната комисија, ги предадов сите документи за самокандирирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период, согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите и симпатизерите. Се одлучив на ова со оглед на мојот активизам во денови и време кога СДСМ беше во тешка опозициска состојба, кога носеше сериозни државотворни одлуки и кога се трудевме да го одржиме и единството во партијата“, изјави Ременски.
Таа кажа дека ќе понуди програма во која СДСМ ќе е победник во сите процеси.
„Кандидатурата ја предавам за време на 16 дена активизам, женски активизам и борбата против говорот на омраза и нетолеранцијата. Сакам да покажам дека жените можат и знаат, да ги охрабрам сите жени да не се откажуваат од својот напор, сон, својата слобода, права и да се борат независно од тоа на какви преќки наидуваат во животот и кариерата. Ја очекувам поддршката од социјалдемократките, моите колешки во партијата и сите членови кои го знаат мојот карактер и конзистентност во ставовите и даден придонес во соработката. Очекувам СДСМ да го искористи за вистинско обединување на членството, намалување на разликите помеѓу структурите во СДСМ. Мојата визија за СДСМ е победник во сите процеси пред кои е исправен, само така може да се постигне максимум“, рече Ременски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи- Влаховски: Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите европски интеграции

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски во рамки на ГлобСек во Братислава.
Честитајќи му на Влаховски за неговото именување за министер за надворешни работи, Османи изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе се залагаат за забрзана динамика при процесот на проширување на ЕУ, особено во сегашниот временски контекст кога безбедносната архитектура во Европа е доведена пред огромен предизвик.
„Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите европски интеграции. Воедно, веруваме дека Словачка ќе даде поддршка за концептот на забрзана интеграција и ќе го поддржи процесот со цел истиот да биде покредибилен,а нашите граѓани порано да ги почувствуваат краткорочните привремени чекори”, истакна Османи.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи се осврна и на актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023.
Македонија
Георгиев си го штити претседателското столче, критики прима само за судиите кои застаруваат предмети

За новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев непријатни се укажувањата од страна на холандскиот амбасадор, кој го нарече советот нелигитмно тело. Георгиев вели дека советот работи според законот и уверува дека со ништо не е прекршен. Тој ги повика надлежните инстиуции доколку имаат сомнежи за нивната работа веднаш да ги истражат.
„Ќе потенцирам дека во целата оваа состојба работиме според закон, ве уверувам дека нема прекршување на законот, нека надлежните инстиуции ако имаат сомнеж, спомнуваа во јавноста некакви коруптивни елементи ве молам за тоа има надлежни инстуции нека испитуваат“ вели Георгиев.
Тој се согласува дека во нивната работа има и бројни забелшеки, особено немањето на разрешница за голем број од предмиетите на поранешното СЈО.
„Ги повикувам судовите и судиите, апсолутно мора да посветат внимание особено на тие сензитивни предмети, да имаат конечна завршница. Ствараме недоверба кај граѓаните, каде што некои предмети застаруваат тоа е реален проблем и тука се согласувам и со амбасадорот и тука мора да се понесе одговрност, а ние како судски совет ако мораме да ги следиме тоа ни е надлежност да ги следиме“ нагласи Георгиев.
Тој додаде дека досега немал средба со холандскиот амбасадор но дека ќе иницира во најскоро време, за да разговараат за замрзнувањето на холандскиот проект и продолжување на соработката. Не се согласува со изјавите на амбасадорот дека претседателот на Судски совет е избран на колегиум и смета дека и разрешувањето на неговата претходничка Весна Дамева и неговото назначување за претседател на Советот биле спроведени законски.
Холандија стави во мирување проект поврзан со Судскиот совет, а амбасадорот во земјава Дирк Јан Коп упати остри критики покрај за судството и за борбата против корупцијата.
Скопје
(Видео) Невреме во дел од Скопје, низ Бутел едвај се возеше

Силно невреме направи хаос низ скопските улици. Во Бутел, возачите сведочат дека едвај се вози поради поројниот дожд. Поплавени се и дел од улиците. Невремето и дождовна бура имаше и во други делови на градот.
Од Управата за хидрометеоролошки работи објавија временска прогноза за следните денови. Во неа стои дека следниве денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.