Македонија
Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици спроведен во Кривичниот суд
Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од осомничените за 6,5-милионскиот криминал во „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“.
Стефанов беше приведен на граничниот премин Табановце.
Ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и натаму не е достапен за органите на прогонот.
Вчера, во големата полициска акција беа приведени повеќе лица за криминал во јавни набавки за РЕК „Битола“, ТЕЦ „Неготино“ и ТЕЦ „Осломеј“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
