Контакт

Македонија

Посебен сообраќаен режим на улицата Лазар Личеновски поради снимање филм

Објавено пред

Утре и задутре во периодот од 18 до 6 часот и в недела и в понеделник во истото време на улицата Лазар Личеновски, поради снимање филм од страна на ДФПУ„Вертиго висуал“ ДОО, Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Објавено пред

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”, кажа таа на денешното сведочење пред Кривичниот суд за случајот „Рекет”.

„Во какви односи сте со Чифлиганец?”, праша адвокатката на Катица Јанева, Лени Фрчкоска.
„Не знам што мислите под блиски. Љубовница не знам која му е. Го познавам, но не сме во лични пријателски односи”, рече Стефанова.

Тој од неа барал информации зошто се води истрага против бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

„Нормално, не оддадов никакви информации за предметот и го продолживме разговорот на други теми”, рече Стефанова, додавајќи дека Чифлиганец и Камчев имале заеднички бизниси и заедничка фирма. Таа вели дека Камчев постојано наоѓал начини и „врски” за да се информира и да влијае на истрагата за „Империја“, но не сакаше да каже преку кои посредници.

Стефанова спомена и писмо напишано од Наташа Савова за да се олесни положбата на Камчев во истрагата.

„Во ноември 2018 година го викнав осомничениот Камчев во СЈО од притвор. Во моментот додека стручниот соработник го носеше адвокатот во просторијата, Камчев искористи еден момент и ми извади еден лист хартија од џеб и рече: ’Читај за да се запознаеш со мене‘. Горе на листот стоеше лого ’Аџибадем Систина‘. Текстот беше напишан од Наташа Савова. Ми беше препорачано да разговарам со Сашо Мијалков за тие да бидат ослободени од оваа истрага. Камчев ми укажа дека многу луѓе се околу него и може да влијае на истрагата“, сведочеше Стефанова.

Обвинителката Стефанова веќе 2,5 часа сведочи пред судот за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева за изнуда на 1,5 милиони евра рекет од бизнисменот Орце Камчев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Сведочење на другар на Пино: Тој беше многу мек со жените, а Ангела му се допаѓаше

Објавено пред

На денешното судско рочиште за убиството на Пино Секондо се сослушуваа тројца сведоци, кои одговараа на прашањата на обвинителката Лидија Раичевиќ.

Другарката на второобвинетата Ангела Ѓорѓиевска, Фросина Петковска, сведочеше дека првообвинетиот Фуркан Али и Ангела биле во врска една и пол година, но и дека таа се допишувала со Пино, кој ѝ се допаѓал.

„Ми зборуваше за Пино додека сè уште не одеше сериозно со Фуркан”, рече во сведочењето Петковска.

Другарот на Пино, Дејан Митевски, сведочеше дека Ангела и Пино биле другари, но дека таа му се допаѓала.

„Секогаш им излегуваше во пресрет на женските и што и да побараат од него ќе им удоволеше. Беше многу мек со жените“, сведочеше Митевски.

Братучедот на Фуркан Али рече дека тие не се дружеле многу бидејќи имале голема разлика во години.

Судијката Ленка Давитковска го закажа следното рочиште за 31 јануари.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.

Остатоците од телото на Секондо беа случајно пронајдени кон крајот на април минатата година.

 

 

Искра Манојлоска

Прикажи повеќе...

Македонија

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Објавено пред

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала дека ќе ѝ прати дома новинари и ѝ забранувала да ги коментира снимките објавени во италијанскиот весник „Ла верита”.

„Последно нешто што направи е ургенцијата да му се одмрзне имотот на Панделески. Се однесуваше како да е негов адвокат!”, рече таа, додавајќи дека по тоа Јанева дала оставка и оттогаш се немаат сретнато.

„Еднаш ми се јави и рече дека треба да ги закопаме секирите, да ја смириме топката, но тогаш веќе сè беше завршено”, рече Стефанова.

Таа вели дека Јанева секогаш повеќе ургирала за Панделески отколку за Камчев.

„Бојан Јовановски не го познавам лично. Ми кажуваа само дека си доаѓа во СЈО, дека автомобилот си го паркира на нашиот паркинг, дека не му се врши претрес на влезот, но тоа само го слушав од други”, рече таа.

Во моментов почнува вкрстеното испитување на обвинителката Лиле Стефанова како сведок за случајот „Рекет”.

Најголемо изненадување во судницата настана кога адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, ја праша Стефанова кои биле емисарите преку кои ургирал Камчев и која судијка била меѓу нив.

На ова, Стефанова одговори дека судијката Добрила Кацарска била присутна од рано утрото до доцна вечерта кога се одлучувало за притворот на бизнисменот Камчев, иако не била судија на претходна постапка во предметот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет14 минути

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија1 час

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Свет1 час

Познати сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

Во тешка хеликоптерска несреќа во неделат, во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41). Покрај него, животот го загубија и...

Македонија2 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет3 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет3 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет3 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет3 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет4 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет4 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт13 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт14 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт15 часа

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет16 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ21 час

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија23 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет23 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија1 ден

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура1 ден

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Досие