Контакт

Македонија

Последен ден за формирање Влада

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која на последните предвремени парламентарни избори освои мнозинство од 51 пратеник, наспроти СДСМ со 49, во недела треба да каже дали успеал да формира собраниско мнозинство со кое би составил влада.

Ако во тоа не успее, Груевски треба да го врати мандатот. Од она што до сега се знае, Груевски имал само една средба со Али Ахмети, лидерот на ДУИ, потенцијалниот партнер за нова влада, на која, според оскудните соопштенија по средбата, не станало збор за формирање заедничка влада, туку само се констатирале состојбите по изборите.

Демократската унија за интеграција во петок не успеа да постигне внатрепартиски договор за тоа со кого би коалицирале во идната влада, па најавија продолжување на состанокот во сабота.

„Состојбата е малку поделикатна за одлучување. Знаеме дека и роковите се кратки, затоа и овие консултации се интензивни, но моментално немаме одлука, па ќе продолжиме и во текот на утрешниот ден. Разговараме со сите политички партии, прашање на одлука во ДУИ е која опција ќе ја избереме. Во ДУИ правиме анализи за и против за аргументите за секоја опција, сè уште немаме одлука, претседателот прави анализи со членовите на партијата во сите нивоа и со луѓе кои не се од ДУИ, но моментално немаме одлука“, изјави во петок вечер Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Сите прашања околу новото собраниско мнозинство и натаму се отворени, особено ако се знае дека ден по средбата со Груевски, Ахмети во штабот на СДСМ се сретнал и со Зоран Заев, но и од оваа средба соопштенијата беа оскудни и се велеше дека начелно било разговарано за ставовите што двете страни ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања. И од таму беа најавени нови средби.

Во неделата, Бујар Османи, портпаролот на ДУИ излезе со изјава дека при формирањето нова влада треба да се почитува принципот „победник во македонскиот со победник во албанскиот блок”, во интервјуто за Гласот на Америка. Османи ги обвини медиумите дека вршат притисок за непочитување на овој принцип.

Според оваа изјава, и покрај тоа што се шпекулираше дека четворица избрани пратеници од ДУИ се противат на старо-нова коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, сепак, поверојатно е дека ДУИ со освоените 10 пратенички места е поблиску до повторно формирање на владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ со 51 мандат, отколку со СДСМ со 49 пратенички мандати.

Сепак, тука е и платформата на трите партии на Албанците од Македонија за тоа што треба да биде услов за влегување во коалиција со која и да е македонска политичка партија. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати повтори дека за нив се неприфатливи барањата за двојазичност и за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство. „За овие две прашања нема да преговараме дури и по цена да не бидеме во владата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со т.н. Мајски договор од 2008 година беше воспоставен принципот на коалицирање на двете победнички партии меѓу своите етнички заедници. Груевски неодамна изјави дека ако овој пат не се почитува овој воспоставен принцип, тогаш неговата партија во иднина веќе нема да има обврска да коалицира со победничката партија кај Албанците во Македонија.
Од друга страна пак Теута Арифи од ДУИ, во едно неодамнешно гостување во телевизија, рече дека овој договор не може да важи повеќе, затоа што во петте точки, не се содржи само начелото да коалицираат победниците, туку постојат и други точки, кои до сега не биле спроведени, па затоа не може да се смета на него.

СДСМ пак не излегле со реакција и став во однос на барањата на Албанците во платформата. Воведувањето на двојазичноста беше дел од ветувањата на СДСМ за време на кампањата за изборите од 11 декември.

На 29 јануари истекува рокот до кога треба мандатарот Никола Груевски да договори парламентарно мнозинство, во спротивно треба да го врати,а што ќе се случува потоа, различни аналитичари и универзитетски професори различно го толкуваат Уставот.

Некои велат дека мандатот треба да го добие Зоран Заев, од СДСМ како партија која освои најмногу гласови на изборите по ВМРО-ДПМНЕ, а некои велат дека треба да се оди на нови избори, затоа што не можело оној кој изгубил на изборите да биде мандатар./крај/мф

Македонија

Спасовски и албанскиот колега Чучи потпишаа обновени аранжмани со ЕК за борба против тероризмот во Западен Балкан

Објавено пред

Комисијата денеска потпиша ревизија на билатералните аранжмани со Албанија и Северна Македонија, обновувајќи ги активностите за спроведување на Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот во Западен Балкан. Ова дополнително ќе ја надогради соработката во полето на борбата против тероризам, спречување и борба против насилен екстремизам. Аранжманите ги потпишаа Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледар Чучи и министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски.

dobivaj vesti na viber

Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон изјави: „Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот останува столб на нашата соработка со Западен Балкан за да осигураме заедничка безбедност. Го поздравуваме напредокот постигнат од Албанија и Северна Македонија во спроведувањето на приоритетните акции, а потпишувањето на овие обновени аранжмани е конкретен знак за нашата континуирана вклученост и поддршка за нашите партнери.“

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледар Чучи изјави: „Потпишувањето на ревидираниот аранжман ќе ни овозможи, заедно со ЕУ, подобро да се соочиме со заканата што ја поставува тероризмот, да го усогласиме нашето законодавство со законодавството на ЕУ и да ги подобриме нашите капацитети. Размената на информации во рамките на овој договор ќе обезбеди појасна слика за вистинските закани и подобра подготвеност за справување со тероризмот и насилниот екстремизам.“

Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски изјави: „Задоволен сум што сум тука да го потпишам овој ревидиран аранжман со Европската комисија. Се појавуваат нови безбедносни закани и предизвици и покажуваме дека меѓународната соработка е од најголема важност. Ревидираниот аранжман ќе им овозможи на Северна Македонија и на ЕУ поблиску да соработуваат за да предвидат, спречат, заштитат и одговорат на терористичките закани. Тој исто така ја покрива областа на спречување на насилниот екстремизам и поларизацијата на нашите општества поттикнати од дезинформации“.

Ревидираните аранжмани меѓу Комисијата и властите на Албанија и Северна Македонија идентификуваат конкретни приоритетни акции во областа на соработката против тероризмот што ќе се спроведуваат во текот на 2023 година и 2024 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Сите дојави за бомби се лажни

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, додаваат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителство со три предмети за злоупотреби за директорот на Здравствен дом Вевчани

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Струга, постапувајќи по поднесена кривична пријава, оформи предмет против едно лице кое е пријавено за кривичните дела фалсификување исправа од член 378, Измама од член 247 и Надрилекарство предвидено во член 209 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, иако знаел дека не поседува документација која е потребна за вработување, изготвил лажни исправи – фалсификат уверение за положени испити на Факултет за медицински науки и фалсификат уверение и лиценца од Лекарската комора. Документите ги употребил како вистински и со нив во два наврати се пријавил на оглас за работно место – доктор во ЈЗУ Здравствен дом – Вевчани. Првиот пат на огласот во 2016 година не бил избран, но во 2018 година бил селектиран и вработен.

Со употреба на лажните документи пријавениот ги довел во заблуда членовите на Комисијата за селекција при вработувањето дека ги исполнува условите предвидени во Законот за здравствена заштита. По основ на договорот за вработување, во периодот од 26.11.2018 до 19.10.2022 година, а и претходно со склучени договори на дело, пријавениот извршувал работни задачи на работно место – доктор по медицина без соодветна стручна подготовка и се занимавал со лекување и давање медицинска помош. На овој начин тој го довел во ризик здравјето на пациентите, односно постојат сомненија дека сторил кривично дело надрилекарство.

Дополнително, при целосното испитување на наведениот настан, Основното јавно обвинителство Струга дојде до други сознанија врз основа на кои оформи уште два други предмети.

Имено, првиот предмет се однесува за директорот на Здравствениот дом Вевчани, за кого има индиции дека од 2019 година имал определени сознанија дека лицето кое се претставувало како доктор не поседува лиценца од Лекарската комора. За ова тој бил писмено известен со допис од Лекарската комора. Сепак, и покрај ваквите сознанија, тој на пријавениот му овозможил да продолжи да извршува лекарска дејност во Здравствениот дом во Вевчани до втората половина на 2022 година. На овој начин, постојат индиции дека директорот на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани сторил кривичнo делo злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.

Од обезбедената документација, Основното јавно обвинителство Струга дојде до сознанија дека на оглас за вработување во 2019 година во ЈЗУ Здравствен дом – Вевчани се пријавиле две кандидатки кои не поседувале лиценци во тоа време. И покрај тоа, Комисијата за селекција при вработување констатирала дека тие ги исполнуваат законските услови. Со оглед на тоа што без лиценци тие не можеле да бидат вработени како лекари во здравствена установа, со нив бил склучен договор и биле примени како приправници. Откако неколку месеци подоцна ги обезбедиле лиценците, без да биде распишан нов оглас, со двете кандидатки биле склучени договори за вработување.

Имајќи ги предвид ваквите сознанија, Основното јавно обвинителство Струга испитува наводи за кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Несовесно работење во службата според член 353-в од Кривичниот законик за директорот на ЈЗУ Здравствен дом – Вевчани, како и за тројца членови на Комисијата за селекција при вработување.​

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

(Видео) Кошаркарска ѕвезда за „трговецот на смртта“: Америка и Русија разменија затвореници на аеродром во Абу Даби

Снимките од руските државни медиуми го покажуваат моментот на размена на американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер и озлогласениот трговец со...

Македонија2 часа

„Ист гејт“: Дојавата за бомба е лажна, трговскиот центар продолжува со работа

По најавите за бомба во „Ист гејт“ се огласија од трговскиот центар. Со статус на својот фејсбук-профил ги информираа закупците...

Регион2 часа

Брнабиќ за ситуацијата на Косово: Курти нè доведе до раб на војна

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја коментираше ситуацијата во Косово. „Денес имате ваков ден,...

Свет3 часа

Путин: Западот поттикнува хаос за да ја задржи својата доминација во светот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е сигурен оти Западот намерно поттикнува хаос и ја влошува ситуацијата во светот...

Македонија3 часа

Закани за бомби добиле полициската станица Центар, „Ист гејт“ и „Бисер“, Железничката станица и зградата „Пегла“

Закани за бомби утрово пристигнаа до трговските центри „Ист гејт“ и „Бисер“, Транспортниот центар, зградата „Пегла“ и полициската станица Центар,...

Македонија4 часа

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Неколку средни училишта и утрово добиле закани за бомби на електронските адреси. МВР е на терен и ја спроведува стандардната...

Свет5 часа

Јапонија, Велика Британија и Италија заеднички градат борбен авион од новата генерација

Јапонија ќе работи со Велика Британија и Италија на проектот за нова генерација борбени авиони, рекоа трите земји, додека Токио...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

„Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија. Нема поголем пораз...

Македонија6 часа

СДСМ: Блокадите на Скопје целосно да прекинат, Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа со блокадите на Скопје, кои со денови им...

Свет6 часа

САД ѝ испраќаат на Украина противвоздушна одбрана во вредност од 275 милиони долари

Соединетите Држави се подготвуваат да испратат воена помош на Украина во вредност од 275 милиони долари, што ќе ѝ овозможи...

Свет6 часа

САД планираат да воведат нови санкции против Русија и Кина

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата...

Европа6 часа

(Видео) Гори трговски центар во близина на Москва, еден од најголемите во Европа

Пожар рано утринава зафатил еден од најголемите трговски центри во близина на Москва, соопштија локалните служби за итни случаи. Дел...

Македонија23 часа

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион23 часа

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија24 часа

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа1 ден

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија1 ден

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...

Свет1 ден

Погубен е демонстрант во Иран

Иран денеска погуби демонстрант осуден за прободување на припадник на безбедносните сили и блокирање улици за време на неодамнешните протести...

Европа1 ден

Десет лица загинаа во гранатирање на истокот на Украина

Најмалку десет лица загинаа во руско гранатирање на истокот на Украина, а многумина се ранети, изјави претседателот Володимир Зеленски. Зеленски...