Македонија
По 50 години, се гради нов мост во селото Ваташа

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, изврши увид во изградбата на новиот мост на реката Луда Мара во село Ваташа, општина Кавадарци.
Инвестицијата е во вредност од 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.
Новиот мост се очекува да биде изграден до февруари в година.
„Овој проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и го реализираме на нивно барање. Како што забележавме, градежните работи се одвиваат добро и очекуваме новиот мост да биде завршен во предвидениот рок. Во делот на изградбата и реконструкцијата на патната мрежа сакам да споменам дека набргу ќе почне да се реконструира регионалниот пат Кавадарци-Росоман. Исто така, во тек е изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, а до ноември оваа година очекуваме да биде завршена рехабилитацијата на автопатска делница Неготино-Демир Капија. Сето ова е дел од големиот инвестициски циклус во патната инфраструктура што го најавивме. Во моментот на целата територија на Република Македонија се работи на реализација на проекти во висина над 800 милиони евра, што е историски највисока инвестициска програма за подобрување на квалитетот на патната мрежа во државата. Ова претставува доказ дека максимално сме посветени на изградба на квалитетна патна инфраструктура, со која, од една страна, ќе придонесеме за брз и безбеден транспорт на стоки и патници, а од друга, ќе стимулираме пораст на БДП и ќе создадеме услови за економски раст на земјата“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, истакна дека, освен изградбата на овој мост, ќе се изгради и пристапен пат до мостот, со цел жителите на с. Ваташа да може безбедно да се движат.
„Покрај овој проект, почната е и реконструкција на влезот на Кавадарци со средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Склучен е договор со Светската банка, така што набргу ќе почнеме да го реконструираме и патот до Росоман. Работиме интензивно како во Кавадарци така и во другите општини“, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Норвешката премиерка ѝ посака добредојде на Република Северна Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев, во придружба на шефот на дипломатијата, Никола Димитров, во рамките на агендата од учеството на Минхенската конференција за безбедност, се сретна со неговата норвешка колешка, Ерна Солберг, која беше придружувана од министерката за надворешни работи, Ине Ериксен Сореиде.
Премиерката Солберг на средбата истакна дека Норвешка силно го поздравува Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција, како важен момент за процесите за вклучување на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.
Претседателката на норвешката влада му посака добредојде на Заев и на нашата земја во НАТО, каде што Северна Македонија веќе го зазеде своето место веднаш до Норвешка и каде што ќе го помине периодот на ратификација на Протоколот за пристапување, по што ќе го добие статусот на полноправна членка со право на глас во сите работни тела на алијансата, информираат од владината прес-служба.
На средбата било истакнато дека Норвешка во Република Северна Македонија гледа како на земја сојузник и е подготвена да ја продолжи својата поддршка бидејќи смета дека државата сериозно придонесува во европската агенда.
Македонија
Заев и Ципрас: Договорот им го посветуваме на младите генерации и нивната иднина

Премиерот Зоран Заев заедно со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, денеска зедоа учество на панелот „Разговор со добитниците на наградата ‘Евалд Фон Клајст’“, признание кое годинава им е доделено на нив двајцата, поради како што беше посочено, особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса.
На панелот за наградата која ја доделува Минхенската конференција за безбедност во одделни дискусии настапија Заев и Ципрас.
Заев го потсети форумот во Минхен дека тој и Ципрас покажале дека со кршење на стереотипите во политиката се активирала енергија која помогнала да се креираат нови правила на однесување за решавање на отворените, сложени, прашања, истовремено со создавање пријателство.
„Им го посветуваме Договорот на младите генерации за нивната иднина, вредеше“, рече премиерот на Република Северна Македонија и додаде дека Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за двете страни.
Заев, информираше дека низ целиот процес доминирала добра и силна политичка волја да се најде решение, без да се затвора процесот во рамки или да се оградува со црвени линии, и токму таа посветеност, според него, помогнала да се препознае дека компромисот е вештина која овозможува, дека секој нов чекор е чекор повеќе до решение и дека невозможното сепак може да биде возможно.
Грчкиот премиер во дебатата нагласи дека историјата не ја пишуваат тие кои шират страв, туку тие кои се охрабруваат и создаваат решенија за генерациите што доаѓаат и дека тој и, како што кажа, неговиот пријател Заев ја избрале вистинската страна на историјата.
Свечениот дел од врачувањето на наградата на конференцијата „Евалд Фон Клајст“ на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи вечерва на церемонија чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Баварија, Флориан Херман.
Македонија
(Видео) Силјановска: Доколку сметав дека Конвенцијата е фарса, немаше да се пријавам

По завршувањето на партиската Конвенција во Струга, на која Гордана Силјановска со 408 од 519 гласа беше избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, таа одговараше на новинарски прашања од кои во едно беше побарано нејзин коментар за тоа дека Конвенцијата е фарса и дека однапред била избрана.
„Јас сум во принцип демократ и се борам за слободно изразување и слободна волја. Не прифаќам лажни избори ако не се демократски. Ако беше така немаше да се пријавам“, одговори професорката.
Посочи дека и е јасно оти доколку немала партија зад себе ќе била, како што рече, политичка манекнка и им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ што застанале зад неа како независен кандидат.
Силјановска беше прашана и за тоа дали би прфатила понуда од СДСМ за консензуален претседател.
„Ако ме сакаат за консензуален претседател, не е проблем ќе прифатам. Но, она што тие го протежираат за консензуален, за мене не е исто. Зад Консензуален претседател стојат независни граѓани, а не поеднци и политачари на кои им треба таков профил на кандидат“, одговори таа.
Рече дека не и е проблем да собере и 10.000 потписи и да побара поддршка и од други партии и од невладини организации зошто сака за неа да гласаат како за човек и граѓанин, а не како за некој наметнат политички профил.
Прашана дали ќе се заколне под химната на Република Северна Македонија и дали ќе го прифати ова име на државата, Силјановска вели дека не е политичар, туку професор и дека за тоа прашање има свој став кој е познат во јавноста. Посочи дека доколку нејзивниот став се совпаѓа со партискиот, во тој случај ќе поддржи политичка одлука.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал