Контакт

Македонија

Поставен препумпен уред на колекторскиот систем Илинден – Марино

Објавено пред

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за поставување и монтажа на комплетна пумпна станица односно, препумпен уред на левиот крак на колекторскиот систем Илинден-Марино.

Овој препумпен уред ќе ги зафаќа и препумпува водите од левиот крак на колекторскиот систем кој е во должина од 2,5 км, и истите ќе ги насочува кон локацијата кадешто ќе се спојуваат двата крака (лев и десен). Со ова се става во функција левиот крак од колекторскиот систем, а во наредниот период ќе следи приклучување на домаќинствата.

Увид во работните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дек инвестирањето во комуналната инфраструктура е од големо значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден.

„Токму затоа изградбата на фекална канализација со пречистителни станици останува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа“, рече тој.

Инаку, колекторскиот систем се состои од два краци во вкупна должина од 5 км и ќе можат да се приклучат околу 1.130 домаќинства од населените места Илинден и Марино. Дополнително на овој колекторски систем ќе се приклучи и фекалната канализација за дел од населба Илинден од месноста викана (Плац), кадешто интензивно се реализираат градежните активности и истите треба да бидат завршени до крајот на оваа година

Најново

Свет8 минути

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура9 минути

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија13 минути

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет15 минути

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника15 минути

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа17 минути

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...

Свет18 минути

„Аксиос“: Трамп не се спротивставил на британските санкции против израелските населби

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се спротивставила на иницијативата на Велика Британија за воведување нови санкции против израелските...

Спорт23 минути

Куртоа повторно ја напушти Белгија

Тибо Куртоа (34) дефинитивно нема да игра за белгиската репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации. Тој ја донесе...

Економија30 минути

„Зелени идеи“ бара нови импакт-бизниси, пријавувањето трае уште една недела

Здружението „АРНО“ потсетува дека остануваат уште седум дена до затворањето на националниот натпревар „Зелени идеи“, на кој можат да аплицираат...