Контакт

Македонија

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Објавено пред

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година.

Платите на лекарите специјалисти се зголемуваат 25 проценти, а на медицинските сестри 10 проценти. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018 наваму, основната плата на лекарот специјалист се зголемува 40 отсто, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, по средбата со претседателите на гранковите синдикати, Љубиша Каранфиловски, и на синдикатот на Клиничкиот центар, Горан Беговиќ.

Филипче изрази благодарност до синдикатите за нивната контруктивност, но и до лекарите специјалисти, членови на синдикатот, меѓутоа и во сите јавни здравствени установи, кои се согласија да се намали процентот на нивното зголемување за да се зголеми процентот на зголемување на платите на медицинските сестри.

„Според договореното, платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист во Клиничкиот центар на Хируршките клиники и на Интерните клиники ќе достигне, но на некои и ќе надмине и 100.000 денари. Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и во согласност со бројот на дежурствата може многу лесно да достигне и до 100.000 денари. Дозволете да кажам и дека нема да ги оставиме ниту заборавиме сите тие што досега не добија зголемување. Тука мислам на болничко-техничкиот персонал, кој исто така е во тимот, администрацијата што работи во здравството ќе биде предмет на дискусија во текот на следната година. Остануваме доследни на сите наши ветувања, веруваме дека со оваа мерка го враќаме достоинството на здравствените работници. Ќе продолжиме и понатаму да работиме не само во однос на зголемувањето на платите туку и подобрување на условите во кои работи здравствениот персонал затоа што само задоволни од системот и добро стимулирани финансиски здравствени работници, значи задоволни и добро третирани пациенти“, додаде Филипче по средбата.

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, потсети дека ова е четврто покачување на платите изминатиов период имајќи предвид дека веќе беа зголемени и додатоците за дежурство и за ноќен труд.

Горан Беговиќ, претседателот на Синдикатот на Клиничкиот центар, искажа благодарност и нагласи дека продолжува заедничката соработка со Министерството за здравство за вреднување на трудот на здравствените работници.

 

Македонија

Спасовски на средба со Здружението на судии: Низ дијалог ќе дојдеме до решенија од интерес на судиите и судството

Објавено пред

Премиерот, Оливер Спасовски, денеска прими делегација на Здружение на судии предводена од претседателот на здружението, Џемали Саити. На средбата присуствуваше и министерката за правда Рената Десковска.

Премиерот истакна дека Владата останува посветена на дијалогот со Здружението на судии до постигнувањето на крајната цел – исполнување на нивните барања меѓу кои и зголемувањето на коефициентот на плати на судиите.

„Овој процес треба да се води низ дијалог и партнерство. Врз основа на вашиот предлог за зголемување на платите, потребно е да се направи анализа и во Министерството за финансии и да се утврди динамиката на изготвување законско решение за овие барања“, им порача Спасовски на судиите.

Како што соопштија од Владата, Саити изразил задоволство од текот на дијалогот со Владата и од инклузивниот процес кој овозможува решавање на прашањата од интерес на судиите и судството.

„Претставниците на Здружението истакнаа дека продолжуваат разговорите со Владата и дека е забележан напредок за сите отворени прашања. Разговорите за зголемување на коефициентот на платите продолжуваат и беше потврдено дека за ова прашање веќе е формирана работна група“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицевски: Несреиозно е што СДСМ пред избори брза да го изгласа законот за отпис на камати

Објавено пред

Несериозно е што СДСМ пред избори брза во Собранието да го изгласа предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, оценува Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Според опозицијата, СДСМ планира да им ги прости долговите на своите градоначалници и локални директори на јавните претпријатија ширум републиката, а на штета на граганите.

„Само за потсетување, пред извесен период токму со Законот за финансиска поддршка на Единиците на локална самоуправа и единките корисници основани од ЕЛС за финансирање на доспеани а неплатени обврски на 15.11.2018 година, на 81 општина и Град Скопје кои до тој момент пријавиле неподмирени долгови им беа доделени околу 49 милиони евра, најчесто долгови кон доверители кои доаѓаа од приватниот сектор.

И покрај ваквата финансиска помош на општините во 2018 година од страна на централната власт, вкупниот износ на обврски од страна на сите општини наместо да се намалува, тој продолжува да расте, па така во четвртиот квартал од 2019 година, овие обврски на општините пораснале за дополнителни 25 отсто односно за околу 12,5 милиони евра. Интересен и поразителен е фактот што и покрај помошта од државата, сепак долговите кај 35 општини пораснале, со што кај 16 општини на крајот на 2019 година долговите пораснале за фрапантни од 200 до 470 проценети, односно обврските на овие 16 општини пораснале до приближно 6 пати“, рече Мицевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа кражба на народни пари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нов парк во Аеродром

Објавено пред

Нова зелена површина се гради на булеварот Трета македонска бригада спроти Американ колеџ.

Паркот ќе биде хортикултурно уреден со дрвја, патеки и нова урбана опрема.

„Набргу општината ќе биде збогатена со нови паркови на повеќе локации. Наш приоритет е подигнување што поголем број зелени површини“, велат од Општина Аеродром.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија2 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет2 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија3 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион3 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет4 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија16 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија21 час

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија21 час

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ21 час

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија22 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија23 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија23 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија24 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија24 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет1 ден

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет1 ден

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет1 ден

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Досие