Контакт

Македонија

Потврдени 316 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 11 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 316 нови случаи на коронавирус, 681 оздравен пациент и 11 починати, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 164, Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5, Виница и Богданци – по 2, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Радовиш – по 1.

Регистрирани се 681 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 271, Кавадарци – 85, Прилеп – 42, Охрид – 31, Неготино – 28, Тетово – 24, Куманово – 23, Велес – 22, Струмица – 18, Делчево – 17, Гевгелија – 14, Штип – 13, Валандово – 12, Крива Паланка – 11, Струга, Гостивар и Битола – по 10, Богданци – 7, Кичево – 5, Крушево и Свети Николе – по 4, Радовиш и Кратово – по 3, Дебар, Берово и Кочани – по 2, Ресен, Виница, Демир Капија и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 11 починати лица – четворица пациенти од Скопје (76, 81, 79, 62), по двајца пациенти од Прилеп (77, 66) и Крушево (55, 76) и по еден пациент од Штип (65), Битола (85) и Охрид (59). Сите единаесет пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 544.816 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.

Македонија

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Објавено пред

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјава ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, додавајќи дека потврдата ја добил утрово од Кинеската амбасада во земјава.

„ Оставаме простор од неколку дена во случај да има некакви поместувања, со оглед на тоа што се случуваше досега“, изјави Филипче.

Тој додаде дека на 19 и 26 април ќе пристигнат и по 10 илјади вакцини од компанијата „Фајзер“. Станува збор за вакцини кои се добиени со директен договор на земјава со компанијата. Преку Ковакс-механизмот 76.000 дози на „Астразенека“ би требало да стигнат до крајот на месецов. Вакцините преку трипартитни договори со Европската Унија се очекуваат на почетокот на мај.

Филипче истакна дека се планира масовна вакцинција и во повеќе градови покрај Скопје.

„ Во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, кои ќе ги покријат и околните градови. Денес имам состанок со градоначалниците и со директорите на здравствените домови за да видиме во кои објекти тоа ќе се спроведува и како ќе се организира медицинскиот персонал“, рече Филипче.

Министерот додаде дека изминативе неколку денови паѓа бројката на новозаболени и на хоспитализирани, и денес се очекува да биде околу 890 нови позитивни на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судската администрација револтирана: на списоците за вакцинација се само претседатели на судови и судии

Објавено пред

Здружението на судската администрација реагира на листата за приоритетна вакцинација изготвена на 12 април и бара информација врз основа на кои критериуми Судскиот совет ги изработува листите за вакцинирање вработени во судовите.

Судиските службеници велат дека на оваа листа се нашле само членови и вработени во Судскиот совет, претседатели на судови и судии, додавајќи дека тие се целосно изоставени.

„Според националната техничка група за имунизација против Ковид-19, вработените во судовите се дел од критичната државна инфраструктура, но нејасно е како тоа на листата за вакцинирање, без исклучок, постои само една категорија вработени во судовите“, се наведува во реакцијата на судската администрација до Судскиот совет.

Во неа се објаснува и дека судските службеници работат во писарниците и канцелариите со повеќе свои колеги, без можност да одржуваат ниту минимум меѓусебно растојание, со што во континуитет го загрозуваат своето и здравјето на своите семејства.

„Каде се тука правдата и правичноста што треба да бидат темелна вредност на секој судски систем почнувајќи од сопствениот двор?“, јавно прашуваат судските службеници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Потпишана заедничка изјава на активистки од Балканот против родово насилство на интернет

Објавено пред

Жените-активистки за човекови права од балканскиот регион, потпишаа заедничка изјава во која го адресираат проблемот за постоењето на „Телеграм групи“ во кои се вознемируваат жени во земјите на поранешна Југославија, кои и понатаму остануваат незаштитени од институциите на државите.

„Ние, жените-активистки за човекови права од балканскиот регион стоиме заеднички и солидарно со сите жени жртви на онлајн родово-заснованото насилство и бараме од надлежните институции да постапуваат согласно нивните овластувања за темелно и неодложно да го истражат случајот со групите на платформата Телеграм (како Балкан роом, Јавна Соба, Гевгелија Хаб, Српска соба, Смоква и други), да ги санкционираат сторителите и заштитат жртвите од понатамошна виктимизација“, стои во заедничката изјава.

Од таму потсетуваат дека на точно една година по појавата на ваква група на мрежата „Телеграм“ во Македонија, која како што сведочат се користи за сексуално вознемирување на девојки преку објави на нивни фотографии без никаква согласност, во порнографски контекст, како и лични податоци за жртвите.

Од овие организации предочуваат и за нови случаи на ваква злоупотреба не само во државата, туку во целиот регион.

„И покрај тоа што администраторите и креаторите на две од овие групи се уапсени, сметаме дека тоа е само прв чекор во пристапот до правда кој мора да им биде обезбеден на сите жртви на овој тип на кривични дела. Институционалниот молк праќа порака дека насилството врз жените се толерира, дека не е казниво, насилниците се охрабруваат да продолжат со своето однесување, а жртвите остануваат заплашени, засрамени и неми. Случаите во Македонија, Србија и Хрватска покажаа дека против мал број од сторителите се иницираат кривични постапки и дека оние малку сторители кои се гонат, се гонат само за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, со што е оневозможена заштитата на полнолетните жртви“, напоменуваат од организациите.

Од таму додаваат дека е многу очигледен молкот на институциите кој како што велат дополнително го охрабрува фунцкионирањето и одржувањето на вакви групи во дигиталниот простор, а девојките и понатаму се соочуваат со опасност по личната безбедност и нарушено достоинство и здравје.

„За проблемот да почне да се решава, прво мора да се именува. Ова не е проблем на злоупотреба на лични податоци, па затоа и не може да се решава преку таков ограничен пристап. Ова е проблем на родово засновано насилство, со цел понижување, уценувње, замолчување и опресија на девојки и жени и доколку не се третира како таков, насилниците ќе успеат во својата цел. Овој случај е шанса на институциите од целиот регион да покажат дека се залагаат за женските права и заштитуваат од родово засновано насилство, фактички, а не само декларативно“, стои во заедничката изјава на овие организации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјава ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, додавајќи дека потврдата ја...

Регион57 минути

Објавен „нон-пејперот“ што го потресе регионот: Предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави „нон-пејперот“, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион2 часа

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа2 часа

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет2 часа

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени откако избувнал пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија3 часа

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk”, или преку матичните...

Македонија15 часа

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион16 часа

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија18 часа

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија19 часа

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија21 час

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија21 час

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија22 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија24 часа

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија1 ден

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион1 ден

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа1 ден

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ1 ден

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија1 ден

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа1 ден

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Досие