Македонија
Потписите од петицијата со барања за итни мерки за спас на Преспанско Езеро поднесени до Владата

Активисти на Граѓанската иницијатива Охрид СОС до Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање поднесоa 5.522 потписи од петицијата со барања за итни мерки за спас на Преспанско Езеро. Петицијата е поддржана од 31 граѓанска организација.
„Во прилог кон потписите беше доставен допис во кој се осврнавме на активностите за кои дознаваме преку соопштенијата на МЖСПП, како и дописот кој министерството го испрати до нас на 28 септември. Од тогаш, па до денес забележуваме напредок во однос на експертската група која работи на изготвување акциски план. Но, нема никаква информација за трилатералното тело кое треба да работи на координирани мерки и активности со оглед на тоа што Преспанско Езеро припаѓа на три држави. Исто така, не се оствари ни најавата за можно прогласување кризна состојба во преспанскиот слив како што се бараше и во петицијата, а беше најавено за 01 октомври, 2020 година“, велат активистите.
Тие укажуваат дека МЖСПП избира со јавноста да комуницира само преку оскудни и спорадични фејсбук-соопштенија.
„Изминаа девет месеци откако’надлежните институции (се собраа) на координација за преземање итни активности за заштита на Преспанското Езеро’. Наместо тоа, состаноците станаа лајтмотив на ‘борбата’ за спас на Преспанско Езеро и јавноста сè уште има впечаток дека одлучни мерки не се преземени“, велат од Охрид СОС.
Граѓанската иницијатива ја реафирмира потребата од прогласување кризна состојба за непречено и ефикасно спроведување на мерките, како и интензивирање на прекуграничната соработка и дефинирање на работни задачи до крајот на годината. Очекува и акциски план кој бил најавен за крајот на ноември, а за кој сè уште немало информација, да биде објавен и ставен во акција час поскоро.
Петицијата сè уште е отворена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мицкоски на средба со Јанша: Ни треба јасна визија да се справиме со економската криза

Ни треба јасна визија и креатива да се справиме со економската криза, во Македонија имаме проблем со големата корупција и невладеењето на правото, рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на состанокот со словенечкиот премиер, Јанез Јанша, кој е и претседател на Словенечката Демократска Странка, најголемата партија и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската Народна Партија.
Мицкоски информира дека на состанокот било разговарано за актуелните случувања во Македонија со главен фокус на големата корупција и невладеењето на правото во Македонија.
„Зборувавме и за начин со кој што овде во Словенија се справуваат со најголемиот предизвик можеби на човештвото во овој момент, а тоа е КОВИД пандемијата, но и резултатите и би рекол нерезултатите коишто ги спроведува нашата влада во рамките на справувањето со пандемијата во Македонија. Зборувавме за рецесијата за тешката економска ситуација во Македонија. Морам да признаат дека и овде во Словенија се чувствуваат економските последици предизвикани од КОВИД пандемијата, но далеку не се такви какви што тие се девастирачки во нашата земја во Македонија, поради неспособноста и немањето јасна визија и креатива како се справиме со таа економска криза“, рече Мицкоски.
Македонија
Обвинение за двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина.
Тие се обвинети дека на 5 ноември 2020 година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал на линијата бр. 7, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на возачот и на патниците во автобусот.
Обвинетите влегле во автобусот кај автобуската станица Рекорд без да носат заштитни маски, на што реагирале патниците предупредувајќи ги да носат заштита опрема. Тогаш обвинетите започнале грубо да ги навредуваат патниците и да ја загрозуваат нивната сигурност, велејќи им дека ќе ги убијат и ќе ги стават во киселина.
Потоа му се обратиле и на возачот на автобусот со барање да запре и да ја отвори вратата за да излезат пред да стаса на следната автобуска постојка. Возачот не ја отворил вратата, по што обвинетите продолжиле со грубо навредување и загрозување на неговата сигурност, му се обраќале со висок тон и удирале по внатрешноста на возилото.
Со тие дејствија, велат од обвинителството, обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај возачот и патниците на автобусот.
Обвинетите се жители на скопски села, двајцата на возраст од 31 година, и се обвинети за кривично дело – насилство.
Македонија
Царовска во посета на средното уметничко училиште

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денес по повод стартот на второто полугодие го посети средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје. Наставата во ова училиште се одвива со физичко присуство и е прилагодена на практичната настава на учениците.
Царовска на состанокот со директорот на училиштето Филип Фидановски истакна дека МОН според препораките на Комисијата за заразни болести ги обезбеди сите услови за непречена реализација на наставата во време на пандемија.
„Веќе воспоставениот хибриден модел од првото полугодие се покажа како успешен и наставата продолжува по истиот модел. На овој начин се обезбедува континуитет на наставата во второто полугодие по веќе воспоставениот успешен модел од првото полугодие што е во интерес и на учениците и на наставниците и на јавното здравје“, рече Царовска.
Директорот Фидановски рече дека дава целосна поддршка на реформските процеси во основното образование, бидејќи, како што кажа, со нив образовниот систем се прилагодува на оние во најразвиените земји од светот и од Европа.
Посетата беше искористена за да се видат условите за настава во училиштето и да се поразговара за можни инвестиции.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот