Контакт

Македонија

Потпишување договори за проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово

Објавено пред

Министерот за локална самоуправа, Сухејил Фазлиу, денеска ќе ги потпише договорите за кофинансирање проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, финансирани од ИПА-програмата на Европската Унија.

На настанот ќе зборуваат претставникот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Фреек Јанмаат, и генералниот секретар на Министерството за локална самоуправа на Косово, Розафа Укимерај.

Македонија

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Објавено пред

Од

Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат и вршат дистрибуција на храна, соопштија од Агенцијата, откако во Виница за неколку дена 215 лица побарале итна медицинска помош поради труење со храна.

Од Агенцијата велат дека нивни инспекциски служби, во соработка со епидемиолог од Центарот за јавно здравје и претставници од Санитарно здравствениот инспекторат викендов во Виница извршиле вонредна инспекциска контрола во сендвичарница, по добиено известување дека има лица затруени со храна.

„Од страна на инспекторите за храна, угостителскиот објект е времено затворен, наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. Земени се мостри од храната, за која Агенцијата ги чека официјалните резултати од лабораториското испитување, иако првичните наоди говорат дека се работи за бактериска загаденост“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека затруените лица се вработени во погон на фабрика за производство на мебел, за која оваа сендвичарница дистрибуирала храна два пати во текот на неделата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приоритетите на австриското претседателство со Советот на ЕУ, денеска на владина седница

Објавено пред

Од

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 90-та седница. На седницата ќе биде разгледана информацијата за програмата и приоритетите на австриското претседателство со Советот на Европската Унија, со календар за одржувањето на неформалните министерски состаноци на Европската Унија, соопшти владината прес-служба.

На предлог на министерството за образование и наука, пред министрите ќе се најдат три предлог уредби и тоа: предлог – уредба за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на наменски дотации за основното образование по општини за 2019 година, предлог – уредба за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основното образование по општини за 2019 година и предлог – уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за средното образование по општини и градот Скопје за 2019 година.

Владата денеска ќе дебатира за информација за планирање на опремувањето и модернизацијата на армијата на Република Македонија во предлог буџетот на Министерството за одбрана за период 2019-2021.

Како материјал за информирање, на седницата ќе биде разгледан и извештајот за работа на Инспекцискиот совет и информација за работа на инспекциските служби за вториот квартал од 2018-та година.

90-тата седница на Владата на Република Македонија ќе започне во 12:00 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

И денеска силен ветер, од утре значително намалување на температурите

Објавено пред

Од

Денеска времето ќе биде сончево и значително посвежо со умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува силен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 15 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и значително посвежо со умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува силен северен ветер, а максималната температура ќе се искачи до 18. степен.

Од среда наутро темературата на воздухот значително ќе опадне, како утринската така и дневната. На некои места утринската температура ќе има услови да се спушти околу нулата.

Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.

Прикажи повеќе...

Најново

Виница Виница
Македонија36 минути

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат...

Свет53 минути

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет1 час

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ1 час

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет5 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт13 часа

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија19 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија20 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија20 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија21 час

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Виница Виница
Македонија22 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија23 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет24 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија1 ден

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ1 ден

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести1 ден

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа1 ден

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет1 ден

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија2 дена

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура2 дена

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Досие