Контакт

Македонија

„Пофалба на Демир Хисар“ низ објективот на 9 чешки фотографи

Објавено пред

Девет професори и студенти од реномираната школа за фотографии од Либерец, Чешка Република, гостуваат на уметничкото гумно во село Слоештица во рамките на одбележување на јубилејот – 15 години постоење.

Во изминативе 7 дена тие крстосуваа низ селата на Демир Хисар за да ја овековечат магијата на пределот и духот на локалното население, а инспирирани од песната на Петре М. Андреевски „Можев да ти бидам“ – Пофалба на Демир Хисар.

Фотографите Томаш Бонхард, Јана Козакова, Роман Мацек, Ева Морицка, Алена Новакова, Шимон Пикоус, Габриела Рехакова и Франтишек Русек се предводени од нивната менторка Јана
Хунтерова, којашто престојуваше во Слоештица и во септември 2013  како официјален фотограф на работилницата што се одржа по повод 10 години од постоењето на „Арт поинт – Гумно“.

Дел од фотографиите ќе бидат изложени во домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар од 30 август до 7 септември во рамките на манифестацијата „Демир Хисар – град на културата, 2018“, а љубителите на уметничка фотографија од регионот ќе можат и лично да се сретнат со авторите на отворањето утре со почеток во 20 часот.

Бегството на Груевски

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Објавено пред

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО, пред новинарите рече дека во Унгарија бил на лекување за проблеми кои ги има со белите дробови, а не за да се види со поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој не сакаше да говори јавно, туку соопшти дека ги споделува информациите за јавноста да знае што се случувало.

„Бев да направам испитување. Две години имам намален капацитет на белите дробови. Досега никој не ме упати на лекување на Клиниката за уво, нос и грло. Се лекувам со пумпици…“, раскажа Трајковски.

Тој рече дека се лекувал на клиниката „Дуна медикал“. Покажа медицинска документација и сметки дека платил за здравствената услуга.

„Да бев еден чекор назад немаше да се знае дека сум во Унгарија“, рече Трајковски и додаде дека ќе го затвори боледувањето и ќе ја достави документацијата до институцијата каде што е вработен.

Претходно Трајковски, кој беше фотографиран со Груевски во Будимпешта, утрово при доаѓањето во Судот ги избегна новинарските екипи и не одговори на ниедно прашање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Објавено пред

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски, во предметот на СЈО, „Насилство во Центар“, констатира судијата Душан Јосифов на почетокот од денешното рочиште

Груевски доби адвокат по службена должност, Петар Димовски.

Адвокатот Димитар Дангов на минатото рочиште за предметот „Титаник“ рече дека се откажува и за овој предмет да го застапува Груевски.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Објавено пред

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или да го уапси Никола Груевски кога поминувал низ Србија.

Во разговорот за „Политика“, Ристовски укажа на фактот дека за Груевски во тоа време не била објавена меѓународна потерница.

„Колку што ми е мене познато, ниту еден официјален претставник од Владата на Република Македонија не упати критики за Србија, ниту побара објаснување за тоа зошто Груевски не бил уапсен“, рече Ристовски.

Во разговорот тој додава дека ниту една од соседните држави низ кои поминал Груевски, пред да биде објавена меѓународната потерница, не била должна, ниту, пак, смеела да го уапси за дела што се направени во Република Македонија.

„Не знам зошто тоа воопшто било предмет на дискусија“, додава заменик-министерот за правда.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски е осуден на две години казна затвор за случајот „Тенк“. Тој пред повеќе од еден месец избега од Македонија и експресно доби политички азил во Унгарија. Македонија не знае како и кога точно Груевски ја напуштил зејмава.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски4 минути

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО, пред новинарите рече дека во Унгарија...

Македонија8 минути

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски, во предметот на...

Бегството на Груевски21 минута

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или...

Европа1 час

(Видео) Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и, како што се наведува, „растечкото авторитарно владеење...

Европа2 часа

Премиерот на Франција за ,,Жолтите елеци”: Погрешивме, не ги слушавме доволно граѓаните

Премиерот на Франција, Едуар Филип, призна дека Владата не ги слушала доволно Французите и дека погрешила во управувањето на кризата...

Македонија2 часа

Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хотлајн-операторки

Првиот колектив на сексуални работници „Стар-стар“ во рамките на кампањата за одбележување на 17 Декември, Меѓународен ден за ,,стоп” на...

Свет14 часа

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

Најмалку 42 лица се повредени во експлозија и пожар во ресторан во јапонскиот град Саппоро.На местото на експлозијата веднаш пристигнаа...

Македонија15 часа

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото Изборно собрание на Либералдемократите, овој владин...

Македонија18 часа

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија19 часа

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија20 часа

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија21 час

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ1 ден

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион2 дена

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ2 дена

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија2 дена

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија2 дена

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“2 дена

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион2 дена

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Досие