Контакт

Македонија

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје бил заболен од коронавирус.

За овој пациент, министерството информираше денеска во редовното соопштение за дневната состојба со новодијагностицирани, починати и оздравени пациенти, со напомена дека за него се чекаат резултатите од тестирањето на Ковид-19.

Како што претходоно беше соопштено, се работи за пациент на возраст од 70 години од Куманово, кој имал хипертензија и срцева слабост, но резултатот за Ковид-19 тогаш сè уште не беше готов.

Истиот пристигнал попладнево и бил позитивен, а од Министерството за здравство истакнуваат дека овој смртен случај ќе биде евидентиран во утрешниот извештај.

 

 

Македонија

Независниот академски синдикат: Јанкуловски распиша избори за Сенатот спротивно на Статутот на УКИМ

Објавено пред

Независниот академски синдикат го обвини ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, дека распишал избори за Сенатот во спротивност со Статутот на УКИМ и уредбата на Владата и поднесе претставка до Државен просветен инспекторат.

„Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, повторно прави обид за манипулација на изборен процес и го прекршува Статутот на УКИМ. Овој пат, се работи за избор на новите членови на Сенатот на УКИМ – највисокиот орган на одлучување на Универзитетот. Поради ова, НАкС денеска достави претставка до Државниот просветен инспекторат, од кој очекуваме брза реакција“, се наведува во соопштението.

Од НАкС велат дека на 22 мај,ж е испратен допис до единиците на универзитетот со насоки да се изберат нови сенатори, најдоцна до 8 јуни. Со ова, додаваат од таму, е прекршен членот 155 од Статутот на УКИМ во кој е децидно наведено дека постапката за избор на сенатори треба да почне најмалку 60 дена пред истекот на мандатот на постојниот состав.

„Она што особено загрижува е фактот што на некои единици на УКИМ професорите и студентите, од страна на нивните декани и директори, сè уште не се ни известени дека треба да изберат нови сенатори во овој краток рок. Сосема е веројатно дека тоа се истите оние декани и директори кои немаа проблем да гласаат за оглас за избор на ректор во кој рокот за пријавување на кандидатите е само пет дена и кои не гледаат проблем во тоа да тече постапка за избор на ректор во вонредна состојба, кога не постојат основни услови за коректен и фер натпревар меѓу потенцијалните кандидати за ректор“, велат од Синдикатот.

Според НАкС, со отпочнувањето на постапката минатата недела и наложувајќи им на единиците да изберат сенатори најдоцна до 8 јуни, покрај тоа што го прекршува Статутот на УКИМ, ректорот Јанкуловски им го ускратува правото на кандидатите за сенатори да се претстават пред своите колеги, а на професорите и на студентите можноста во разумен рок да одлучат кои се нивните колеги што во идниот состав на Сенатот ќе работат во најдобар интерес на единицата, но и на целиот универзитет.

„Но, можеби целта и на оваа скратена постапка за избор на сенатори е сосема спротивната, односно ректорот Јанкуловски набрзина да си ја избере и својата идна гласачка машина. Имено, со оглед на фактот што ректорот Јанкуловски сметаше дека може да се почне постапка за спроведување избори за ректор во вонредна состојба и истата ја почна на крајот на март, нема никакво друго логично образложение зошто постапката за избор на сенатори не е почната најдоцна на 27 април, односно 60 дена пред истекот на мандатот на постојниот Сенат согласно Статутот на УКИМ. Дотолку повеќе што согласно Уредбата на Владата се продолжува мандатот на телата и органите на универзитетите за кои не е извршен избор за времетрање на вонредната состојба, а постапката за избор на нов состав треба да почне по завршувањето на вонредната состојба. Оваа уредба е донесена со цел да се заштити здравјето на академската заедница, но и да се задржат основните начела кои обезбедуваат разумни услови и рокови за избор на членовите на органите и телата на универзитетите“, пишува во соопштението.

Од НАкС го повикуваат Јанкуловски веднаш да ја поништи постапката за избор на сенатори и да поведе нова постапка, почитувајќи го минималниот рок од 60 дена за одржување на изборите, а до тогаш, согласно Уредбата на Владата, мандатот на Сенатот може да биде продолжен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со аудио доказ дека Шилегов и Начевски планираат купување на три нови џипа

Објавено пред

Лагата излегува на површина. Коста Начевски директор на Дрисла, поставен од Петре Шилегов брутално вчера ја излажа јавноста дека не планира купување на луксузен џип за своите потреби како директор, обвини Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Еве и доказ и признание за тоа. На он лајн седницата на совет на град Скопје претставникот испратен од Начевски и Дрисла, Дијана Велјаноска Живановиќ изјави: да се купуваат три џипа, од кој еден е за потребите на директорот” затворен цитат. Таа додава дека багери нема да се купат, но пари за џипови има.

Во прилог доставуваме и аудио снимка од нејзиното обраќање и признание во отворениот дел од седницата. Ова аудио снимка е доказ за ненормалната ситуација и забеганоста на Шилегов.

Лажовот Шилегов и манипулаторот Начевски се фатени во лага, и треба да и се извинат на јавноста.

Но она што е многу поважно, тоа е да ја стопираат одлуката за купување на џипови за луксузирање на Шилегов и Начевски.
Тоа не е потреба на која треба да се мисли во состојба кога државата е во економска криза. Наместо решавање на проблемите кадарот на Шилегов се фати за подновување со џипови“ додаваат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од утре може да се продолжуваат жителските кориснички договори во куќарките на ПОЦ

Објавено пред

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“- Скопје донесе нова интерна процедура за издавање договори за користење на јавното паркиралиште со наплата и издавање повластена паркинг-карта со цел да им овозможи на жителите побрз начин за вадење  кориснички договори и полесен пристап до услугите на претпријатието.

Од 2 јуни (вторник), жителите ќе можат 24/7 да склучат/продолжат кориснички договор на 7 локации на територија на општина Центар: куќарката на затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, куќарката на затвореното паркиралиште „Трготекстил“, куќарката на затвореното паркиралиште „Автомакедонија“, куќарката на затвореното паркиралиште „Палома бјанка“, депото на службата „Пајак“ и пунктот за наплата во катната гаража „Судска палата“. Седмата локација ќе биде на новото затворено паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец, кое ќе се отвори наскоро.

Потребни документи кои ќе треба да се достават при склучување  договор за користење повластена паркинг-карта за жител (ПКЖ) се: копија од лична карта и копија од сообраќајна дозвола; додека потребни документи за повластена паркинг-карта за жител со службено возило (ПКЖС) се: копија од лична карта, копија од сообраќајна дозвола, ППК 1 образец за користење службено возило за приватни цели, копија од М1/М2 образец и тековна состојба од деловен субјект не постара од 6 месеци.

Корисниците и понатаму преку новата веб-платформа ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг-карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман. Исто така, за секоја потребна информација корисниците ќе можат да се обратат во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на општина Центар на телефонскиот број 02 3212 488 секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија33 минути

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија42 минути

Спасовски се тестирал за коронавирус и чека препораки од епидемиолозите за изолација

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, утрово направил тестирање за коронавирус и ги чека резултатите, а во меѓувреме чека насоки и препораки...

Македонија58 минути

Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Македонија2 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија3 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија3 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија4 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија5 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија5 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет5 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет5 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет16 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија18 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија21 час

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт22 часа

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија22 часа

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Македонија23 часа

Арсовски: Несериозно и морбидно е да се зборува за избори на 5 јули

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно,...

Македонија23 часа

Најмногу новозаразени скопјани денеска има во Чаир и Бутел

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел. Имено, од Чаир...

Македонија24 часа

Потврдени 62 нови случаи на ковид 19, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 62 нови случаи на ковид-19, а починале 2 лица....

Македонија24 часа

Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Зекири информира дека позитивни на коронавирус...

Досие