Контакт

Македонија

Почина новинарот Тодор Пендаров

Објавено пред

Денеска, по подолго боледување, почина долгогодишниот новинар Тодор Пендаров.

Тој беше политички аналитичар, а работеше и како советник за односи со јавност во Собранието, како дел од кабинетот на спикерот Трајко Вељаноски.

Пендаровски имаше долга и успешна новинарска кариера, а редовно беше присутен во јавноста на ТВ-дебатите, анализирајќи ги темелно политичките случувања.

Тој неодамна го прележа коронавирусот, но неговата здравствена состојба се влошила поради низа други здравствени проблеми.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Триесет дена притвор за 21-годишникот кој возеше пијан и предизвика сообраќајка во Ново Лисиче

Објавено пред

Судот му одреди 30 дена притвор за 21-годишниот скопјанец, осомничен за сообраќајната несреќа во која животот го загуби возачот на другото возило, а со тешки повреди се здоби неговата 15-годишна ќерка. Т.М. возел под дејство на алкохол и со недозволена брзина, покажа истрагата.

„ На 26 јануари околу полноќ, осомничениот управувал автомобил ‘рено меган’ со скопски регистарски ознаки на булеарот Видое Смилевски Бато во Скопје, во насока од запад кон исток. Притоа не се придржувал кон сообраќајните прописи – со автомобилот управувал со брзина поголема од 50 километри на час, што е максимално дозволена во населено место, и под дејство на алкохол со концентрација од 0,57 промили алкохол во крвта. Кога се приближил до крстосницата со сервисна улица која води кон трговскиот центар ‘Лиса’, тој навлегол во крстосницата на вклучено црвено светло кое означувало забрана за минување во неговиот правец на движење.

Со предниот дел на возилото осомничениот удрил во страничниот лев дел на автомобил „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кој се движел од сервисната улица кон булеварот. При несреќата, возачот на автомобилот „фолксваген“ се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, а неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот, се здобила со тешки телесни повреди“, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не сработија ништо досега

Објавено пред

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, во првите месеци од мандатот не сработија ништо во интерес на граѓаните и општините, обвини денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што рече таа, граѓаните се сведоци само на прекинување на проекти, кршење на законите и партизација.

„Данела Арсовска е прв пример за неработа, за неправење ништо. Освен што се прогласи за ненадлежна за сè, прекинуваше проекти и нивелираше една шахта. Ништо друго не сработи во првите два и пол месеци од мандатот. Арсовска среде енергетска криза не одвои ниту денар за помош на скопјани и ги остави без парно, по што мораше Владата да презема мерки и да обезбеди парно за скопјани“, посочи партиската портпарлка.

Во продолжение, Кузеска се осврана на, како што кажа, неработата и на други градоначалници.

„Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, наместо да направи нешто за граѓаните, во време на криза потроши 6.000 евра за чоколадни бонбони, сокови и кроасани. Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, ќе остане запаметен само по тоа што ги прекрши законите и протоколите и го загрози здравјето на охриѓани. Бобан Стефковски, градоначалникот на Гази Баба, стопираше неколку капитални проекти од неговиот претходник, како училиштето ‘Кирил и Методиј’ во Стајковци. Буквално ништо не направи ниту градоначалникот на Бутел, ниту на Кисела Вода. Градоначалник на Прилеп не знаеме ниту дали има, ниту што работи“, истакна портпаролката на СДСМ додавајќи дека наместо проекти и решенија градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат потребите на граѓаните и го кочат развојот на општините.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Железници транспорт“: Штрајкот е незаконски, вработените редовно примаат плата

Објавено пред

Од „Железници транспорт“ соопштија дека штрајкот на машиновозачите е незаконски, бидејќи не бил организиран согласно законот за работни односи и колективниот договор на компанијата.

„Истиот не е предизвикан од социјален момент и условите за извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал кој има тримесечен просек на плата од 50.808 денари“, се вели во соопштението на компанијата во врска со штрајкот.

Оттаму додаваат велат дека во услови на пандемија и енормно зголемена цена на електричната енергија редовно се исплаќаат платите и надоместоците на вработените, а во изминатиот период се зголемени и нивните плати. Исто така најавуваат дека во следното соопштение ќе ги соопштат имињата на машиновозачите кои штрајкувале и кои возови не сообраќале во овие два дена додека трае штрајкот.

Машиновозачите втор ден штрајкуваат со барање да го добијат вториот дел од декемвриската плата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа2 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија4 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа4 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа5 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија18 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија18 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија21 час

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија21 час

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ22 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија23 часа

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет1 ден

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет1 ден

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Досие