Контакт

Македонија

Почина професорот Томе Груевски

Објавено пред

Професорот Томе Груевски, кој зад себе остави многубројни генерации новинари, синоќа почина по тешко боледување во Скопје, на 70-годишна возраст.

Томе Груевски е роден во Смилево, Битолско (1949), бил новинар и универзитетски професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста, прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија.

Дипломирал на Филолошкиот факултет (1972); магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (1989) и докторирал на Правниот факултет (1995) во Скопје.

Уште од средношколските години му се оддал на новинарството, во времето на студиите бил соработник, уредник и главен уредник на „Студентски збор“, а подоцна и директор на НИП „Студентски збор“. Покрај тоа, бил и главен уредник на списанието за општествена теорија и критика „Дијалог“. Бил соработник на емисиите „Бранови на младоста“ и „Студентски паралели“ на Радио Скопје, а потоа бил и соработник на Третата програма на Македонското радио.

Професор на Студиите по новинарство, медиуми и комуникации и односи со јавноста на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и професор на постдипломските студии на групата за комуникации при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Повеќе години беше професор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“, на Педагошкиот факултет во Битола и на Факултетот за јавна администрација, на сите степени на студии. Автор е на триесет и пет книги: учебници, научни трудови и студии од областа на историјата, теоријата на новинарството, комуникологијата и односите со јавноста, како и повеќе публицистички и новинарски трудови.

Членство во професионални и невладини организации и асоцијации: член на Претседателството на Универзитетската конференција на ССММ и претседател на Комисијата за информирање, во два мандата, (1978-1982); член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје; во два мандата; секретар на Здружението на новинарите на Македонија (1982, 1983 и 1984); потпретседател на Здружението на издавачите на Македонија (1985 -1987). Македонско научно друштво – Битола од 1997; член на Советот за радиодифузија на Република Македонија (2006-2013); претседател на „Студиорум“, Центар за регионални истражувања и соработка, Скопје.

Добиени награди и признанија: прва награда на Фестивалот на радиото на ЈРТ во Охрид, (1978) заедно со целата новинарска екипа за контактна емисија на програмата „Бранови на младоста“ на Радио Скопје; „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, од областа на публицистиката (1983); „Новинарско перо“ (1986), награда на Здружението на новинарите на Македонија; награда на издавачите и книжарите на Република Македонија (1999); награда „4 Ноември“ на град Битола (1999); награда на „Битолски весник“ – „Најуспешни битолчани“ (2007). Во 2018 беше прогласен и за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид. Во соработка со оваа установа д-р Груевски ги промовира двете книги посветени на охриѓанецот Константин С. Шахов, а на 18 март годинава д-р Груевски по покана на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Општина Охрид говореше на настанот „185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев“. Д-р Груевски беседеше на тема: „Журналистичката и публицистичката дејност на Кузман Шапкарев“. Најверојатно, за жал, тоа беше и неговото последно официјално појавување и обраќање во јавноста.

Објавени трудови: Јавното информирање во Македонија, Скопје, 1991; Системот на јавното информирање во Македонија, Скопје, 1992; Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје 1993 (со коавтор Боро Мокров); Современиот печат во Македонија (1944-1994), Скопје, 1995 (две изданија); Историја на новинарството, кн. 1 и 2, Скопје, 1999; Теорија на новинарството, Скопје, 2000; Комуникациите и културата, Скопје, 2004; Историја на новинарството, Скопје, 2005; Култура на говорната комуникација, Скопје, 2006; Односи со јавноста, Скопје, 2007 и 2011; Комуникологија, 2011; Комуникологија на масовни медиуми (2012), коавтор со д-р Зоран Костов; Комуникологија на жанрот, 2013; собрани дела „Комуникологија“ 2015, Коста С. Шахов – публицистика, кн 1. (2017), Константин С. Шахов -книжевност кн. 2 (2018). Томе Груевски е автор и на два аудиоучебника наменети за читатели со посебни потреби. Автор е на „Односи со јавноста“ и на учебникот „Историја на новинарството“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-Народна: Министрите редовно да ги плаќаат долговите кон фирмите

Објавено пред

ВМРО-Народна партија ги повикува министрите во Владата редовно да си ги плаќаат обврските и долговите кон фирмите, бидејќи на тој начин ќе овозможат базичниот принцип на економијата да не застане.

„Плаќањето на веќе договорените и извршените работи од страна на фирмите ќе овозможи фирмите да ги исплатат платите кон вработените и повторно преку плаќање на даноци да ги вратат парите назад во буџетот.

Во таа насока посебно го повикуваме министерството за финансии кое треба перманентно да ги координира министерствата и да врши дополнителен притисок за исплата на веќе пристигнатите обврски“, велат од ВМРО-НП.

Прикажи повеќе...

Македонија

Грција со честитка за приемот во НАТО

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Грција упати честитки за нашето членство во НАТО.

„Ѝ честитаме на Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-ти член на Алијансата“, се наведува во честитката упатена преку профилот на грчкото МНР на „Твитер“.

Од грчкото министерство додаваат дека очекуваат соработка со Северна Македонија во рамките на Алијансата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Објавено пред

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани кои се најдоа во странски земји се по највисоки здравствени стандарди.

Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се 1082 легла.

„Граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската. Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван. Нема ниту најмал простор за загриженост, а најмалку за паника, обезбедени се највисоки здравствени стандарди и протоколи“, велат од Владата.

Оттука нагласуваат дека сите мерки што се преземени, за утврдување на локацијата и објектите за карантин, се направени исклучиво согласно препораките на Светската здравствена организација и врз сериозни и стручни анализи и проценки.

„Во таа насока, целосно ја поддржуваме Општина Битола која повика на состојбата на солидарност, човечност, колективност какви што граѓаните на Битола секогаш покажувале. Наша заедничка мисија нека биде граѓаните сместени во објектот предвиден за државен карантин да ги поминат во мир 14-те денови во изолација, бидејќи тие не се таму по сопствена волја, туку исклучиво заради строгото спроведување на мерките кои се преземаат во нашата земја и во целиот свет за справување со пандемијата. Ова е време на солидарност. На секој граѓанин ќе му биде пружена соодветна помош од стручните здравствени работници. Тоа е одговорно однесување. Тоа е силен отпор против заканата“, велат од Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Македонија2 часа

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија2 часа

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија2 часа

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија18 часа

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија21 час

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија21 час

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија21 час

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Свет21 час

Како ќе заврши коронавирусот – руски епидемиолог објави три сценарија

Кинезите за сузбивање на коронавирусот презедоа мерки без преседан и организираа карантин каков што досега не е виден во историјата...

Македонија23 часа

Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека...

Македонија23 часа

Регистрирани 18 нови случаи на заразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив,...

Свет24 часа

(Видео) Британскиот премиер, Борис Џонсон, позитивен на коронавирус

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја...

Свет1 ден

Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

Од 3 до 10 проценти од пациентите со Ковид-19 повторно биле позитивни на коронавирусот откако биле излекувани и отпуштени од...

Свет1 ден

Вчерашниот ден најсмртоносен од почетокот на пандемијата

Бројот на заразени со коронавирусот во 202 земји и територии ширум светот вчера надмина половина милион, при што САД ја...

Свет1 ден

Во САД најмногу заболени од коронавирус во светот

Во САД бројот на потврдени случаи на коронавирус се искачи на 85.612, што е најголем број отколку во која било...

Свет1 ден

Во Италија за 24 часа починале 712 лица, голем пораст на новозаболени со коронавирус

Италијанскиот северен регион Пијемонт соопшти дека 50 лица во тој регион починале од коронавирус во изминатите 24 часа, број кој...

Свет1 ден

Јужна Кореја: 96-годишна жена е најстарата пациентка во земјата излекувана од коронавирус

Деведесет и шестгодишна жена во Јужна Кореја стана најстариот пациент во земјата што целосно закрепна од новиот коронавирус, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

Европските лидери ја потврдија одлуката за отворање преговори со Скопје и Тирана

Европските лидери синоќа ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија, објави министерот за надворешни работи,...

Свет2 дена

Бројката на заразени од коронавирус во светот надмина половина милион

Повеќе од половина милион случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во светот до денеска. Според Worldometers.com, до објавувањето на...

Свет2 дена

Најстариот пациент во Италија го победи коронавирусот

Еден од најстарите пациенти во Италија заразен со коронавирус, маж на возраст од 101 година, се излекува од вирусот, објавија...

Досие