Контакт

Македонија

Почна вакцинацијата против сезонскиот грип

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека од денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип. Граѓаните можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар.

Денеска вакцинација започнува во здравствените домови во Скопје, Велес, Неготино и општата болница во Кавадарци; утре во здравствените домови во Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод и Ростуше и Општа болница со проширена дејност Дебар; во четврток во здравствените домови во Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип и Валандово и во Општа болница со проширена дејност Гевгелија, додека во петок во здравствените домови во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Берово, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево и Кочани.

Оваа година, за бесплатно вакцинирање се набавени 40.000 дози вакцини против сезонски грип, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона.

„Секоја година интересот за вакцинирање против сезонски грип е сѐ поголем, особено кај хронично болните и постарите лица кои поради позитивното искуство од претходните години, редовно се вакцинираат. Министерството за здравство потсетува дека најефективниот начин за спречување на болеста и нејзините тешки форми е имунизацијата, особено во период кога се соочуваме со пандемијата со коронавирусот“, се наведува во соопштението.

Македонија

(Видео) Арсовски: Продолжуваат контактите со Бугарија, и двете страни се за изнаоѓање решенија

Објавено пред

На прашање за актуелните разговори со Бугарија, портпаролот  на Владата, Душко Арсовски повтори дека нема нов договор и дека Владата е подготвена да ги дообјасни прашањата што побудуваат определена загриженост во Софија, но дека никој нема право да преговара за идентитетот и за јазикот.

„Контактите и размената на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек. Двете страни се вложени во изнаоѓање решение. И за Северна Македонија и за Бугарија е особено важно да продолжи европската интеграција на регионот. Оттука, со оптимизам гледаме на можните решенија кои во исто време ќе ја обезбедат нашата европска иднина со целосно почитување на македонскиот идентитет“, потенцираше Арсовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата не се откажува од ветингот во судството

Објавено пред

Портпаролoт на Владата, Душко Арсовски oдговарајќи на новинарско прашање за ветингот во судството, информираше дека министерот за правда во првите 100 дена од мандатот ќе излезе со план за овој процес.Арсовски истакна дека државата не може да ја направи оваа филтрација, туку процесот треба да го спроведат и завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

„Државата може само да даде временска рамка и начин како тоа да се направи. Според информациите што ги имаме од 2019-2020 само судскиот совет разреши 8 судии. Оваа година, се почнати постапки за 83-ца за застареност на предмети, несоодветно постапување и слично. Мора да се напомене дека целиот процес изгуби на интензитет поради пандемијата“, нагласи Арсовски и посочи дека Владата не се откажува од овој процес зашто тоа е ветено пред граѓаните и ќе се оствари.

Тој дополни дека како дел од овој процес е проверката на имотот на судиите, а во кој е вклучена Државната комисија за спречување на корупцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Објавено пред

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС.

„Одредивме заедничка прослава за историските личности од средниот век, од Цар Самоил назад – од Кирил и Методиј, од Климент и Наум, имаме протоколи. Верувам дека двете земји се подготвени да ги објават, затоа што мора да ги вклучиме во учебниците. Бидејќи новите генерации не ја знаат целата оваа реалност, таа мора да не обединува. И во Северна Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин. Треба да го смениме тоа. Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата, каде што беше напишано „бугарски фашистички окупатор“. Тоа не е така – Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател“, рече Заев.

Говорејќи за историскиот период од Втората светска војна, Заев вели дека имало некоја администрација во тој момент, но потоа Бугарија се покренала заедно со антифашистите, борејќи се за слободата и демократијата.

„Бугарските и македонските трупи ослободија територии – Крива Паланка, Куманово, скопскиот регион. И ова е добар дел од нашата историја, што нè прави уште пообединети. Ви ги потенцирам историските факти на кои мора да работиме во иднина, бидејќи минатото не ни ја даде оваа можност. Сега мора да покажеме здрав разум за новите генерации, да го смениме сето ова во духот на големото пријателство што го имаме, што гарантира уште подобра соработка во иднина“, нагласи Заев.

Тој верува дека Југославија ги држела Македонија и Бугарија поделени. Вели дека задолжение е на сите граѓани, а најмногу на политичарите, да ги зближат народите кои долги години биле држени оддалечени еден од друг.

„Различни власти, посебно во времето на бивша Југославија. Но, ние треба да бидеме заедно, затоа што сме први соседи“, додаде Заев.

Премиерот вели дека Бугарија е првата земја што ја признала нашата независност и држава, а признавајќи го суверенитетот и државата, таа категорично го признала нашето право на самоопределување.

„Значи, тука нема сомнеж – дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Тоа е факт. На крајот на краиштата, тоа е чувство, правилно е. Секој може да се дефинира како што сака, како што се чувствува. Вие знаете дека имаме многу националности, покрај Македонците – Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, Роми, имаме и Бугари кои живеат во земјата. Тие се наши граѓани и се добар мост за соработка меѓу двете земји и верувам дека во иднина она што треба да го разјасниме пред сè е тој историски момент, но низ призмата на пријателството“, вели Заев.

Тој понатаму кажа дека ние имаме заедничка историја, а Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, па затоа неговото дејствување треба да не обиднува како народи.

„Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да ја градиме иднината“, заклучи Заев во интервјуто за БГНЕС.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за бугарската новинска...

Свет32 минути

Двајца повредени со нож во Швајцарија, се утврдува дали е терористички напад

Две лица се повредени, а едно лице е уапсено во можен терористички напад во стоковна куќа во Швајцарија, пренесува швајцарски...

Македонија3 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура4 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа4 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет5 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија5 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија5 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион5 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа6 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет6 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет6 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет7 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет7 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет7 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија19 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет20 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет20 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија20 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа20 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Досие