Контакт

Македонија

Почна реконструкцијата на стационарот „Вардариште“

Објавено пред

Во стационарот „Вардариште“ почнаа градежните активности на двата објекта со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи. Од Град Скопје соопштија дека тие ќе бидат комплетно заменети со нови по современи стандарди во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни што ќе бидат дел од новата програма.

„Со денешните активности ќе се ослободи простор за слободен, непречен влез и функционирање на градежната механизација во согласност со проектната документација за реконструкција, санација и адаптација“, велат од Град Скопје.

Досега со стационарот „Вардариште“ стопанисуваше ЈП „Комунална хигиена“, а сега за заловените уличните животни ќе се грижи новоформираното претпријатије „Лајка“, кое, според најавите од Град Скопје, ќе има целосно нов концепт и пристап кон решавањето на проблемот со уличните животни и нивниот третман и благосостојба.

Македонија

МВР: Не е вистина дека Бојан Јовановски користел обезбедување од министерството

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи го демантира директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски во врска со изјавата дека Бојан Јовановски имал службено обезбедување од МВР поради добиени закани по емитување на емисијата „Инсајдер“.

„Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации“, велат од МВР во демантот.

Прикажи повеќе...

Македонија

На Табановце се чека околу половина час за влез во земјава

Објавено пред

На Граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 30 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Неприфаќањето на предлогот за Рускоска е алиби на Мицкоски за неприфаќање на новиот закон

Објавено пред

Зад наводното неприфаќање обвинителката Рускоска да продолжи да го води Јавното обвинителство се крие само уште едно алиби на ВМРО-ДПМНЕ за неприфаќање на новиот предлог закон, велат од СДСМ преку соопштение, коментирајќи го ставот на опозицијата.

Од владејачката партија сметаат дека единствената цел на Христијан Мицкоски е да го брани криминалот на Никола Груевски.

„Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи предлагаа спојување на СЈО во ОЈО. Во ниту еден амандман не се бараше прекин на мандатот на обвинителката Рускоска, односно, како што е и со сегашниот предлог, да продолжи да ја врши функцијата. Тоа што не им сметало сега одеднаш им смета, со што се потврдува дека само бараат алиби за неприфаќање на законското решение“, велат од СДСМ.

Додаваат дека обивнителите ги бира Советот на јавни обвинители, а предлог-законот предвидува спојување и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката којашто веќе ја извршува оваа функција.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Топ4 часа

Маж почина во сообраќајка кај Радовиш

Триесет и тригодишен маж од радовишко починал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Струмица-Радовиш. Тој удрил во патничко...

Македонија4 часа

Заев: Мицотакис е политичар кој размислува за доброто на неговата земја и соседите

Мицотакис е искусен политичар кој секако размислува за доброто на неговата земја и неговите соседи, како и на целиот балкански...

Македонија4 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија5 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија8 часа

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет8 часа

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет9 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија9 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет10 часа

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет23 часа

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет24 часа

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија1 ден

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија1 ден

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија1 ден

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија1 ден

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија1 ден

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион1 ден

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија1 ден

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Досие