Контакт

Македонија

Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово

Објавено пред

Во населбата Острово во општина Аеродром почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики. Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5.500 м2.

Во рамките на овој простор се предвидени пешачки патеки со павер-елементи, детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана.

Со изградбата на овој парк ќе се збогати зеленилото во општината, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на живеење на жителите од сите генерации.

Македонија

Алијанса/Алтернатива: ДУИ го злоупотребува училиштето во Мала Речица за време на кампања

Објавено пред

„ДУИ во која било форма се обидува да ги злоупотреби своите овластувања и службени позиции за политички цели. И покрај изборната кампања, ДУИ не престана да ги злоупотребува инструментите на власта, промовирајќи проекти за време на избори.Ова се случи денес, каде машинеријата на компанијата која го доби тендерот за изградба на основното училиште во Мала Речица, оставајќи впечаток дека се започнати работите за изградба на основното училиште“, соопшти коалицијата Коалицијата Алијанса за Албанците /Алтернатива.

Според нив, иако ова училиште веќе 20 години се ветува од ДУИ, за истата никогаш не започнаа, ниту завршија изградбите.

„Најголем и нај непростлив срам е кога, само две недели пред изборите, ДУИ ги принудува договорните фирми кои го добија тендерот да дефилираат на местото на изградбата, наводно дека започнале со работа. Ја потсетуваме јавноста дека секое вакво дејствување во предизборната кампања каде што јавните ресурси се злоупотребени за изборни цели, претставува кривично дело според член 353 од Кривичниот законик, првиот член во Поглавје 13.

Изборниот законик е многу јасен кога се вели дека од денот на одлуката за одржување избори до денот на нивното завршување, парите не можат да бидат распределени од буџетот на Северна Македонија, во општините каде што се дел и јавните објекти, во овој случај училиштата.Ги покануваме надлежните тела, како што се Антикорупциската комисија, но и Управниот суд кој е надлежен за изборите да реагираат доколку постои правна основа за злоупотреба на јавните ресурси за изборни цели, но и за злоупотреба на службените позиции за време на изборите. Бараме и политичка одговорност од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, но и министерот за образование Арбр Адеми (кој е носител на листата за пратеник од ДУИ) да се изјасни за предметниот случај затоа што ова прашање спаѓа во нивна надлежност“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Чулев: Полицајците треба да постапуваат неселективно во случај на кривични дела против изборите и гласањето

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска ги посети Единиците за внатрешни работи Ѓорче Петров и Чаир, при што оствари работни состаноци со раководствата на двете одделенија за внатрешни работи. Во фокусот на двете средби, пред сè, беа темите поврзани со организирањето на претстојните парламентарни избори, како и запознавање со безбедносната состојба на подрачјето кое го покриваат и работните прилики и условите во полициските станици.

Во таа насока, министерот Чулев истакна дека е потребно полициските службеници да постапуваат максимално професионално и неселективно во секој случај каде што постојат елементи на кривични дела против изборите и гласањето, без разлика на политичката припадност на оние кои ќе го прекршат законот, имајќи предвид дека овие избори се од големо значење за европската перспектива на земјата. Бескомпромисната борба против сите видови на изборни нерегуларности ќе ја потврди одлучноста на нашата земја да ги исполни сите стандарди кои се потребни за отпочнување на преговорите за влез во ЕУ, нагласи Чулев.

На средбите беше констатирано дека безбедносната состојба на двете подрачја е добра и во изминатиот период не се евидентирани потешки кривични дела, освен случајот во Ѓорче Петров каде што беше фрлена експлозивна направа на трговски објекти, кој е сопственост на родителите на носител на листа од една политичка партија.

Министерот Чулев упати апел до раководствата на двете полициските одделенија за  сериозно и професионално да пристапат кон организација на претстојните избори.  Евентуални изборни нерегуларности ќе бидат директен удар кон угледот, пред сè, на полицијата, а потоа и на државата, потенцираше Чулев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Муцунски: Датум за преговори со ЕУ сè уште нема, СДСМ создава еуфорија од минимален чекор

Објавено пред

Секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, денеска го поздрави чинот на упатување на Предлог/преговарачката рамка од Европската комисија до Европскиот Совет, но исто така рече и дека ова не значи оти земјата има добиено датум за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија.

„Тоа што денес СДСМ го престави како вонреден успех е сепак само ПРЕДЛОГ текст за преговарачка рамка, текст кој ќе биде доставен до сите земји членки на Европската Унија и за кој тие треба да се произнесат, да дадат забелешки и на крајот со консензус да го одобрат“, објасни претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласи дека за финално одобрување ќе биде потребен консензус, односно потврда од сите земји членки, вклучувајќи ги и нашите соседи.

„Лажна вест е фактот дека македонскиот јазик станал официјален јазик на Европската Унија. Тоа ќе се случи токму во моментот кога нашата земја ќе стане полноправна земја членка на ЕУ“, кажа Муцунски кој алудираше дека со оглед на ставовите на соседите овој предлог текст за преговарачката рамка не е воопшто причина за голема прослава.

Тој оцени дека обидите на СДСМ да се создава еуфорија од секој минимален чекор веќе станале фолклор.

„Повеќе од очигледна е потребата на СДСМ како и пред сите избори да создава лажна еуфорија“, кажа секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија4 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија5 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет6 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет6 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија6 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет6 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија6 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет6 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет7 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет7 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет18 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие