Контакт

Македонија

Почнува исплатата на првите оштетени осигуреници, директорот на ПИОМ не чувствува одговорност

Објавено пред

Почна првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пензиски столб, информира министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Таа вели дека со првата уплата се опфатени 4.926 осигуреници и таа треба да заврши до крајот на месецот. Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните месеци и треба да завршат до средината на годината, со што сите 12 илјади осигуреници ќе бидат целосно обесштетени. За оваа намена обезбедени се 19 милиони евра од буџетот. Во согласност со новата законска регулатива, исто така во тек е трансферот на 11.319 членови од вторите кон првите друштва.

 

„Засега реформата тече според предвидената динамика, без никакви тешкотии при спроведувањето. Во измината година докажавме дека пензиите растат и тоа ќе биде случај и оваа година. Пензионерите може да бидат апсолутно спокојни. Реформата што ја правиме е балансирана, до неа дојдовме преку темелни анализи грижејќи се да не оштетиме никого. Со неа го намалуваме дефицитот во ПИОМ за две милијарди годишно, но без радикални мерки, како замрзнување пензии или покачување на старосната граница“, изјави министерката Царовска по состанокот со директорите на ПИОМ, МАПАС и приватните пензиски друштва.

Министерството за труд и социјална политика, вчера, до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против непознат сторител за скандалот со неуплатените придонеси. Со кривичната пријава е поднесена и документација од темелната анализа на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Шаип Зенељи, на денешната прес-конференција рече дека не чувствува лична одговорност за фактот што на 12.000 осигуреници придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од ПИОМ не бил префрлан кон вториот пензиски столб.

„Парите не се излезени од ПИОМ, тие се употребени за целите на ПИОМ. Сметаме дека до ова дошло поради честите законски измени и сложениот систем за собирање и обработка на податоците. Станува збор за системска грешка и ќе соработуваме со надлежните за расчистување на случајот“, рече тој додавајќи дека во ПИОМ ќе се формира посебно одделение што ќе се грижи за соодветно префрлање на осигурениците во вториот столб и навремено префрлање на средствата од придонесите кон пензиските друштва.

Аферата со пензиите Царовска ја обелодени пред неколку дена велејќи дека од 2007 до 2018 година на повеќе од 12.000 осигуреници не им биле уплатувани пари во вториот пензиски фонд. Според законот, 6 отсто од бруто-платата на осигурениците треба да се уплати во вториот пензински фонд. Наместо ова, парите, во случајов сума од 19 милиони евра, останале во државниот пензински фонд и не биле уплатени во приватните пензиски друштва, а на овој начин директно им се скратува правото на овие луѓе да остварат пензија во целост.

Најново

Свет3 часа

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет4 часа

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион4 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија5 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника5 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава5 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника5 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава5 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт6 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...