Контакт

Македонија

Почнува учебната година

Објавено пред

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до трето одделение, но и во повисоките одделенија во речиси 600 основни и средни училишта, кои поднеле барања за ваков тип настава и добија одобрение од надлежните. Сите преостанати ученици наставата ќе ја следат онлајн.

Учениците што немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование, часовите ќе може да ги следат на Македонската радио-телевизија, на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни сегменти за секој наставен час.

Настава на телевизија – видете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение! Едукативните содржини…

Posted by Мила Царовска on Wednesday, September 30, 2020

Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот по утврден распоред за секое одделение, подготвен од Бирото за развој на образованието.

„Оваа година е поинаква од други. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат“, напиша министерката заобразование, Мила Царовска, на „Фејсбук“.

Според анализите на МОН, околу 40.000 деца немаат соодветни ИТ-уреди.

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат комбинирана настава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Шахпаска: Со Договорот за грант за доградба на градинка, Гостивар го проширува капацитетот за 100 деца

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска потпиша Договор за грант со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, согласно проектот за изградба на нови, надградба или адаптација на постоечките објекти за згрижување и воспитување на деца на предучилишна возраст во општините.

Договорот за грант со општина Гостивар се однесува за доградба на објект со површина од 519 м2, со што заедно со постоечкиот објект на градинка би добиле една целина во вкупна површина од 1658 м2. Максималниот капацитет на оваа градинка во новопроектираниот објект е до 100 деца.

„ Министерството за труд и социјална политика обезбеди 30 милиони денари за доградба на градинката „Детска радост“ објектот „Цветови“. Ова говори за нашата посветеност како Влада и како Министерство на она кое што претставува и програмска определба за зголемување на капацитетите за сместување на деца од претшколска возраст,“истакна Шахпаска.

Таа го посочи како особено важен правилниот развој на децата во најраната возраст, за уште поуспешен понатамошен влез во образовниот систем и нивна изградба во квалитетни граѓани во нашето општество.

„ Како дел од владината програма е и зголемувањето на процентот на опфат на деца во предучилишните установи на 60 отсто,односно дополнителни 7500 деца во градинките до крајот на мандатот,“истакна министерката Шахпсака.

Таа додаде дека до крајот на годината планирано е отворање на нови седум градинки за прием на нови 460 деца во општините Ресен, Сарај,Куманово, Босилово, Брвеница, Лозово и Боговиње со единствена цел зголемување на опфатот на деца во предучилишното образование преку изградба, доградба и пренамена на објекти за згрижување на деца во предучилишна возраст.

Од страна на градоначалникот Таравари беше посочена одличната соработка со Министерството за труд и социјална политика , а за тоа говори фактот дека ова е петта градинка која се гради за изминатите 3 години. Тој додаде дека ако претходно имало по 350 деца на листа на чекање за прием во градинка, сега доколку не е пандемијата и Протоколот таа бројка би била целлосно пополнета .

Двете страни изразија подготвеност за понатамошна соработка во рамки на нивните ресорни надлежности.

Прикажи повеќе...

Македонија

Онлајн-состанок на Заев со Вучиќ и Рама

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев ќе има состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Од Владата соопштија дека денеска во 15 часот Заев ќе одржи трилатерална средба со своите колеги од регионот: претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Република Албанија, Еди Рама, во рамките на иницијативата за напредна регионална соработка.

Состанокот ќе се одржи преку видеоконференција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Затворен кафе-барот „Интермецо“

Објавено пред

Познатиот кафе-бар „Интермецо“ во Скопје е затворен поради бучава, на која континуирано се жалеле жители на општина Центар.

Во согласност со Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар донесе решение во кое на правниот субјект „Фор фингерс“ ДОО подружница бр. 1 „Интермецо“ – Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена.

По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на општина Центар, констатирано е дека локалот и правен субјект „Интермецо“ ги надминал пропишаните гранични вредности на емисионото право на бучава. Со оглед на горенаведеното правно лице, за кое веќе му е изречена глоба во износ од 6.000 евра, и поради повторно непочитување на законските одредби, на кафе-барот „Интермецо“ му се изрекува забрана за вршење дејност. Апелираме до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за дозволеното ниво на децибели“, соопшти Општина Центар.

Оттаму велат дека ќе продолжат со редовни и засилени контроли и во согласност со своите надлежности, ќе преземат поригорозни мерки за санкционирање на сите правни лица – угостителски објекти, кои нема да ги почитуваат законските прописи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија2 часа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион3 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија3 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно4 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа4 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа5 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа5 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет17 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија18 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија19 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет20 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија22 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија23 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија23 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија1 ден

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија1 ден

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија1 ден

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет1 ден

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија1 ден

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Досие